Веке знаеме дека постои зависност од учество во форумите,со првото регистрирање почнува оној друг круг "пријатели,она друго место на кое ќе го губиме нашето драгоцено слободно време.Знаеме дека зависноста зема замав,но некако не веруваме дека форумот може толку да делува на нашето време.Има ли барем нешто добро во тапењето тапи агли,отупуваме или сознаваме .Да речеме позитивни страни се :разонода,хумор,смеа,нешто ново ке научиш,нови пријатели ке запознаеш,комуникација на друго ниво,можеш да кажеш што сакаш оти никој не знае кој си ...../Негативни страни:примаш непотребни а можда и неточни информации,оќоравуваш гледајки дали некој ке те прочита и си ја раниш суетата со расипана храна,а ако те искритикува некој се осекаш како да си напишал епитаф на сопствен гроб,почнуваш да ги искривуваш вистиниите обидувајки се со неко да се докажеш....Што мислите вие,има ли нешто позитивно,а што има негативно нашето присуство на форумов?