Убиен матурант во Ѓорче Петров

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Не успеав да исчитам се што е напишано,можеби е малку вон темава но и е околу неа.
Пред некој ден,спремајки се наутро за на работа,понекогаш знам да го уклучам телевизорот на некоја од утринските програми да слушам дур да излезам од дома.
Во една од оние утрински програми кога се јавуваат слушатели,еден слушател се јави и рече дека доколку нешто ни е украдено и има вредност под 1000 денари,тогаш законот бил воопшто полицијата да не реагира туку сами да си бркаме работа по судови.
А кого јас да тужам кога незнам кој ми го украл она што е под 1000 денари вредност според законите на нашава држава?
Да се навратам на темава.
Имаше по социјалниве мрежи дека детево не требало да ја преземе работата на полицијата во свои раце и не требало да го брка престапникот.
Бре!
А ако таа полиција одлучи дека вредноста за неговиот велосипед е под 1000 денари?
Па ајде нека ми влезат пет пат во куката,нека ми украдат во рок од една година работи една по една и се под 1000 денари,полицијата нека не реагира,а јас гледајки го крадецот пред очи да го оставам да ми зема што сака?
Ќе ги фателе ,,ситните,,престапници тогаш кога ќе почнале да не се задоволуваат со ситното туку кога ќе удреле на крупно.
Исто не ми е јасно,зошто сите работи ги поврзуваме на верска и национална база?
Како смао тогаш ни одговара да сме сплотени сите заедно еден до друг.
Не се сите Македонци исти,како и што не се сите Албанци исти итн.
Овде чив е пропустот за еден точок да згасне млад живот?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@melpomena
Колку и да сакаш да не го поврзуваш случајот со националности, на некој начин мораш. Овој случај повлекува цела низа општествени случувања, а тие општествени случувања поврзуваат војна која е поврзана со националност. Не е толку лесно да кажеш дека националноста и случајов се целосно дискрепантни.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно

За мене,е.Ако се работеше за македонец спрема македонец,што ќе поврзувавме тогаш?

Овде чив е пропустот за еден точок да згасне млад живот?
Чив е пропустот што јас си го шинав прстот?
Зошто секогаш бараме надворешни опширни кривци кога се работи за двајца од различна националност?
Нема пропуст директен најверојатно.Постои само кривица на криминалецот кој го сторил делото,и штета и греота за човечкиот живот.
Пропуст на нечовечноста меѓу луѓето.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
За мене,е.Ако се работеше за македонец спрема македонец,што ќе поврзувавме тогаш?
Дури и да го гледаш како изолиран случај, повторно се поврзува со низа случувања од последните 15 години кои го довеле општеството во состојба каква што е сега, што посекако води кон национална поделба особено во критичните делови каде што има заедници од различни националности на многу мал простор како што е пример Ѓорче.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дури и да го гледаш како изолиран случај, повторно се поврзува со низа случувања од последните 15 години кои го довеле општеството во состојба каква што е сега, што посекако води кон национална поделба особено во критичните делови каде што има заедници од различни националности на многу мал простор како што е пример Ѓорче.
Секогаш ќе биде така дури не се научиме да не ги глобализираме работите,на било кое поле,и се додека кога обвинуваме не тргнуваме првенствено од себе си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Секогаш ќе биде така дури не се научиме да не ги глобализираме работите,на било кое поле,и се додека кога обвинуваме не тргнуваме првенствено од себе си.
На пример? Кој овде во случајов би требало да тргне од себе си? Како ти би го решила случајов? Дај ми решение кое не е поврзано со верска/национална поделба и нема врска со случувањата од минатите 15-20 години кои доведоа до ситуацијата која ја гледаме?
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
На пример? Кој овде во случајов би требало да тргне од себе си? Како ти би го решила случајов? Дај ми решение кое не е поврзано со верска/национална поделба и нема врска со случувањата од минатите 15-20 години кои доведоа до ситуацијата која ја гледаме?
Ти најде решение?
Каде постои решение кога постои изгаснат живот?
Ќе успееме да го вратиме човечкиот живот назад?
Не барам решение,но не ги обвинувам ни најблиските комшии на криминалецот,туку само него.
За некои работи не се наоѓа така лесно решенија како што успевате да најдете обвинувања без цврста основа.
Треба време,и промена кај сите нас.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ти најде решение?
Каде постои решение кога постои изгаснат живот?
Ќе успееме да го вратиме човечкиот живот назад?
Не барам решение,но не ги обвинувам ни најблиските комшии на криминалецот,туку само него.
За некои работи не се наоѓа така лесно решенија како што успевате да најдете обвинувања без цврста основа.
Треба време,и промена кај сите нас.
Веројтно не ги следиш целосно вестите поврзани со случајов. Коха ере уште утредента објави дека убиецот изјавил дека тој бил нападнат со нож и нешто у стил демек било самоодбрана. Коха знаеш чив медиум е така? Па сега ти види дали не се инволвира националност и целиов случај не е последица на тие низа случувања кои го доведоа општеството до ова што го знаеме.

Решение мислев на тоа да го решиш случајот без да вклучиш националност, тоа вклучува и причини за првобитниот криминал, намери и сл. работи кои довеле до убиството.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@existence
Ако се потпираме нашите одлуки да ги доведуваме исклучиво тоа што медиумот ни го сервира, тогаш и двете страни ќе имаме вештачки насилно створена сегрегација.
Ако Коха е ре ги потпалува албанците, тогаш сител ги потпалува македонците. Треба друкчие да се гледа на криминалот, макар едните ако полесно се потпалливи од другите.
Со тоа што го пишав овде, знам дека и јас на некој начин правам сегрегација, но во полето на криминалот на сите треба да им судиме според стореното.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@existence
Ако се потпираме нашите одлуки да ги доведуваме исклучиво тоа што медиумот ни го сервира, тогаш и двете страни ќе имаме вештачки насилно створена сегрегација.
Ако Коха е ре ги потпалува албанците, тогаш сител ги потпалува македонците. Треба друкчие да се гледа на криминалот, макар едните ако полесно се потпалливи од другите.
Со тоа што го пишав овде, знам дека и јас на некој начин правам сегрегација, но во полето на криминалот на сите треба да им судиме според стореното.
Ma јас не зборам за тоа дека само едните потпалуваат, не осудувам никого сеуште. Зборам за тоа дека е невозможно да не го поврзеш настанов со национализам. Убиство е убиство, но ова не е случај кој е изолиран од случувањата во државата. И рандом убиство во Берово би било убиство, но не е така поврзано со национализам како што е ова.