Абе во онаа надвор од интернет...што ние ја немаме де.
Да не терам оф топик таму...пак требало наводници да ставам.
Зборувам за оние Мајка Богородица случаи каде постои само еден, единствен, закоравен став - нивниот, и тој е најточен, а тоа, во случајов, е дека неверството е грев, дека неверните се *рандом навредливи придавки* и треба да горат во пеколот. А пошто бар моето опкружување, кое ја опфаќа отприлика онаа граница од 19 до 25 години, уште премногу зависи од мислењата на другите, па некој и да има поразличен став од тие најгласните моралисти, ќе се сложи и/или премолчи за да не испадне неморален во очите на Нејзината Светост. Оттаму и „истите“ ставови околу ова прашање.
Но, додај малку алкохол и одговорите се сосема различни.
Мислиш на лицемерието
Ah well...
Во идеален свет би имало поголем степен на искреност, раја која е верна би одела со раја која е верна, раја која е неверна би одела со раја која е неверна, како се викаа тие `отворени врски` или така нешто и сите задоволни.
Некои пак очекуваат верност до гроба без да се верни themselves, имам неколку драстични примери од кругот на познанства од двата пола, кои би паднале болни ако слушнат дека биле изневерени а самите си изневеруваат при секоја прилика... тука веќе се забегува накај ментална болест ...
А во Хунзистан и околните балкански црни дупки, моралот е олабавен во секој поглед, на арамија се гледа како на `способен`, наместил тендер - цар, проневерил пари - фраер, заебал бизнис партнер - му се може, рекетирал - мажиште etc. Али шта чеш, на мала територија собрани хунзи, арнаути, татари, четници, усташи and all sorts of scum.