Неверство

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Зарем постои нешто што треба да го сметаме за оправдано доколу изневериме?
Зарем изборот не е наш?
Ако ти се допаѓа уживај,ако не,остави и најди си нешто поради кое нема да бараш да бидеш оправдан што си изневерил.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
....околу темава за најстариот занает е пишувано,читано,коментирано,карано,тепано и што ли уште не...
Најстариот занает?!
Нели тоа беше продавањето на своето тело за пари ...или јас сум грешка нешто?
Овде се зборува за изневерување...а неверство и курвање нели се две различни работи?!
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Неверството не е кодирано во човечкиот геном. Но треба да се дефинира што секој од нас подразбира под неверство. Флертот со друг/а е прв чекор на едно неверство или пак сексуалната фантазија за некој/а.
Животното искуство со текот на годините ни кажува дека немаме гаранција како и во која ситуација ќе реагираме. Честопати и од самите себе си ќе се изненадиме. Никој не планира неверство, тоа се случува кога има незадоволство, далечина, невнимание, губење на квалитетен однос меѓу партнерите.
@ melpomena многу е едноставно и логички кога човек има ситуации каде се само двајца за да се постапува како што ти велиш.
Во животот за многу случувања нема логика и ретко се случува по заслуга. Можеш да направиш се што се однесува до себе, а пак работите да одат по надолен тек, за жал.Но не мора да значи дека секој ќе направи неверство.
Во секој случај не треба да се етикетираат тие кои прават неверство, тоа го прават само затоа што се несреќни.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Најстариот занает?!
Нели тоа беше продавањето на своето тело за пари ...или јас сум грешка нешто?
Овде се зборува за изневерување...а неверство и курвање нели се две различни работи?!
Да,реков најстариот,зошто вистина е најстар занает,и си многу грешка ако мислиш дека се различни тие две работи,од проста причина зошто и во двата случаја се сксаш,дали ќе е изневерување или курвање едно исто.Ти си ги помешала појмовите,да не мислеше за секс со чувства,тоа е различно од тие две работи.
 
Последна промена од модератор:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да,реков најстариот,зошто вистина е најстар занает,и си многу грешка ако мислиш дека се различни тие две работи,од проста причина зошто и во двата случаја се сксаш,дали ќе е изневерување или курвање едно исто.Ти си ги помешала појмовите,да не мислеше за секс со чувства,тоа е различно од тие две работи.
Многу погрешно тумачење поими.
Мешаш проститутка со к***а, пардон мај френч (едит: што пардон, цензура имало). Друго е што неверството го прави човека нефер и нечесен спрема партнерот, ама не можеш да кажеш дека е исто само пошто и во двата случаи си се сексал. (think) Пу пу, човек веќе и со партнерот само да си тера работа, ќе му се најде причина зашто е неморален...пример има роднини од спротивниот пол. :eek
На проститутката тој занает ѝ е професија, и додека можеби ние би ја ставиле целта на нејзиното работење под знак прашалник, тоа не можеме да го наречеме изневерување. За другиве можеме само да претпоставуваме од која причина изневериле.

Но, ако во едно нешто не верувам и ми е врв на патетичноста, тоа е она лигавење и вадење отпосле. Не верувам во неверства по грешка(?), ради пијанство, не знам ти каков притисок...сѐ мора да си има позадина. Бар ние сме си позатуцани и уште ја лајкаме Богородица на Фејсбук за среќа и се палиме на продавањето морал од Семе Синапово, чудно ќе е оп-цуп да му срипаш на некого во скут, па ај да нема време и биднало по грешка...мада и тогаш постојат минути за премислување дури да најдеш локација и соблечеш облека...пробабли. А зошто бе по грешка не им текне решение за гладта во светот? (worried)
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Да,реков најстариот,зошто вистина е најстар занает,и си многу грешка ако мислиш дека се различни тие две работи,од проста причина зошто и во двата случаја се сксаш,дали ќе е изневерување или курвање едно исто.Ти си ги помешала појмовите,да не мислеше за секс со чувства,тоа е различно од тие две работи.
Голема утка си душо!Занает е едно,нагон е друго,емоции трето,причина поради која е направено неверсто и дрн,дрн.....Сите луѓе се верни додека не им се укаѓе доообра прилика.Нема верен човек,само немал шанса.Нарочито убава жена или убав маж,никогаш не барај верност од нив,едноставно не можат.