Сите (со ретки исклучоци) сме сопственици на едно височество- половиот орган.Сам свој газда,секој знае како да ракува со него,и кому ќе дозволи пристап до него.Многу проблематично е ,посебно во по конзервативните опшества како,балканските каде неверство се обзема како широк поим. Неверство е кога човек го расипува договорот меѓу двајца - ортаци во бизнис на пример. Неверство е кога чекаш од другар ти се нафатил да ти заврши некоја работа,па “заборавил“.Не ја сфаќам потребата,кога во случај на ужина со забрането овошје, веднаш драми,разводи и други непријатни ситуации се случуваат.Ако X и Y се заедно во брак, и карактерно имаат меѓусебно разбирање и доверба,арно ама сексуалниот живот не им е во најдобар ред.Тој е брз и краткотраен,таа како парна локомотива,треба да се ложи..ложи додека тргне,а после запирање,со триста сили. Што ако физички жената во овој случај направи еден исклучок,и го задоволи повикот на природата,ги смири хормонските немири?Никому ништо. Од една најобична работа која секој треба да си ја негува и одржува според своја сопствена волја кај нас се прави драма. Драми разводи и слични непријатни ситуации,следуваат кога едниот партнер е во план да собере поголем дел од имотот кој “заеднички го поседуваат„ па заминал џенем со друг партнер,кога едниот наместо напредок и придобивки во фамилијата, пр. се коцка,пие и не придоенсува ништо за фамилијата и опшеството итн. И на крај краева, ако некого толку го погодува ставањето страно тело во половиот орган на жената, нека се запраша,што се случува кога ќе појде на гинеколог.