Ќути да ти кажам

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Како било, од кај и да е небитно мене не ми се допаѓа кога некој коментира за нечиј изглед.
Оставив празно место после постот во кој ти се обратив, не ти давав совети, си пишував на темата.

Некој погоре имаше кажано дека молчаливите луѓе биле од некакво семејство што не ги научило на манири и не знам што. Само се надополнив на тоа дека се додека не ме нападне, и не мислев на повишен тон, него на физички напад, нема што да размислувам за нечиви трауми и патешествија од минатото.
Па и нема некоја разлика помеѓу „растел во некое ненормално семејство каде немал шанса да биде сакан и да научи манири“ и мислењето дека некој е физички неатрактивен. И двете можат да бидат многу точни, подеднакво навредливи и некому да не му се допаѓаат кога се изнесени на маса.
Иначе не знам зошто некој би нападнал некого физички туку-така, посебно не ако претходно горе-долу не знае и го знаеме каков е, ама ок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and existence

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
А што го нападнавте девојчето? Напишала еднаш негде дека не ѝ се допаѓа кога некој тотално се запушта. Ај читнете си малку овде така за потсетување...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
36
еее ова овде така само ќутите па после нема друштвени хехех
Со секој може муабет да се направи ама кој знае знае а зборови од уста не се влечат ако на другарот му е досадно
 
23 јануари 2014
10
4
3
36
Па и нема некоја разлика помеѓу „растел во некое ненормално семејство каде немал шанса да биде сакан и да научи манири“ и мислењето дека некој е физички неатрактивен. И двете можат да бидат многу точни, подеднакво навредливи и некому да не му се допаѓаат кога се изнесени на маса.
Иначе не знам зошто некој би нападнал некого физички туку-така, посебно не ако претходно горе-долу не знае и го знаеме каков е, ама ок.
Така е. Господ Бог нѐ создал сите еднакви и како такви треба да се почитуваме меѓусебно и да шириме љубов. Потенцирањето на нечии маани е неубав гест. Како што кажал самиот Исус пред да го каменуваат „Оној кој што е безгрешен нека го фрли првиот камен.“ Но луѓето се грешници и многу често подлегнуваат на искушенијата на рогатиот, па така и тогаш фрлале камења без да размислат што прават, како и сега што има луѓе кои уживаат да навредуваат некого без да размислат што прават. Но Господа има за секој од нас замисла, ако не постоеле таквите како пример немаше да знаеме како не треба да правиме.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
НЗС... забележав мнозина од форумов го имаат дадениот проблем. Лесно се приметува и по слабата раздвижениост на форумов.

Но, оти никој не се зафати за причините, суштината и можните решенија на оваа кочница во животот. Толку никој го нема надминато ова нешто?
пример:
@Kisserboy ...твојот пост го видов прв...еве ти ми изгледаш како фино момче... Имаш харизма, смисла на животот...
Кога ја приметуваш оваа појава кај тебе? дали оценуваш дека е во границите на нормалата или дека ти смета во дадени моменти?
Пред кого? Во каква атмосфера? Дали кај тебе се развива желба за да се смешаш во одреден муабет или се плашиш дека твоето не би се вклопило добро...
Да си отвориме занимација...
Ајде да си ги разглобиме глупостите што не мачат. Застрашувачки е уделот на луѓе што се плашат да зборуваат во живо.

Порано сум се запознал со луѓе од форум...батето без да здрви 2-3 уста не отвараше. Откако ќе се напие, почнува да зборува глупости...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Не сум запознала ниту еден од форум, но имам запознаено луѓе со кои играв онлајн игри заедно. Не сум таков тип да седнам на маса со некој што прв пат го гледам во живо, а сепак сум чатела месец два -три со него шеги ово оно, за на крај да си ги гледам врвците на патиките. Можеби и луѓето ми се погодиле -незнам. Сепак мислам дека со секој можеш да склопиш муабет. Сметам дека постои голем страв на денешницава од покажување на своето лице, страв дали ќе бидеш прифатен од другата страна исто како што те прифатиле во виртуелниот свет. Секогаш е полесно да ја треснеш шегата кога никој не те гледа во очи, ако ја прифати ќе прокоментира со наредно ако не хаха не ти бега ништо не губиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Мене ми се интересни луѓето кои на форум глумат лудило а во реалниот живот не знаат да скоцкаат два со два. Под поимот „не знаат“ не подразбирам молчење туку кога ќе ги прашаш, мислата им оди нон стоп на тривијални муабети. Просто осеќаш дека копираат мислења од друго место и се китат целосно со туѓи перја. Да не зборам за зависноста од општеството, пардон - масата и круговите на „друштвото“ во кои тие целосно самите се приспособуваат а подоцна зависат од истите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
НЗС... забележав мнозина од форумов го имаат дадениот проблем. Лесно се приметува и по слабата раздвижениост на форумов.
Уао. Ова е досега невидено забележување. А па доказот... браво.


Мене ако ми се свиѓа друштвото ќе зборам, ако не ми се свиѓа не ми е проблем да си преседам без ништо да зуцнам. Факт е дека е полесно да напишеш нешто отколку да го кажеш тоа, не мора да е форум, ете има и други медиуми и средства за пишана комуникација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Luckky

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
НЗС... забележав мнозина од форумов го имаат дадениот проблем. Лесно се приметува и по слабата раздвижениост на форумов.

Но, оти никој не се зафати за причините, суштината и можните решенија на оваа кочница во животот. Толку никој го нема надминато ова нешто?
пример:
@Kisserboy ...твојот пост го видов прв...еве ти ми изгледаш како фино момче... Имаш харизма, смисла на животот...
Кога ја приметуваш оваа појава кај тебе? дали оценуваш дека е во границите на нормалата или дека ти смета во дадени моменти?
Пред кого? Во каква атмосфера? Дали кај тебе се развива желба за да се смешаш во одреден муабет или се плашиш дека твоето не би се вклопило добро...
Да си отвориме занимација...
Ајде да си ги разглобиме глупостите што не мачат. Застрашувачки е уделот на луѓе што се плашат да зборуваат во живо.

Порано сум се запознал со луѓе од форум...батето без да здрви 2-3 уста не отвараше. Откако ќе се напие, почнува да зборува глупости...
Па искрено некогаш ми смета во дадени моменти сепак во овој животот ќе се најдиш во секаква ситуација и ќе те воведи во се и сешто иако имам само 19. Нормално се случило и тоа да се плашам од моето мислење особено кога сум пред некое друштво место со луѓе кој прв пат ги гледам и морам да зборам и не сакам да кажам нешто шо не треба и нешто шо не е непромислено. Али сепак тоа се случувало ретко, но се случувало..
Имаш харизма, смисла на животот... - Фала за убавите зборови, всушност таков сум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко