2 комични цитати од Новеченто - Алесандро Барико.
Свиревме три-четири пати на ден. Прво за богаташите од луксузната класа, потоа за оние од втората, а некогаш одевме и кај бедните емигранти и свиревме за нив, но без униформа, како што си бевме облечени, а понекогаш и тие свиреа со нас. Свиревме затоа што Океанот е голем и страшен, свиревме за луѓето да не почувствуваат како минува времето и да заборават каде се и кои се. Свиревме за да танцуваат, зашто ако танцуваш не можеш да умреш и се чувствуваш како господ. И свиревме Регтајм, затоа што тоа е музиката на кога Господ тансува кога никој не го гледа.
На која Господ ќе танцуваше, само да беше црнец.
----
Ladies and gentlemen, meine Damen und heren, Signore e signori, Mesdames et Messieurs, добредојдовте во бродот во овој пловечки град кој е исти Титаник, мирни останете каде што сте, господинот таму се заплука, добро го видов, добредојдовте на Океанот, кога сме веќе кај темата, што барате тука?, да не е облог во прашање, доверители ви се зад петици, доцните едно триесет години по Златната треска, сте сакале да го видите бродот и не сте забележале дека тргнал, сте излегле од дома само за миг да купите цигари, сега жена ви е во полиција и кажува беше многу добар човек, најнормален, за триесет години ниту една караница... Навистина што мајка барате тука, на триста миљи од каков било заебан свет и на две минути од следниот нагон на повраќање? Пардон мадам, се шегував, имајте доверба, оди овој брод како топче по билијардска маса на Океанот, так, уште шест дена два саата и четириесет и седум минути и плоп во дупката, Њујоооорк!