Верување во Бог

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А можеби некои форумски членови живеат на Хаити?
th_template-philosoraptor.jpg
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ова као мислиш со Грим Рипер први комшии сте си и секој ден на кавенце си одите. Шта речи на муабетов што го направи. Преголемо искуство со смртта, ме убеди готово.
Ова како уопште не разбираш што ти зборува човек... по се изгледа филм ти е да се мајтапиш... ОК, нека биде така

Јас никој је убедувам... тебе изгледа секој муабет на форумов ти е дека некој тебе нешто или ти продава или те убедува ако ти не се сложуваш со муабетот ... :)
Полека...
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Колку тоа Богови постојат?(think)
Многу... некои познати некои непознати... :)
Еден,иако ниту тоа како израз и бројчана вредност не го објаснува,повеќе е како празно,нула,непостои.
Отпосле настануваат повеќе вариации искажани преку зборови.

Зборовите се моќна алатка за создавање богови.
Разликите се јавуваат во различните искажувања,различните приказни кој имаат цел да ја опишат силата,суровоста од една страна и љубовта,милоста од друга страна,за некој бог,што всушност произлегува од тоа едно,односно тоа празно.

Во немоќ човек да си го објасни своето постоење,поставувајќи си го вечното прашање " кој сум јас " завзема страна за некој бог искажан преку зборови,идентификувајќи се со истиот,при што ако предходно зборовите беа тие што објаснуваат постоење на некаков бог,сега истите тие зборови оживуваат преку човекот, со што човекот се става во улога во застапување за својот бог,спремен да убие или жртвува за него.

Празното се појави и почна да дели.:(
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Лошо е кога човек преку верување се идентификува со божество...
Полошо е кога човек се става во улога на застапување на било кој концепт на бог преку верување.
Најлошо е што е спремен и да убие во името на тој божествен концепт...

Верувањето мора да се надмине - или да се спознае божественото и да се молчи или да се отфрлат боговите бидејќи поединецот не успеал да има тет а тет искуство со истите :)

П.С. Некои религии немаат начини по се изгледа да овозможат поединецот да има искуство, па верувањето е максимумот.
 
Така е,но тука не застана лудилото на постоењето на боженства,ако едни викаа дека сите луѓе се синови божји,на други не им беше доволно тоа па заминаа на небото и ѕвезди се сторија,мислеќи дека го надминале концептот за бог,односно истиот го разбрале како функционира.:(
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Така е,но тука не застана лудилото на постоењето на боженства,ако едни викаа дека сите луѓе се синови божји,на други не им беше доволно тоа па заминаа на небото и ѕвезди се сторија,мислеќи дека го надминале концептот за бог,односно истиот го разбрале како функционира.:(
Ако си син божји ти си бог и дел од бог. Според некоја моја логика и знаење...
И да, мораш да ги надминеш и самите ѕвезди ако тоа го бара твојата суштина...
Ако не го бара, немаш потреба да ги осудуваш оние кои имаат таков порив да се вивнат кон бесконечното... :)

Синовите божји кои прифатија туѓи закони без да ги разберат - останаа на земјата бидејќи се задоволија со вера, но не и со искуство и знаење...
И тука се рашири лудилот на верата и нејзината моќ над се...
Но моќта слабее денес...

П.С. Изгледа на боговите им требаат луѓе ! :)
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Да,ништо не менува во поимот ако бог е на земјата,а луѓето се синови божји,од тоа дека божестата се универзумот,а луѓето се ѕвезди.Тоа го потенцирав предходно,дека се работи за исто само искажано на различен начин.Се потекнува од таа празнина каде истото се објаснува со збор.

А зборот е толку несовршен за пренесување информација,што допринесува за раличностите во неговото сваќање,а отука и поделбите во верувањата.
Сепак,и покажувањето кон месечината погледот застанува на прстот,а не кон што тој покажува.:(

п.с.Ниту боговите се тоа што мислат луѓето дека се,само без нив ниту човек ќе знае што е Човек.