Телема

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
На 9-ти и 10-ти јуни, во скопје, во салата "Даре Џамбаз" - наспроти зоил, ќе ни биде гостин и ќе одржи неколку предавања Лон Мајло Дукет. Цена на влезниците - 300 денари, блок карти - две купени одеднаш ќе биде 500 денари. Ќе има и можност да се купат насловите кои беа дел од саемот на книгата со истиот саемски попуст. Повелете, ве очекуваме.
Постои опција за гратис карта?:kafe
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Постои опција за гратис карта?:kafe
Ќе смислиме некоја наградна игра, во план е ... :) (party)
Ќе Ве известиме за тоа...
Бидејќи знаете, 500 ден за вакви предавања (што ќе се одржат два дена) е многу во Р. Македонија... за жал, да не испадне дека фаќам сеир !!!

Инаку, секој што малку од малку се заморувал со темите за кои ќе стане збор на предавањата и имал соодветна пракса, мудро е да слушнат што има да каже човеков...
Не е на одмет и оние кои само наслушнале нештата , прочитале некој есеј по нетот или од некој форум, без да истражуваат подетално - да дојдат и да научат доволно за да избегнат многу слепи патеки во иднина (во врска со магиката и праксата) кои го изморуваат премногу аџијата што стапнал на нив.

Се надевам дека ќе се видиме на предавањата...
[линк]

П.С. Ако оправдување за недоаѓање на предавањата Ви е во стилот: „Немам 500 ден за да дојдам, но многу сакам!“, ќе ве сметам за лажливци - во Скопје да излезете еден викенд ќе потрошите толку, па и малку повеќе !!!

Може да не дојдете бидејќи не ве интересира сето тоа,нормално, сето друго е само изговор... нели :)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Постои, оној што ќе го сподели јавно настанот на својот фејсбук профил ќе биде во игра да добие гратис влезница.
Абе требаше да ги оставиме малку во исчекување... кај брзаш пак и ти :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
П.С. Ако оправдување за недоаѓање на предавањата Ви е во стилот: „Немам 500 ден за да дојдам, но многу сакам!“, ќе ве сметам за лажливци - во Скопје да излезете еден викенд ќе потрошите толку, па и малку повеќе !!!
Може да не дојдете бидејќи не ве интересира сето тоа,нормално, сето друго е само изговор... нели :)
А што ако некој стварно сака да дојде, не е од Скопје и стварно нема пари за да дојде? Минимум 1000-че ќе го фати секако. Или предавањата се само за оние кои можат да издвојат 500-че независно од желбата?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
А што ако некој стварно сака да дојде, не е од Скопје и стварно нема пари за да дојде? Минимум 1000-че ќе го фати секако. Или предавањата се само за оние кои можат да издвојат 500-че независно од желбата?
Тогаш нема да дојде бидејќи нема пари за превоз !!!
Или ќе најде уште некој и ќе дојдат со сопствен превоз, поефтино нели...
Предавањата се за оние кои сакаат да научат... 500 ден не е многу пари ! Се трошат на сешто додека трепнеш...
Една свирка во Скопје е 300 ден минимум...

Јас зборувам за пустото 500-че за влез како тоа е wow пари !!! Зборувам за луѓе кои се во Скопје: живеат таму постојано или пак се студенти... а тие пари ги трошат на алкохол и журка... Затоа не верувам на тоа: „Немам 500 ден !!“. Да сакаш да дојдеш ептен, ќе дојдеш ! ;)
Ако ви е wow 500-че, сработете го Ашијах, потоа другото ;)
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
П.С. Ако оправдување за недоаѓање на предавањата Ви е во стилот: „Немам 500 ден за да дојдам, но многу сакам!“, ќе ве сметам за лажливци - во Скопје да излезете еден викенд ќе потрошите толку, па и малку повеќе !!!
Може да не дојдете бидејќи не ве интересира сето тоа,нормално, сето друго е само изговор... нели :)
Не е влезот слободен за пензионери?:(
а деца до 7год. влезот е слободен или и тоа се плаќа?

Да се прошетам со внучето.:kafe

Постои, оној што ќе го сподели јавно настанот на својот фејсбук профил ќе биде во игра да добие гратис влезница.
Нели вие телемити не ви беше бројноста важна,како тоа сега маркетинг барате!?(facepalm)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Тогаш нема да дојде бидејќи нема пари за превоз !!!
Или ќе најде уште некој и ќе дојдат со сопствен превоз, поефтино нели...
Предавањата се за оние кои сакаат да научат... 500 ден не е многу пари ! Се трошат на сешто додека трепнеш...
Една свирка во Скопје е 300 ден минимум...

Јас зборувам за пустото 500-че за влез како тоа е wow пари !!! Зборувам за луѓе кои се во Скопје: живеат таму постојано или пак се студенти... а тие пари ги трошат на алкохол и журка... Затоа не верувам на тоа: „Немам 500 ден !!“. Да сакаш да дојдеш ептен, ќе дојдеш ! ;)
Ако ви е wow 500-че, сработете го Ашијах, потоа другото ;)
Добро де ајде еве да речеме ќе дојде некако во Скопје, има пријател кој е успат и ќе му направи услуга. Ама ако нема 500-че? И да бидеме искрени 500-че не е малку, пола Македонија работи 12+ часа за да ги заработи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Нели вие телемити не ви беше бројноста важна,како тоа сега маркетинг барате!?(facepalm)
Па ние нема да иницираме членови во случајов! Што мешаш баби и жаби? Настанот е предавање, не е зачленување!
Пуста суета твоја....дрво и камен ќе преврти, само да најде нешто со кое ќе дискредитира, нешто со кое ќе провоцира. :)

Добро де ајде еве да речеме ќе дојде некако во Скопје, има пријател кој е успат и ќе му направи услуга. Ама ако нема 500-че? И да бидеме искрени 500-че не е малку, пола Македонија работи 12+ часа за да ги заработи.
Друже, ако нема - нема да дојде! Едноставно е! Како го направи ти ко леб на гладните од сомалија да треба да им се дели, па ќе остане некој гладен!
Што мислиш, нас како организатори на настанов, не не чинеше ништо организирање и реализирање на ваков настан? Мислиш дека е едноставно да се организира?
 
Последна промена од модератор:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Друже, ако нема - нема да дојде! Едноставно е! Како го направи ти ко леб на гладните од сомалија да треба да им се дели, па ќе остане некој гладен!
Што мислиш, нас како организатори на настанов, не не чинеше ништо организирање и реализирање на ваков настан? Мислиш дека е едноставно да се организира?
Не сум ти другар и би сакал да не ми се обраќаш со „друже“.
Искрено, не ме интересира и не се замарам да мислам дали и колку вас како организатори ве чинело организирање на таков настан, муабетот ми е сосема друг.


Ако некој нема 500-че да дојде, а има желба, најверојатно волјата негова вика да не дојде.