Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не сум ти другар и би сакал да не ми се обраќаш со „друже“.
Искрено, не ме интересира и не се замарам да мислам дали и колку вас како организатори ве чинело организирање на таков настан, муабетот ми е сосема друг.


Ако некој нема 500-че да дојде, а има желба, најверојатно волјата негова вика да не дојде.
Не ни реков дека сум ти другар, да не ја цепидлачиме.
Еве да повторам: Ако некој нема 300 денари, нема да дојде на предавањето, едноставно е. Сигурен сум дека ќе преживее поради тоа.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Па ние нема да иницираме членови! Што мешаш баби и жаби? Настанот е предавање, не е зачленување!
Пуста суета твоја....дрво и камен ќе преврти, само да најде нешто со кое ќе дискредитира, нешто со кое ќе провоцира. :)
Предавање на потенцијални членови,
она кое требаше да биде сокриено од обичниот човек стана јавно достапно (може не све)
и сега ќе доаѓаат некакви предавачи високо поставени во редот да си го уновчат зборот.(facepalm)
Џанам некоја голема мудрост ќе каже,цццццц

Пари ни е волја и тоа нека биде целиот закон,...
:D

п.с.Влезница за концерт е толку пари,х-фактор адрија концертот е 400мкд
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Предавање на потенцијални членови,
она кое требаше да биде сокриено од обичниот човек стана јавно достапно (може не све)
и сега ќе доаѓаат некакви предавачи високо поставени во редот да си го уновчат зборот.(facepalm)
Џанам некоја голема мудрост ќе каже,цццццц

Пари ни е волја и тоа нека биде целиот закон,...
:D

п.с.Влезница за концерт е толку пари,х-фактор адрија концертот е 400мкд
Тоа што требаше да биде сокриено, одсекогаш било и одсекогаш ќе биде сокриено. Така било секогаш, така ќе биде и во иднина. Предавањето е за оние кои ги интересира оваа област.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Добро де ајде еве да речеме ќе дојде некако во Скопје, има пријател кој е успат и ќе му направи услуга. Ама ако нема 500-че? И да бидеме искрени 500-че не е малку, пола Македонија работи 12+ часа за да ги заработи.
Ама предавањето не е за пола ниту за цела Македонија !!!
Реков дека тие 500 денари се трошат за сешто и тоа толку лесно...

Муабетот е: ако некој смета дека треба навистина да биде таму и навистина го интересираат темите за кои ќе зборува Лон Дукет, ќе се најдат тие страшно тешко заработени 500 денари, бидејќи се за ука, за знаење и ќе биде дел од тоа предавање ;)

И како што реков: не верувам на луѓето дека не можат да издвојат 500 денари за ваков настан за кој „умираат“ да присуствуваат !!! Едноставно, не им верувам...

Ако не дојдеш да слушнеш што знае човекот, нема да имаш кредибилитет да зборуваш потоа каков предавач е истиот и дали знае нешто или не... Нормално, треба и ти да ги познаваш тематиките за кои ќе се зборува за да пресудиш дали некој знае или не во врска со истите.

Предавањето е за секој. Да беше за било какви членови, немаше да знаеш ти за тоа предавање :)
Ако ти присуствуваш на пример на тоа предавање, дали си потенцијален член? НЕ СИ ! Едноставно нели...
Само си заинтересиран човек за темите за кои ќе зборува Лон Дукет, со надеж дека ќе слушнеш нешто повеќе и ќе дознаеш повеќе... или пак си заинтересиран да видиш кои луѓе ќе отидат на тоа предавање (ќе прежалиш 500 ден за да бидеш Испектор Клузо).
 
Последна промена од модератор:

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
И само глупости читам од тебе на темава (ми здосади да те пријавувам) ... во ред е да не ти се допаѓа телемата како философија, религија, култ - како и да ја гледаш ти Телемата преку твоето непознавање на истата, но тоа не ти дава за право да зборуваш глупости и да се обидуваш на простачки начин да ни упатиш навреди, нам, телемитите :)
Зошто пријавуваш?
Ти ја расипувам темата?
И зошто не ме читаш убаво,некаде поназад имам кажано за телема како филозофија гледам на тоа.
Најлесно е да се коментира за коментаторот,наместо за коментарот.
Не треба да се доживувате со филозофијата дека вие сте таа-тоа,па секоја критика упатена спрема телема ја разбирате како лична навреда ,
магичарите големи остануваат без зборови,телемити на новиот еон заќутени од стариот еон,,

Што се однесува до гостинот,ниедно искуство не е толку важно како сопственото,ама не истото да се уновчува.
Колку собира салата 150-200 луѓе сите по 500мкд без малку 100000мкд,многу се преценува гостинот или вие сакате да заработите на него?
Уште со самото тоа што се наплаќа влезот,промашена е темата...жалосно,па да ви пуштам и реклама барате.(facepalm)
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Постои опција за гратис карта?:kafe

Alien муфтеџија :zelen

Не зборувам стриктно за настанот, општо земено, РМ е стравично централизирана а тоа комбинирано со животниот стандард кој е прилагоден за Хунзи и Калаши ги става жителите на осталите градови во подредена положба. Цената е reasonable, и предавачите имаат трошоци, него не е само превоз, тука е и ноќевање во хостел, јадење етц. пошто предавањата или концертите ретко се случуваат во 13:00... што значи 2.000 денари или 1/5 од радничка плата во земјата на домољубните антички хунзи и арнаути...
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Зошто пријавуваш?
Ти ја расипувам темата?
И зошто не ме читаш убаво,некаде поназад имам кажано за телема како филозофија гледам на тоа.
Најлесно е да се коментира за коментаторот,наместо за коментарот.
Не треба да се доживувате со филозофијата дека вие сте таа-тоа,па секоја критика упатена спрема телема ја разбирате како лична навреда ,
магичарите големи остануваат без зборови,телемити на новиот еон заќутени од стариот еон,,
Како волови во купус одма се летате пријави да стиснете.цццццц

Што се однесува до гостинот,ниедно искуство не е толку важно како сопственото,ама не истото да се уновчува.
Колку собира салата 150-200 луѓе сите по 500мкд без малку 100000мкд,многу се преценува гостинот или вие сакате да заработите на него?
Уште со самото тоа што се наплаќа влезот,промашена е темата...жалосно,па да ви пуштам и реклама барате.(facepalm)
Токму ти го правиш тоа за што пишуваш. Ти не си тука затоа што те интересира темата, тука си за нас и тоа што сме направиле, што сме кажале, колку сме знаеле и кој какви змии гледал.....
Редактирано: Приложувањето приватни пораки е забрането!
Згора на се, се дрзнуваш да кажуваш дали е нешто така или не е, а реално немаш познавања и не ја разбираш тематиката, или не сакаш да ја разбереш - сеедно.
На секој наш кажан збор, бараш да најдеш замерка! Тоа не е дискусија, тоа е класично тролање.
 
Последна промена од модератор:

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Токму ти го правиш тоа за што пишуваш. Ти не си тука затоа што те интересира темата, тука си за нас и тоа што сме направиле, што сме кажале, колку сме знаеле и кој какви змии гледал.....

Згора на се, се дрзнуваш да кажуваш дали е нешто така или не е, а реално немаш познавања и не ја разбираш тематиката, или не сакаш да ја разбереш - сеедно.
На секој наш кажан збор, бараш да најдеш замерка! Тоа не е дискусија, тоа е класично тролање.
Дискусија со вас не е возможна зошто се соживувате со улогата телемит ,исто кога вие дискутирате на теми од религиски карактер и соговорникот се соживува со својот бог кој од петни жили сака да го одбрани.Се додека сте во позиција на ревен вернок дискусија со вас ќе нема.
 
Последна промена од модератор:

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Дискусија со вас не е возможна зошто се соживувате со улогата телемит ,исто кога вие дискутирате на теми од религиски карактер и соговорникот се соживува со својот бог кој од петни жили сака да го одбрани.Се додека сте во позиција на ревен вернок дискусија со вас ќе нема.
Ако дискусија со нас за тебе не е возможна, зошто 90% од постовите на темава се твои? Те тера некој против твоја волја да пишуваш тука? Што бараш на темава, ако сметаш дека неможе да имаме заеднички јазик? Ако имало несоодветен пост или дискусија на други теми од моја страна, има кој да води сметка за тоа, пријави го тој пост или таа дискусија и решен проблем! Или има правило дека тоа треба да се реши така што ти ќе бидеш форумски Робин Худ?

Значи да разграничиме некој работи. Не е проблемот да се дискутира овде, проблемот е кога луѓе како тебе се прават поголеми познавачи на темата и областа од нас. Кога на секое зборче му се бара "капаче" со цел да се прикаже како јас или Хептаграм сме во некаква заблуда и слично. Кога целта на постот е провокација наместо дискусија. Тоа е проблемот!
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
ОФ-ТОПИК:
@alf и @Abraxas - ајде расправајте се преку ПП !!! :)
Знам дека не се љубите, ама со вашето расправање од ПП, пренесено тука, ја расипувате темата тука со бесцелни муабети...

ОН:
@alf ние сме тука да зборуваме за Телема [ линк ], да споделуваме линкови, да се расправаме со луѓе кои не знаат што е Телема освен од форуми и кратки есеи напишани од кој знае кој... Таквите текстови треба само да запалат оган за да се истражува и да се работи, не да се земат здраво за готово !!!
Во врска со твоите изјави... не знам што да ти речам, премногу е за објаснување (затоа понекогаш се молчи од моја страна).

Соживување со богот, нема врска со бидување Бог !!! Тој концепт е стран за еден ревносен верник од старо-еонските религии !!! И јас го разбирам тоа и немам проблем со тоа...
Исто и погрешно е мислењето дека некој телемит се соживува со „улогата Телемит“ како што тоа го прави некој верник кој што е убеден дека е доволно да се верува во богот и да се соживува со... богот ??!!!

Во врска со тоа „Телемити“, како беше во „Книгата на Законот“?
„39. Зборот на Законот е Θελημα.
40. Кој нѐ нарекува Телемити нема да згреши, само ако подобро погледне во зборот. Зашто во него се Три Степени, Пустиник, Љубовник и човек на Земјата. Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.“ - Liber AL [ линк ]


Зарем за тебе Телемит е улога? :)
Не е воопшто улога...

На овој [ линк ] ќе најдете текстови преведени на српски (малку поблизок јазик од англискиот) поврзани со Телемата !!!
Можеби ќе научите нешто... за да имате подобри напади, не вака ;)

А ако некој пак сака да има македонски превод, може да ги најде на овој [ линк ] .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra