Злото постоело и пред Бога,за време бога,а и после него до ден денешен.Поред толку болни умови,психопати,манијаци,злочинци,има и луѓе како мене па и вас кои имаме нешто во нашите тела,мозоци или срце,незнам како да објаснам што не држи да не правиме лоши работи.Да не ни е тој страв,или таа верба во тоа непознато,што не држи да не скренеме од добри во лоши луѓе,сега ке бев некој масовен убиец,или криминалец.Затоа еднаш реков дека некогаш верувам а некогаш не верувам во бога,но има нешто кое ме држи да не бидам толку неверни Тома.Можда е совеста некоја сила,незнам,но нешто има сигурно.
Не може злото да постои пред Бог, ако одиме по христијанската теологија (јас ја викам митологија ама невермајнд).
Бог го створил светот, и денот и ноќта, и доброто и злото, и бактериите и пињаколадите, се` е тоа Негово дело, убаво си пишува тоа во библијата.
Мислам дека знам каде ти е недоумицата а таа недоумица не е само твоја туку ги мачела генерации и генерации христијански теолози, и не само христијански, имено постоење на зло при постоењето на семоќен Бог којшто е Љубов (добар).
Досега во скоро 20 векови на теолошки мудрувања сеуште не е најден соодветен одговор, троа се обидувале со вметнување на поимот `слободна воља` за да злото го прикажат како човеков избор, но и тоа паѓа на најелементарна логика.
Други се повикувале на првобитниот грев, отпадништвото на Адам и Ева како извор на злото. И тоа е на ниво на 9 годишен ресенчанец. Не оди шо не оди...
Науката....којзнае...има интересни истражувања дека постои извесен процент на луѓе кои се раѓаат како психопати и како такви се чисто зло. Можеби 1 на 100, зависи од географија. Зошто е тоа така не се знае, но сепак е така, постојат паразити во човечка форма. При тоа психо манифестации како убијци, манијаци, силувачи се и најмал проблем. Најголем проблем се капиталисти-олигарси, политичари, бирократи, генерали и свештеници бидејќи психопатската природа на тие битија им овозможува најбрз успон на општествената скала. А зад себе оставаат многу повеќе трупови од нивните импулсивни психо-браќа како Џек Мевосек и слични...
Останатото е....проекција. За да нормален човек стане `успешен`, па дури и за да опстане, мора да игра по правилата на системот изграден од психопатите при што и самиот манифестира психо карактеристики. Да се надоврзам со најпрост пример од погоре, сите ние испаѓаме манијаци пошто ради нас црнчат деца по рудници, им сечат раце и милиони раја умираат како комарци во Конго. Купуваме мобилни, that is. И ај живеј без телефон во денешно време?
Чарето е гадно и крваво, можеби најдобро сумирано во зборовите на Џорџ Карлин.
Или другото, несоработка со системот, Ганди и тие ствари но и тоа е гадно...