Дали Бог е незаинтересиран и бесчувствителен?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Наместо однапред да ни ја одреди судбината, Бог ни дал прекрасен дар — слободна волја, односно способност сами да донесуваме одлуки.
  • Бог ги создал луѓето според својот лик (1. Мојсеева 1:26). За разлика од животните, кои се водат според своите инстинкти, ние сме слични на нашиот Творец во таа смисла што можеме да ги покажуваме неговите особини, како што се љубовта и правдата. Освен тоа, исто како Бог, и ние имаме слободна волја. Во голема мера, сами си ја одредуваме иднината. Библијата нѐ поттикнува да го ,избереме животот, така што ќе го слушаме Божјиот глас‘, односно ќе ги слушаме неговите заповеди (5. Мојсеева 30:19, 20). Ова би било бесмислено, па дури и сурово, кога би немале слободна волја. Бог не нѐ присилува да го слушаме, туку љубезно ни вели: „О, да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река“ (Исаија 48:18).
    • Судбината не е одговорна за она што ни се случува во животот. Ако сакаме да успееме во нешто, мораме да вложиме труд. Во Библијата пишува: „Сѐ што ќе ти дојде до рака да правиш, прави го со сета своја сила“ (Проповедник 9:10). Исто така, во неа пишува дека „замислите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист“ (Изреки 21:5).
    • Слободната волја навистина е скапоцен дар од Бог. Само со неа можеме да го сакаме Бог со „сето свое срце“ без да сме присилени на тоа (Матеј 22:37)

Мораше да се појави слободната воља, омилената акробација на теолозите во обидот да се помири контрадикцијата на Бог кој е љубов и постоење на зло.
Не се надевам на некој логичен и концизен одговор но да си прашам...како може да постои слободна воља во предетерминиран свет, створен од семоќен и сезнаен ентитет? Не знае Бог како Митре од Ресен ќе постапи во одредена ситуација?!

Судбината не е одговорна за она што ни се случува во животот. Ако сакаме да успееме во нешто, мораме да вложиме труд

Значи семоќниот Бог (кој е љубов) ги остава своите чеда (кои ги сака) да се снаоѓаат како знаат и умеат?!
Зошто тогаш некои деца ре раѓаат во тешка сиротиња и ќе умрат мали, некои се раѓаат со синдроми, некои во земји каде беснеат војни и епидемии, некои се раѓаат ретардирани итн. Веројатно сето тоа е од љубов... Или тоа ради слободна воља на фетусот се десило....

Мислам тотално е ретардирано да се верува во семоќно, сезнајно битие (кое е љубов) и слободна воља истовремено.
Зошто некое детенце се раѓа во Швајцарија, со родители кои земаат заедно 10К франци месечно и кое ќе си расте фино и лесно, а некое во Конго, со родители скапани од умор и глад и кое ќе цркне од маларија?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133

Правилата и законите на нашето општество не зависат од бог, како и материјалната состојба на секој од нас и навистина е смешно кога некој се обидува сето тоа да го препише на бог. Можеби човекот не може да го прифати фактот дека тој самиот си ја уништува сопствената раса, а и воопшто не е чудно таквото однесување. Понекогаш нас не запрепастува тоа чувство на одговорност да мораме да ги спасиме лугето на нашата планета, да бидеме постојано со нив, да ги поправаме, да учествуваме и сочуствуваме со нивните драми... Ако навистина ги сакаме лугето околу себе нема да се обидуваме да ги поправаме дури и кога мислиме дека е за нивно добро. Таа потреба да ги поправаме лугето е еден од најдобрите его трипови. Дали е навистина можно еден ентитет да може да поправи друг. Значи ли тоа дека бог може или веќе не поправил сите нас? Не би рекла.
Нашата потреба да ги контролираме луѓето потекнува од тоа што нивното однесување ни смета на нас самите, во суштина нас и не не интересира дали тие самите си нанесуваат штета. Ја чувствуваме таа потреба затоа што не го разбираме бог и начинот на кој тој самиот се еплементира. Не разбираме дека не е наша работа да ја менуваме свеста на другите луѓе. Тоа е работа на универзумот.
Не веруваме дека бог е толку моќен и исполнет со љубов и не веруваме дека се што е околу нас е во ред и баш такво какво што треба да биде.
Акцентирањето на грешката не ја поправа истата. Грешки не постојат, постојат само различни перцепции.
Ако на нашата планета умираат недолжни и невини деца и доколку нас не боли самиот тој факт, најлесно ни е да ја префрлиме вината. Најчесто виновникот е бог. Тоа го правиме за да донекаде ја задоволиме потребата на нашето его да не дистанцира од ``виновникот``.
Тоа го правиме за да се ослободиме од неоправданата одговорност која егото ни ја наметнува а воедно и да ја оправдаме потребата за контрола над другите.
Тоа го правиме од причина што потајно сме и донекаде свесни дека нема да успееме во мислијата наречена ``поправање на туѓите умови``, а од друга страна имаме представа дека бог ја има таа должност. Затоа вината ја префрламе нему.
Но!
Бог не е загуба. Бог не е борба. Тој нема его кое може да се навреди кога нешто не му е по волја.Не може да им се лути на лугето. Не е нестрплив...
Бог не е човек, ниту животно, не е ниту машко, ниту женско, ниту без пол...
Бог е принцип ослободен од его и персонално влијание. Бог е принцип на непроменлива љубов и креативност и самиот е извор на сето тоа. Поради тоа што е принцип тој не може да биде навреден и никако не може да ја одземе неограничената радост на сето она што го створил, вклучувајки не и нас самите.
Кога се обидуваме да го опишеме бог мора да се подпираме на концептите а не на оние клишеа кои ни сами не ги разбираме. Навикнати сме да со помош на науката, образованието и истражувањата објасниме се, тоа не важи и кога е бог во прашање.
Бог е љубов, Бог е се. тој е омнипотентен, сеприсутен, тој е безусловна љубов и ниту еден наш ``грев`` никогаш не е ниту ке биде предмет на осуда.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Ако е сезнаен и семоќен тогаш нели е предетерминирано некој да направи грев? Пример Петко го убива Стојче, Бог знаел дека Петко ќе го убие Стојче уште пред Петко да постои, тогаш која е смислата да го казнува?
 
Го гледам напишаново и се чудам...
Како што кажав пак се враќаме на истото.
Ако Бог е семоќен и љубов тогаш нема да дозволи зло и страдање. Од тоа следи дека ако е семоќен а истовремено дозволува зло и страдање тогаш не е љубов. Ако е љубов ама не може да го спречи злото и страдањето (нели, чоечката воља е појака од божјата семоќност) тогаш не е семоќен.
Парадоски и контрадикции кои паѓаат на наједноставна логика.

(facepalm)
Ајмо опет. Бог е семоќен и Бог е љубов ама остава новороденчиња, бебиња и дечиња да умираат во најгрозни маки.
1.Бог е љубов но не може да ги спаси бидејќи не е семоќен, т.е. не е помоќен од вољата на својата креација (се надевам конечно ја гледаш контрадикцијата)
2.Бог е семоќен ама не е љубов туку е индиферентен т.е. нема позитивни или негативни атрибути или некој посебен однос кон своите креации.

1.Ако Бог е креатор на универзумот тогаш е семоќен by all means.
2.Ако креаторот на универзумот има релација кон своите творби и таа релација е љубов - тогаш нема да ги остави да страдаат.

Нема трето.

Бог е принцип ослободен од его и персонално влијание.

Гледам дека си ја спознала божјата природа, веројатно си пророк нешто ова она :D ама не е важно

Се плашам дека ти бега концептот на семоќност во муабетот...не сакам да звучам грубо или неумесно ама ова е толку едноставно што не знам каде е проблемот да се сфати контрадикцијата и логичкиот фејл.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ако е сезнаен и семоќен тогаш нели е предетерминирано некој да направи грев? Пример Петко го убива Стојче, Бог знаел дека Петко ќе го убие Стојче уште пред Петко да постои, тогаш која е смислата да го казнува?
Гревови не постојат. Во природата, во универзумот, за бог ... не постојат гревови. Гревот е човечка измислица. Бог не раководи со кармата, туку човековата колективна свест...

Инаку истото го кажувам во скоро секое мислење кое го имам напишано на темава.

Го гледам напишаново и се чудам...
Како што кажав пак се враќаме на истото.
Ако Бог е семоќен и љубов тогаш нема да дозволи зло и страдање. Од тоа следи дека ако е семоќен а истовремено дозволува зло и страдање тогаш не е љубов. Ако е љубов ама не може да го спречи злото и страдањето (нели, чоечката воља е појака од божјата семоќност) тогаш не е семоќен.
Парадоски и контрадикции кои паѓаат на наједноставна логика.

(facepalm)
Ајмо опет. Бог е семоќен и Бог е љубов ама остава новороденчиња, бебиња и дечиња да умираат во најгрозни маки.
1.Бог е љубов но не може да ги спаси бидејќи не е семоќен, т.е. не е помоќен од вољата на својата креација (се надевам конечно ја гледаш контрадикцијата)
2.Бог е семоќен ама не е љубов туку е индиферентен т.е. нема позитивни или негативни атрибути или некој посебен однос кон своите креации.

1.Ако Бог е креатор на универзумот тогаш е семоќен by all means.
2.Ако креаторот на универзумот има релација кон своите творби и таа релација е љубов - тогаш нема да ги остави да страдаат.

Нема трето.

Гледам дека си ја спознала божјата природа, веројатно си пророк нешто ова она :D ама не е важно

Се плашам дека ти бега концептот на семоќност во муабетот...не сакам да звучам грубо или неумесно ама ова е толку едноставно што не знам каде е проблемот да се сфати контрадикцијата и логичкиот фејл.
Законот на универзумот е непогрешен. Тој не препознава разлики помегу мене и тебе. Разликите помеѓу нас зависат исклучиво од самите нас.
Бог не дозволува страдање. Страдање не постои. Зло не постои. Постои само различна перцепција на нештата.
Според мене зло и грев е да се јаде месо од недолжни животни, додека, ти сметаш дека тоа е природна појава и не гледаш траги од зло во тој чин. Гледаш ли како нашата перцепција одредува што е грев, што е зло? Бог нема никаква врска со тоа.

п.с. Не сум пророк :)
 
Последна промена од модератор:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@malo оди кажи им го тоа на луѓето кои биле осакатени и угнетени. Иди и кажи им „Не постои страдање и зло!“.

Значи чекај сеа да се договориме: Бог е сезнаен и омнипотентен и он е одговорен за сѐ она што е „позитивно“ како креативност, таленти и сл., а она што не е баш „позитивно“ како војни, страдања и да не набројувам што ли уште не тоа не постои туку е измислица на човекот. Ако некој уште од раѓање е товен за утре да биде резервни органи за некој чичко со стомак тоа не е страдање и злобно и тука семоќниот Бог не може ништо. Е фала на просветлението.

Еве кога го спомнав ова, пример: Н`конгун од Намибија е земен од раѓање од мајка му и е одгледан за резервни органи на големиот Мустафа. Бог е сезнаен, така? 1* Силогизам од ова би било: Бог е сезнаен и знаел дека Мустафа ќе го земе малиот и ќе го одгледа за утре да може да си смени органи.
Бог е семоќен, така? Бог не превзема ништо околу ова и големиот Мустафа решил да си ги намали шансите за mismatched орган па и за да шитка органи и земал уште 30 деца. Му се може, зошто да не. 2* Силогизам од ова: Бог е семоќен и дозволува големиот Мустафа да уништува животи.
Силогизам од 1* и 2*: Бог е семоќен и сезнаен и знае дека големиот Мустафа ќе земе 30 деца за да ги тови за да ги шитка органите и притоа не превзема ништо конкретно за да го спречи.

Според тебе би дошло дека страданието на децата кои ги земал големиот Мустафа е измислица на човекот и не постои. Големиот Мустафа не е злобен затоа што не постои зло. Е сега, кога решивме не постои зло и страдание многу нормално дека Бог не дозволува нешто што не постои да се случи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Гревови не постојат. Во природата, во универзумот, за бог ... не постојат гревови. Гревот е човечка измислица. Бог не раководи со кармата, туку човековата колективна свест...

Инаку истото го кажувам во скоро секое мислење кое го имам напишано на темава.
Не пратев редовно,но мора да те прашам:Ако нема гревови,значи ли тоа дека сите ке идеме во рајот?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Законот на универзумот е непогрешен. Тој не препознава разлики помегу мене и тебе. Разликите помеѓу нас зависат исклучиво од самите нас.
Бог не дозволува страдање. Страдање не постои. Зло не постои. Постои само различна перцепција на нештата.
Според мене зло и грев е да се јаде месо од недолжни животни, додека, ти сметаш дека тоа е природна појава и не гледаш траги од зло во тој чин. Гледаш ли како нашата перцепција одредува што е грев, што е зло? Бог нема никаква врска со тоа.

п.с. Не сум пророк :)

Ова се сосема нови концепти за мене, непознати. Ајде батали конц-логори, гулази и полињата на смртта во Камбоџа, претпоставувам жестока забоболка не е зло, пошто зло не постои...:cool: Дури не е ниту страдање, пошто истото не постои.
Јасно дека има различна перцепција ама ако те собере Гестапо од дома и те прати во печките или ако те стрефи гадна забоболка тогаш перцепцијата и тоа како се унифицира.
Замисли тие мајки кои си ги гледале дечињата како им ги касапат четници во Босна за да потоа и сами бидат ликвидирани и фрлени во јама со вар...
Јадењето месо е карактеристично за омнивори меѓу кои е човекот (и штакорот) и опстанокот на човекот е врзан со страдање на животињи или растенија. Пошто и растенијата страдаат, ако сакаш ќе постирам линкови од студии, да не гуглам сега.

Инаку егзистенс ти кажа каде е проблемот, може да се каже и лицемерието на верникот во одреден Бог, во случајов персонален Бог (оној кој има некаков однос кон креацијата). Ако нешто е добро онда Алаху Акбар ако нешто не чини, онда е чоекот сам крив. Види мајката, шо убаво е така, ем да напраиш креација ем да си одговорен само за арните ствари а за лошите да е крив чоеко (кој си го створил) или ѓаоло (кој исто си го створил ама тоа е друга прича) зависно од религиската митологија.

Јас за разлика од тебе имам пророчки склоности :zelen и мислам дека е најарно да си одбереш некој неперсонален Бог, нешто како `универзална енегрија`, `космичка сила` или `виша сила` која нема никаков однос со својата креација, позитивен или негативен, it just creates, doesn`t love or hate, judge or forgive, it`s not good nor bad, its just is.
Мирна глава и нема контрадикции.
Плус сега е ок време за тоа, замисли да беше во време на Катарите/Богумилите кога ги убивале поради еретични идеи.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
@malo оди кажи им го тоа на луѓето кои биле осакатени и угнетени. Иди и кажи им „Не постои страдање и зло!“.

Значи чекај сеа да се договориме: Бог е сезнаен и омнипотентен и он е одговорен за сѐ она што е „позитивно“ како креативност, таленти и сл., а она што не е баш „позитивно“ како војни, страдања и да не набројувам што ли уште не тоа не постои туку е измислица на човекот. Ако некој уште од раѓање е товен за утре да биде резервни органи за некој чичко со стомак тоа не е страдање и злобно и тука семоќниот Бог не може ништо. Е фала на просветлението.

Еве кога го спомнав ова, пример: Н`конгун од Намибија е земен од раѓање од мајка му и е одгледан за резервни органи на големиот Мустафа. Бог е сезнаен, така? 1* Силогизам од ова би било: Бог е сезнаен и знаел дека Мустафа ќе го земе малиот и ќе го одгледа за утре да може да си смени органи.
Бог е семоќен, така? Бог не превзема ништо околу ова и големиот Мустафа решил да си ги намали шансите за mismatched орган па и за да шитка органи и земал уште 30 деца. Му се може, зошто да не. 2* Силогизам од ова: Бог е семоќен и дозволува големиот Мустафа да уништува животи.
Силогизам од 1* и 2*: Бог е семоќен и сезнаен и знае дека големиот Мустафа ќе земе 30 деца за да ги тови за да ги шитка органите и притоа не превзема ништо конкретно за да го спречи.

Според тебе би дошло дека страданието на децата кои ги земал големиот Мустафа е измислица на човекот и не постои. Големиот Мустафа не е злобен затоа што не постои зло. Е сега, кога решивме не постои зло и страдание многу нормално дека Бог не дозволува нешто што не постои да се случи.
Ова се сосема нови концепти за мене, непознати. Ајде батали конц-логори, гулази и полињата на смртта во Камбоџа, претпоставувам жестока забоболка не е зло, пошто зло не постои...:cool: Дури не е ниту страдање, пошто истото не постои.
Јасно дека има различна перцепција ама ако те собере Гестапо од дома и те прати во печките или ако те стрефи гадна забоболка тогаш перцепцијата и тоа како се унифицира.
Замисли тие мајки кои си ги гледале дечињата како им ги касапат четници во Босна за да потоа и сами бидат ликвидирани и фрлени во јама со вар...
Јадењето месо е карактеристично за омнивори меѓу кои е човекот (и штакорот) и опстанокот на човекот е врзан со страдање на животињи или растенија. Пошто и растенијата страдаат, ако сакаш ќе постирам линкови од студии, да не гуглам сега.

Инаку егзистенс ти кажа каде е проблемот, може да се каже и лицемерието на верникот во одреден Бог, во случајов персонален Бог (оној кој има некаков однос кон креацијата). Ако нешто е добро онда Алаху Акбар ако нешто не чини, онда е чоекот сам крив. Види мајката, шо убаво е така, ем да напраиш креација ем да си одговорен само за арните ствари а за лошите да е крив чоеко (кој си го створил) или ѓаоло (кој исто си го створил ама тоа е друга прича) зависно од религиската митологија.

Јас за разлика од тебе имам пророчки склоности :zelen и мислам дека е најарно да си одбереш некој неперсонален Бог, нешто како `универзална енегрија`, `космичка сила` или `виша сила` која нема никаков однос со својата креација, позитивен или негативен, it just creates, doesn`t love or hate, judge or forgive, it`s not good nor bad, its just is.
Мирна глава и нема контрадикции.
Плус сега е ок време за тоа, замисли да беше во време на Катарите/Богумилите кога ги убивале поради еретични идеи.

:) За среќа не живеам во тоа време. Инаку веќе спомнав дека богот кој јас си го сакам е неперсонален, за тој и зборувам цело време.
@existence грозно е тоа што мустафа им го прави на децата. Ние тој чин го перцепираме како злобен чин, но не и самиот Мустафа и некои негови истомисленици. И јас и ти и Мустафа сме дело, креација на ист бог. На чија страна треба бог да биде во случајот? Кого повеќе да го цени и сака?Чии молитви да ги слуша?Кого да одбере за свој миленик? Мустафа, децата, мене или тебе? Како бог треба да ја перцепира оваа ситуација?
Или да земеме за пример кога некоја пуфла убива мали животинчиња за една скапа бунда. На чија страна треба да биде бог? Размислува ли тој како нас? Може ли нашата перцепција да се изедначува со перцепцијата која ја има бог?
А што ке биде зло во случај некој си Петко (твојот омилен лик) да го казни Мустафа затоа што смета дека треба да плати за своите гревови. Казната нека биде убиство или било што... Дали тогаш Петко е негативец во случајот или херој?
Ние лугето сме навикнати за се да судиме. Не сме ние криви за тоа, туку нашето его. Ние сами си ги измисливме и гревот и казната и страдањето...
И како што кажав некаде погоре... Бог ни дал неизмерна моќ, бесконечна и безусловна љубов, ни дал совршен организам, совршени услови, совршени психо-физички способности... Тоа што го гледаме денес од светот не е вина на бог туку на нас самите. Проблемот не се состои во тоа што нас бог ни дал, туку што од сето тоа сме примиле, колку и како сме искористиле, каков пример на тие околу нас сме дале итн.
 
Смеам ли да те прашам,дали си прав верник,дали ги почитуваш 10 божји заповеди,дали јадеш свинско,и дали ке ја чуваш својата невиност за првата брачна ноќ?