Неверството е само промена,не е доказ дека некого не го сакаш повеќе.
Ако некого вистински сакаш,нема да имаш потреба од менување.
Навистина е сето тоа нешто кое не можам да го разберам.
Сите се наоѓаме во ситуации кога врската или бракот не функционираат,секој доаѓа во ситуација каде се нуди некоја друга прилика.
Дали ќе прифатиме зависи од нас.
Изборот е наш.Секој за среќа има можност свесно да одлучува и потоа да се сноси со последиците од сето тоа.
А тој што го сакаш(ако го сакаш што не верувам)тогаш е последен кретен на светот кој ти верува.
Замисли доаѓаш од средба со некој си,тој седи дома те чека да разговарате,да го споделите поминатиот ден еден со друг,
и му викаш:
Здраво драги,како ти помина денот??
Децата си играат во собите и се е во ред,го бакнуваш,а сеуште мирисаш на туѓи бакнежи.
Одвратно.Која интрига.Колку ниско од страна на тој што го прави неверството.
Се работи за поверењето во врската измеѓу двата партнера.
Биди фраер,биди храбра,седни и кажи ја вистината.
Сноси се со последиците,така е и готово.
Ако го нема тоа поверение,и тој респект тогаш се прашувам зошто двајцата би биле сеуште заедно?
Навика?
Страв?