hey wait a minute, whoa, whoa whoa... hold your horses.
Мислам дека кривиш погрешни луѓе.... Т.е. ја кривиш последицата а ја забораваш целосно причината... Барем ко човек од прагматични идеи, треба да знаеш колку и да лаеме по старците, ништо нема да смениме. Системот или поточно моменталните puppeteers се оние кои треба да знаат дека прават капитални грешки. А со тоа треба ним да им се укаже.
Да де, Бранко е крив оти некој нема осет дека у 8 сабајле луѓето одат на работа, на факултет, на училиште...
И баш во тој термин некој одлучил да се прошета...онака. Саат време покасно - њет! Касно Је.
Пред два дена додека чекав автобус, една баба од скоро 80 год, со штака, ме прашуваше кој автобус поминал сега ( додека она доаѓаше накај постојката). И кажав, ме размуабети и и викам каде волку рано? Нејзиниот одговор беше: „ Кај Фелинкишија ( не ни го запамтив името) ќерка и си дојде вчера, па да се видиме“
Абре аман, аман...у 07,30 сабајле ќе му се тутнеш на некој дома, во најголемата гужва за кафе да си пиете???
Се случувало да нема место во вторник и петок БУКВАЛНО да влезеш во автобус.
Епа јас неам пари со такси да се развозувам, ни па воља да излегувам еден саат порано за да стигнам на работа на време.
И кога реков држава во која пензионерите и администрацијата се во преден плана, мислев на сите бенифиции што ги добиваат они во смисла на покачување на пензии/плати, бесплатни превози, бањи дрн дрн...
Оти студентите да немаат бесплатен превоз еден ден у неделата? М? Одвишок пари имаат они? Спејс шатли возат па не им треба??
И уште нешто, едно е сјебан систем, а друго е недостаток на осет и култура.