Како да се избегне заљубување?

  • Автор на темата Lena
  • Време на започнување

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Многу просто... ќе и запознаеш уште некоја страна на личноста ... некоја што не ја добиваш како информација од прва рака!
Може да биде полуписмена, да има строго дистанциран однос кон сапунот/стикчето... да има „делиактно“ минато и сл...
Не само што нема да се заљубиш, него и ќе ти се одмили секундарно!
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Можеби и да се изолираш од таа личност ќе го намалиш интензитетот на чувствата кон таа/тој, али сметам дека како луѓе секогаш ќе има подсвесно едно- што би било- ако би било, и со тек на време таа љубопитност ќе исплива на површина. Барем во мој случај јас така сум функционирала , а и како што викаат : Забранетото овошје е најслатко
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Многу просто... ќе и запознаеш уште некоја страна на личноста ... некоја што не ја добиваш како информација од прва рака!
Може да биде полуписмена, да има строго дистанциран однос кон сапунот/стикчето... да има „делиактно“ минато и сл...
Не само што нема да се заљубиш, него и ќе ти се одмили секундарно!

Затоа, роботите му се мајката!
Вештачка интелегенција, не се потат значи аналогно немаат потреба од сапун и стикче, ќе им го програмираме минатото и сл... Ќе ги програмираме да бидат obedient, партнер за вашата рака, сега добивате без мака. Да живее технологијата!

Заљубување не можеш да избегнеш. Никако. Ако можеше, немаше сите да патиме некогаш во животот од "љубов".
Емоциите не можеме да си ги мениме, такви сме какви што сме, ама сите се заљубуваат. Добро, верувам дека од секое правило има исклучоци, ама во глобала зборувам. Заљубувањето може да се скрие, ама не и да не се доживее.
А и не гледам причина зошто да банираме нешто што е најубаво. Болно некогаш, некогаш те дига до небо, некогаш те треска од земја, ама дефинитивно најубаво.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Japanese are already going there :zelen

Заљубувањето може да се избегне инаку, сепак мислам дека е свесна одлука, а обично субјектот во кој се заљубуваме мора да помине низ некои филтри, нешто всадени од биологија, нешто од еволуција, нешто од телевизија, книги... :)
А дека е убаво, секако, макар да и доживувањето се менува, најјаки се оние најрани заљубувања, тоа е ха-це, за време на основно, па некаде до прва-втора средно (party)
 
Јас и ти нема да се согласиме во темиве за љубов/врски/совети, сосема поинакви луѓе сме.
Остави ти ха-це, напредна е сега младинава. Ти ги мислиш мали, тие во средно се.
Не, сериозно, не ти контрирам, ова е таа тема каде што секој си толкува на свој начин. Јас сметам дека вистинската љубов не променува, не созрева, не дефинира во тој поглед. Ти знаеш дека е убаво, јас знам дека има импакт и од други нешта, а не само од човекот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,027
9,656
1,683
Normandy
Убаво ви е на егото кога некој ви дели комплименти?
Сакате да си ја полните душичката кога флертувате?

Тогаш никој не ви е крив ако отидете предалеку со чувствата.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас и ти нема да се согласиме во темиве за љубов/врски/совети, сосема поинакви луѓе сме.
Остави ти ха-це, напредна е сега младинава. Ти ги мислиш мали, тие во средно се.
Не, сериозно, не ти контрирам, ова е таа тема каде што секој си толкува на свој начин. Јас сметам дека вистинската љубов не променува, не созрева, не дефинира во тој поглед. Ти знаеш дека е убаво, јас знам дека има импакт и од други нешта, а не само од човекот.

Муабетот ми беше за заљубување, во рана возраст човек нема толку резерви и се затрескува поинаку, перцепцијата е поинаква, може нешто е и до хормоните, љубав е веќе друга ствар...
А дали е свесно или не, доволно зборува тоа што никој не се заљубува во одредена категорија раја... like ever... во ружни и во инвалиди никој не се заљубил, и не само во нив, сиромаштијата исто игра сериозна улога... тука се и припадностите кон спротиставени класи, раси и остали групи. Ако заљубувањето е сосема свесно (а тврдам дека е) тогаш и незаљубувањето е свесна и намерна одлука поради икс причини.
 
МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Затоа, роботите му се мајката!
Вештачка интелегенција, не се потат значи аналогно немаат потреба од сапун и стикче, ќе им го програмираме минатото и сл... Ќе ги програмираме да бидат obedient, партнер за вашата рака, сега добивате без мака. Да живее технологијата!

Заљубување не можеш да избегнеш. Никако. Ако можеше, немаше сите да патиме некогаш во животот од "љубов".
Емоциите не можеме да си ги мениме, такви сме какви што сме, ама сите се заљубуваат. Добро, верувам дека од секое правило има исклучоци, ама во глобала зборувам. Заљубувањето може да се скрие, ама не и да не се доживее.
А и не гледам причина зошто да банираме нешто што е најубаво. Болно некогаш, некогаш те дига до небо, некогаш те треска од земја, ама дефинитивно најубаво.
Да не мешаме баби и жаби, Заљубувањето е почетен занес, излив на емоции во односот. Сите луѓе се потполно несовршени, не треба ние да ги правиме совршени за да се заљубуваме по 200 пати дневно.
Во случај да веќе по 3 годнини заедно не си изнајдете непоправливи грешки - тогаш сте сродни души, не само заљубени. Тоа не може да се спречи. И не треба. Но заљубувањето може и во дадени случаи ТРЕБА!
Заљубувањето обично паѓа на ситни приучени финтички кај партнерот. Тогаш сме малку како замелушени и лесно не „фаќа“. А и таква е конструкцијата на односот на луѓето кои се заљубуваат да не гледаат рационално и да не се отвараат потполно. Секој си ги затскрива лошите навики дури не се осети потполно сигурен кон партнерот да ги отвори картите.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Ти веќе си се заљубила (inlove)
Единствено нешто што можеш да избегнеш е средбата со таа личност ако го промениш работното место...а тоа не верувам дека би направила...
но и тогаш можеби би ги избегнала средбите но чувствата не можеш...затоа препушти се и остај нека тече...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Не сум сигурна дали и колку е можно да одиме против сопствените емоции,но ете да речеме кога на себе приметувате дека сте на добар пат да се заљубите,а вие не го сакате тоа од Х причини,како би го избегнале
истото и дали е воопшто можно?
Кој добро владее со своите емоции и мисли може да ги контролира,да не се препушти на сето тоа,но сепак постојат некои работи кои не можат или е тешко да се контролираат.
Како би го извеле сето тоа,кога постојано се сретнувате со таа една иста особа,а во вас се буди вулканот на чувства во истиот момент кога ја гледате,а вие сте сигурни дека нит е време нит место за заљубување?
Би било интересно да се опишат и искуства на ова поле.
Кога се поставува вакво прашање,тоа значи дека веќе е касно,заљубена си!
Се сторе,малку си трудна!:rolleyes:

Требаше кај приватните семафори да завртиш лево.:mstickle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Lena