Фала богу дека не е природно. Политиката природна ли е, парите и сите тие слични глупости... Ама за сето тоа да го сватиш ке мораш малку да се разбудиш. Мене не ми е мака да ти објаснувам, ама ако сакаш да разбереш ке мораш да си го тргнеш она делче во умот кое ти кажува дека секогаш мора да си во право.
Повеќето мислат како тебе, дека живеат во најправилниот свет на најправилен начин. Погледни од високо... зарем не ти личи се на една видео игра. Сите тие глупави правила што ги почитуваш кој ти ги наметнува?Природата ли? Каков живот живееш ти? Природен?
Е каде е природното живеалиште прашуваш. Во тебе е. Побарај го ама најискрено. Колку од нештата што ги правиш ги правиш природно, а колку со сила, колку ти се наметнати од родителите, колку од политиката и општеството, колку од религијата, колку од медицината... И размисли кој ги создал сите тие правила. Природата ли?