Зумот не ти игра некоја голема улога мада не е и за занемарување, гледај пиксели, ауто фокус, резулуција на видео и што батерија има. Така да ја би избрала некој со литиумска батерија со послаб зум.
Ако е за видеото искрено јас би го заменил целосно за некоја подобра-за-мене спецификација, да речеме поквалитетни ноќни слики. (видео никогаш не сум имал потреба)
Сеа знам за батеријата дека си има своја бољка и едното е инфериорно спрема другото. Пикселажа горе доле тие се секаде - 14-15-18, не ми прави најголема разлика. Автофокусот е чинам ист кај повеќето.
Но ете кај Fujifilm видов ноќните скили се каша попара - затоа зумот им вришти до перфекција, за разлика Сони е малку поминорен од Никонот и во буџет, што мене ми одговара, ама ако сеа треба да вложам иљадарка плус за некои перформанси кои не се занемарливи и може да сменат, тогаш зошто да не Никон? Од друга страна па има Сони кои се подобри за нијанса ама имаат скок на цена.