Позитивни и негативни страни на форумот

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Веке знаеме дека постои зависност од учество во форумите,со првото регистрирање почнува оној друг круг "пријатели,она друго место на кое ќе го губиме нашето драгоцено слободно време.Знаеме дека зависноста зема замав,но некако не веруваме дека форумот може толку да делува на нашето време.Има ли барем нешто добро во тапењето тапи агли,отупуваме или сознаваме .Да речеме позитивни страни се :разонода,хумор,смеа,нешто ново ке научиш,нови пријатели ке запознаеш,комуникација на друго ниво,можеш да кажеш што сакаш оти никој не знае кој си ...../Негативни страни:примаш непотребни а можда и неточни информации,оќоравуваш гледајки дали некој ке те прочита и си ја раниш суетата со расипана храна,а ако те искритикува некој се осекаш како да си напишал епитаф на сопствен гроб,почнуваш да ги искривуваш вистиниите обидувајки се со неко да се докажеш....Што мислите вие,има ли нешто позитивно,а што има негативно нашето присуство на форумов?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Има позитивни... зависно како го употребуваш и колку ти го нарушува егото.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
На форумов сум активна година дена.Случајно налетав на темата графити на нет и се регистрирав да можам да ставам свои слики.
И останав овде.Не би рекла дека сум зависна туку форумов ми е дел од животов.
Ги запишувам мислите,чувствата,
а имам можност да останам анонимна.
Ок,стекнав и пријателства(драги луѓе кои навистина ги засакав)и со кои имам намера и лично да се запознаам,некои и запознав веќе.
Најинтересно е што преку тоа што го запишував овде,дознав некои работи за себе кои пред тоа воопшто не ми беа познати.
Пред да се зачленам не пишував.Ниту поезија,ниту раскази,ниту дневник.Со зачленувањето на форумов почна и мојата потрага.По некои "нешта".
Нема негативни работи кои би ги набројала.Имаше денови каде форумов ми крадеше добар дел од времето,но и тоа се регулира.Често се прашувам до кога ќе бидам активна и до кога ќе евидентирам случки,сфаќања и размисли околу животот,знам понекогаш го тупам ама никој не се пожалил до сега,па мислам во ред ќе е да продолжам.Можеби звучи смешно но така е.
Како и да е.Интересно место,необични карактери,различни размислувања.
All in one paket :)
Некои форумџии навистина фалат и тука би го издвоила
@parvati.

Ps.Од мене само позитивности :sreken

Pps.Малку може сум оф-топик ама тука сум у склоп на тема.
 
Последна промена:

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Форумот нема врска, се е до индивидуата. Се' е до „тебе“ и како „ти“ ќе ги сватиш работите. Повеќе од 6 години сум безналку секојдневно а уште толку и можеби повеќе од моите први регистрации на некои одамна изгаснати балкански форуми... Форумите за мене се училиште, не викам дека имаат некои негативни страни но тие се банални ако се земат во предвит сите позитивни работи. Тука доаѓа она дека од тебе зависи. Како ти ќе ги сватиш форумите такви и тие за тебе ќе ти бидат. Некои ги користат за да тролаат и замараат други а некои ги користат за се надградуваат себесе, да помагаат на други и да учат од другите.
Виртуелните пријателства или омрази се друга категорија. Личното искуство ми кажува дека голема, безмалку цела листа на виртуелни непријатели се сосема нормалку луѓе кои ако не ги знаеш како индивидуи виртуелно претходно нема ни на крај памет да ти дојде какви тие можат и знаат да бидат НО после првото запознавање 99.99% од сите што си ги „мразел“ виртуелно ти се допаѓаат реално а оние што си ги сакал виртуелно (форумски) ги сакаш уште повеќе, се разбира „црни овци“ има и ќе има насекаде.
Трета важна која може да биде и прва е тоа дека ти и само ти го представуваш твојот лик на форум, никој не може да ти даде лажен идентитет ако самиот ти не си дадеш. Кога, на кои, колку и дали воопшто ќе се заразиш форумски од тебе зависи но и од оние со кои се дружиш или недружиш на форумите.

Нешто од мене и од сите други што како ааа уу за форумите може подетално да нејдете тука http://forum.crnobelo.com/threads/Форум-А.1091/
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зависност лол...
Не ојте деца по форуми, дрога клавет :D
p16mcltd9e1fb9tls2voso1l361.jpg


files.php


2.jpg

Тоа се форумски јузери после нецела година од постирање на net message board. Ако не приметивте покуќнина тоа не е случајно, форум зависникот ќе направи се` за да стигне до својата дневна доза ! Млади и перспективни луѓе завршуваат во канџите на криминалот и проституцијата само за да можат да постираат на форуми, фејсбуци, твитери и мирцои. Бегајте од злото на форумите !!!

Шо знам, привлечната страна на социјалните мрежи е веројатно можноста за активно учество а не само пасивно конзумирање како што тоа било случај со телевизијата, радиото, книгите, весниците и списанијата т.е. аналогните платформи од минатото. Друга ствар е изборот колку, што и како ќе се прави што повторно е предност во споредба со минатите ситуации. Трето е групирање према интереси, на запад форумите се обично специјализирани за рандом ствари...
На социјални мрежи се организирале бунтови и револуции по Грција, Египет, Тунис и остали земји, штрајкови и протести, се запознавала раја, во Британија ФБ бил на трето место како наведена причина за развод, што значи виртуелата се пресели во реалниот живот или подобро речено се спои со него.

Ако некој има propensity towards глупост и тупост, тоа е најмалку поврзано со виртуелната платформа...

Конкретно за форумов, ок место, ретко има некои жестоки дискусии, на виртуелно ниво скоро сите ми делуваат фино и пристојно, можеби затоа што не знам никого од форумот во живо :zelen

П.С. Пак да напоменам, хејтот кон одредени ставови не треба да се комбинира со хејт према рандом форумски јузер.
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@diva orhideja
Прво што треба да разграничиш е дека ако некој ти го нападне ставот не значи дека те нападнал тебе. Друго, ако јас речам „Џандарите се ѓубре раја“ не сум рекол „На diva orhideja синот е ѓубре“. Премногу лесно се навредуваш од работи кои не би требало да те навредуваат (на пр. се вреѓаш од тоа што рандом_лик рекол дека мачките биле грди, а ти си чувала мачки. (онака лупам примери само))

Он:
Што знам дал може да се повлече некоја линија меѓу добри и лоши особини. Пример да се запознаеш со некој од форум може и да е добра работа, може и да е лоша работа; пример Петко е јавна фаца и сака да остане анонимен, комуницира со Перо и решаваат да испијат едно пиво. Перо го препознава Петко оти нели јавна фаца е де и несакајќи го посочува идентитетот на Петко.
Онака лупам рандом пример што ми дојде на памет за да си ја докажам поентата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
@diva orhidejaШто знам дал може да се повлече некоја линија меѓу добри и лоши особини. Пример да се запознаеш со некој од форум може и да е добра работа, може и да е лоша работа; пример Петко е јавна фаца и сака да остане анонимен, комуницира со Перо и решаваат да испијат едно пиво. Перо го препознава Петко оти нели јавна фаца е де и несакајќи го посочува идентитетот на Петко.
Онака лупам рандом пример што ми дојде на памет за да си ја докажам поентата.
Toј што сака да остане анонимен не му е местото на форум. На лагата и се кратки нозете и тоа буквално... Ако сакаш да си активен на дневна база анонимноста не е за тебе. Лесно е да се прикрие личност со 1 мислење во месец но тешко со 10 на ден. Потребно е само да некој биде доволно упорен, доволно снаодлив и доволно речит за да извлече се што треба за да го создаде ликот на анонимната личност. Со тоа на личноста и останува само да прекине форумско постоење или да се претстави во вистинско светло без лажење...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Toј што сака да остане анонимен не му е местото на форум. На лагата и се кратки нозете и тоа буквално... Ако сакаш да си активен на дневна база анонимноста не е за тебе. Лесно е да се прикрие личност со 1 мислење во месец но тешко со 10 на ден. Потребно е само да некој биде доволно упорен, доволно снаодлив и доволно речит за да извлече се што треба за да го создаде ликот на анонимната личност. Со тоа на личноста и останува само да прекине форумско постоење или да се претстави во вистинско светло без лажење...
Не ми беше муабетот конкретно за анонимноста, тоа го земав онака колку за пример да покажам дека една работа може да биде и добра и лоша зависно од ситуаацијата.
болд: ако некој дотолку сака да си ја зачува анонимноста (конкретно кога се фативме за тоа) може и тоа како. Никаде не си приморан да оставиш лични податоци нити пак некој да те познава лично. Тоа е доволно за ако сакаш дури и да измислиш лик кој ќе го претставуваш на форум.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не ми беше муабетот конкретно за анонимноста, тоа го земав онака колку за пример да покажам дека една работа може да биде и добра и лоша зависно од ситуаацијата.
болд: ако некој дотолку сака да си ја зачува анонимноста (конкретно кога се фативме за тоа) може и тоа како. Никаде не си приморан да оставиш лични податоци нити пак некој да те познава лично. Тоа е доволно за ако сакаш дури и да измислиш лик кој ќе го претставуваш на форум.
А мене пак не ми е јасно,зошто еден лик би бил измислен,би си давал карактеристики кои ги нема и би се претставувал во некое сосем трето измислено светло?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ShakaZulu