Не е до тројцата... Ете читам бројката е доста поголема. Повеќе луѓе ги кривите старците ко да се едини кои направиле геноцид, воен криминал, егзодус. Ете пошто гледам дека младиве (вклучувајќи ме и мене :зелен: ) сме изреволтирани кон односот на постарите кон нас, зошто ете не пробаме ние да бидеме поинакви од нив? Тоа е мислам едниственото орудие со кое сигурно можеме да тепаме. Вака да обвинуваме една цела старосна група за нешто што не е единствен партиципиент - чак што више си ја сечеме гранката на која седиме. За тоа време, било која моментална власт ќе си го фаќа сеирот и ќе го држи вечниот огин на раздорот да тлее.
Темава не е напад на поединечни старци, како шо кажав, баба или дедо на некој дискутант на темава кој би се навредил поради квалификациите упатени во вид на генерализација. Се работи за mindset, за `вредностите` кои цела една генерација ги остави на потомството.
Потенцијалот за промени а.к.а револуции/протести и слично - е задушен во колевка од тие стари и премудри генерации кои сега во 2014 година, милоста пастирова за бесплатен бус ја доживуваат како Маната божја која паднала од небото кај израилците. 19 годишниците имаат социјална свест на 80 годишен бот.
Која гранка? Онаа од 8050 денари месечно или онаа со партиска книшка за место во студентски, како шо спомена егзистенс. А тоа шо го спомена прилично објаснува.....шта речи...... сериозно, пробај некогаш ако имаш прилика на студент од рандом земја.... Пакистан.... Мали.... Парагвај..... спомени му дека за место во дом кој потсетува на напуштена лудница од педесетите или екс-советски магацин за складирање на биолошки агенси - пожелно е да си член на владеачката партија......и сподели реакција.... мислам она која привилегија човече........
Или мислиш дека старата генерација би подржала некакви протести?
Да не се повторувам со егзистенс ама поентата е таа. За радикални промени треба раја, мора да има tipping point. Сериозно се сомневам дека би се собрале и 20 души, бидејќи имам некои искуства околу слични ситуации.
Знам, Кастро и Гевара почнале со 86 души и тие работи, ама други времиња и други географии
На Куба успеа, во Боливија не.
П.С. Прашај постар човек што мисли за работење за 8050 денари. Клеопатра, балканска пророчица mode on :
а) шо, демек ќе ти се срони бисерот ако поработиш троа прекувремено за 8 миљарди?
б) тој е газда, леп ти дава а ти се буниш?
ц) дете не си играј, криза е, осум илјади-осум...кој ти ги дава?
д) не сте учени на работа вие младите, мрзи сте
Што би бил прв чекор? Расчистување со митовите, во случајов, митот за старечката мудрост и средновековните традиции кои ги влечкаат во 21.век.