Култот кон постарите

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не е до тројцата... Ете читам бројката е доста поголема. Повеќе луѓе ги кривите старците ко да се едини кои направиле геноцид, воен криминал, егзодус. Ете пошто гледам дека младиве (вклучувајќи ме и мене :зелен: ) сме изреволтирани кон односот на постарите кон нас, зошто ете не пробаме ние да бидеме поинакви од нив? Тоа е мислам едниственото орудие со кое сигурно можеме да тепаме. Вака да обвинуваме една цела старосна група за нешто што не е единствен партиципиент - чак што више си ја сечеме гранката на која седиме. За тоа време, било која моментална власт ќе си го фаќа сеирот и ќе го држи вечниот огин на раздорот да тлее.
А јас те прашувам што со тоа кога 20 души ќе бидат поразлични?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Работата е што не се 20 души.
Работата е што највеќе го слушам овој муабет токму од оние кои најмногу ќе се уклопат во шаблонот и ќе се претворат во старците кои некогаш толку ги мразеле. Додека некои ќе ги превоспитаат своите деца да гледаат барем малку поинаку кон постарите.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Работата е што не се 20 души.
Работата е што највеќе го слушам овој муабет токму од оние кои најмногу ќе се уклопат во шаблонот и ќе се претворат во старците кои некогаш толку ги мразеле. Додека некои ќе ги превоспитаат своите деца да гледаат барем малку поинаку кон постарите.
Кога ќе им се укаже шанса за работа ама да им треба книшка (или некоја слична ситуација), многумина од тие што ти го правеле тој муабет дека општеството не чини и дека треба да смениме нешто ќе си го свиткаат опавчето и ќе си извадат книвче и ќе ти зборат како тоа е само книшка, бла бла бла бла бла.
Тоа „учење“ на постарата генерација е многу длабоко всадено и во денешната. Не можеш да промениш ништо. Барем не сега.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Кога ќе им се укаже шанса за работа ама да им треба книшка (или некоја слична ситуација), многумина од тие што ти го правеле тој муабет дека општеството не чини и дека треба да смениме нешто ќе си го свиткаат опавчето и ќе си извадат книвче и ќе ти зборат како тоа е само книшка, бла бла бла бла бла.
Тоа „учење“ на постарата генерација е многу длабоко всадено и во денешната. Не можеш да промениш ништо. Барем не сега.
Можеш донекаде ако имаш храброст или поточно ако ги елиминираш границите на националната свест во која живееш.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не е до тројцата... Ете читам бројката е доста поголема. Повеќе луѓе ги кривите старците ко да се едини кои направиле геноцид, воен криминал, егзодус. Ете пошто гледам дека младиве (вклучувајќи ме и мене :зелен: ) сме изреволтирани кон односот на постарите кон нас, зошто ете не пробаме ние да бидеме поинакви од нив? Тоа е мислам едниственото орудие со кое сигурно можеме да тепаме. Вака да обвинуваме една цела старосна група за нешто што не е единствен партиципиент - чак што више си ја сечеме гранката на која седиме. За тоа време, било која моментална власт ќе си го фаќа сеирот и ќе го држи вечниот огин на раздорот да тлее.

Темава не е напад на поединечни старци, како шо кажав, баба или дедо на некој дискутант на темава кој би се навредил поради квалификациите упатени во вид на генерализација. Се работи за mindset, за `вредностите` кои цела една генерација ги остави на потомството.
Потенцијалот за промени а.к.а револуции/протести и слично - е задушен во колевка од тие стари и премудри генерации кои сега во 2014 година, милоста пастирова за бесплатен бус ја доживуваат како Маната божја која паднала од небото кај израилците. 19 годишниците имаат социјална свест на 80 годишен бот.

Која гранка? Онаа од 8050 денари месечно или онаа со партиска книшка за место во студентски, како шо спомена егзистенс. А тоа шо го спомена прилично објаснува.....шта речи...... сериозно, пробај некогаш ако имаш прилика на студент од рандом земја.... Пакистан.... Мали.... Парагвај..... спомени му дека за место во дом кој потсетува на напуштена лудница од педесетите или екс-советски магацин за складирање на биолошки агенси - пожелно е да си член на владеачката партија......и сподели реакција.... мислам она која привилегија човече........ :kafe

Или мислиш дека старата генерација би подржала некакви протести? :D

Да не се повторувам со егзистенс ама поентата е таа. За радикални промени треба раја, мора да има tipping point. Сериозно се сомневам дека би се собрале и 20 души, бидејќи имам некои искуства околу слични ситуации.
Знам, Кастро и Гевара почнале со 86 души и тие работи, ама други времиња и други географии :) На Куба успеа, во Боливија не.

П.С. Прашај постар човек што мисли за работење за 8050 денари. Клеопатра, балканска пророчица mode on :
а) шо, демек ќе ти се срони бисерот ако поработиш троа прекувремено за 8 миљарди?
б) тој е газда, леп ти дава а ти се буниш?
ц) дете не си играј, криза е, осум илјади-осум...кој ти ги дава?
д) не сте учени на работа вие младите, мрзи сте

Што би бил прв чекор? Расчистување со митовите, во случајов, митот за старечката мудрост и средновековните традиции кои ги влечкаат во 21.век.
 
Последна промена:

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се додека така размислуваме,дека тројца четворица па макар и еден,неможе да ги сменат работите кон подобро,ќе тапкаме шо би се рекло во место.
Сам ако не си го промениш светот,милијарда луѓе заедно нбеможат.
Може звучи како клише но тоа е реалноста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Се додека така размислуваме,дека тројца четворица па макар и еден,неможе да ги сменат работите кон подобро,ќе тапкаме шо би се рекло во место.
Сам ако не си го промениш светот,милијарда луѓе заедно нбеможат.
Може звучи како клише но тоа е реалноста.
Па клише е и досадна реченица без никакво значење. „Биди ти промената која сакаш да ја видиш.“ и слични глупости. Ај да речеме дека ќе бидам јас промената која сакам да ја видам. Колкави се шансите да не завршам во лудница, во затвор или под земја? Ги нема тие шанси. Ааах да, тоа ќе поттикне уште некој јадара јадара... и тој ќе заврши исто.

Ова општество е мртво. Мртво општество не може да напредува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen and Outrider

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Па клише е и досадна реченица без никакво значење. „Биди ти промената која сакаш да ја видиш.“ и слични глупости. Ај да речеме дека ќе бидам јас промената која сакам да ја видам. Колкави се шансите да не завршам во лудница, во затвор или под земја? Ги нема тие шанси. Ааах да, тоа ќе поттикне уште некој јадара јадара... и тој ќе заврши исто.

Ова општество е мртво. Мртво општество не може да напредува.
Работата е што премногу очекуваме за возврат и најчесто остануваме разочарани. Но има некои работи кои може да се контролираат од единката но за воља на вистината упорно ги нивелираме со морето на масата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Се додека така размислуваме,дека тројца четворица па макар и еден,неможе да ги сменат работите кон подобро,ќе тапкаме шо би се рекло во место.
Сам ако не си го промениш светот,милијарда луѓе заедно нбеможат.
Може звучи како клише но тоа е реалноста.

То је факат, реалистично согледување на ситуацијата дека треба да има одреден процент на популација кој би подржал промени. Каде и кога се случиле промени со двајца-тројца!? Мислиш Ганди (на кого му се припишува изреката) бил сам или со неколку души? Сатјаграха, неговото движење броело стотици илјади ако не и милиони...

Сега ок може да се споменат и локалните специфики затоа што секое место си има свои услови и динамики, ама тоа е веќе друг муабет.

Пак да прашам, дали мислите дека постарите генерации би подржале промени?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

Веќе подржуваат.Зарем не го согледуваш тоа?
Дури повеќе од што сме сами свесни.