Бесплатен градски превоз за пензионери

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Јас навистина не те разбирам!Зошто си толку контрадикторна?Жал ти е за бабати и дедоти што не живееле во сегашно време и да ги користат денешниве бенефиции(превоз,бањи здравство идр.)а против си сега за овие што ги користат тие бесплатни услуги!
Ама не се разбираме изглеа...Џабе објаснување...

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Луѓето за кои збориш се пензионери, стари, изнемоштени лица, кои цел живот работеле и се мачеле за тронка подобар живот, а не ја преседеле цела своја младост на компјутер или по цел ден да мавтаат со смартфоните во рака...а најмалце лопови-штетници
Зошто не се трули и продадени ? - дека во нивни години, се што е бесплатно е плус, дека со таа пензија што ја добиваат имаат доволно за да си ги платат сите давачки према државата, и тоа што ке остане од парите претежно иде за лекарства, а не за џумбус.

Прочитав и коментари од типот "едвај чекаат да дојде вторник-петок за да се возат по автобуси" - а што очекувате од тие луѓе кои по цели денови се досадуваат, немаат некакви поголеми обврски, немаат ни доволно приходи за барем во своите стари години да си припуштат автомобил па да си се возат по бањи и планини. Сега кога два дена можат да мрднат од дома без пари и да се помешаат со повеќето нивни врсници и да си го поминат денот мирно со муабетење, сите на "глава" им се качувате.

Размислете по кого "плукате" ... тоа се луѓе кои поштено цел живот работеле и си плаќале даноци за подобра иднина. Значи не биле лопови, да беа лопови немаше да ги гледате секој вторник и петок како чекаат бесплатен бус. Они имаат многу поголемо право за бесплатен превоз од било кој друг граѓанин.
(не навлагам во политиката и тоа дали е ова политички чин или не)
Колку само ти е жал за постарите а уште не си отишол дедо ти да го посетиш....:))))) и доста со самсунгот галакси с4 го мафташ во рака,и доста седиш на лаптоп на форум земи работи не туку дреми,мене децата ми спијат затоа сум на интернет....

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Испаѓа дека "државава" за едни мајка за други маќеа. (Некаде прочитав една мисла "Македонија ти станува мајка тек тогаш кога ќе излезеш од неа")
Инаку не ми смета што имаат бесплатен превоз,туку што не знаат со усул да го користат.Гужвата и некултурата од страна на одредени пензионери страшно иритира...

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk

Јас навистина не те разбирам!Зошто си толку контрадикторна?Жал ти е за бабати и дедоти што не живееле во сегашно време и да ги користат денешниве бенефиции(превоз,бањи здравство идр.)а против си сега за овие што ги користат тие бесплатни услуги!
еве препрочитај ми го пак погоре мислењето пошто си збунета малку.... :kafe
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мене воопшто не ми сметаат привилегиите што ги уживаат пензионерите, а и јаката привилегија е два дена во неделата да се возиш со автобус... Што е до мене, заслужуваат и повеќе. Не поради тоа што се вакви или онакви, не поради она што проживеале и доживеале, не за нивната возраст, ни поради она што ни дале или поради она што не подучиле. Првенствено затоа што се луѓе. И тоа луѓе кои го поминале своето и што ако два дена излезат малце да се прошетаат и да се подружат. Не им даваат бесплатен кавијар, само им заштедуваат 50 денари неделно. Голема работа.

Е сега, мене ми смета "културата" на некои пензионери. Не сакам да генерализирам и да ги ставам сите во еден кош поради "манирите" на поединци, како што не сакам поради поединци млади да ја дефинираат цела младина. Различни луѓе, различни карактери, небитно биле млади или постари. Ама ги има стварно некои неподноливи пензионери во автобус... Место да уживаат во вожња кога веќе само дома седат, или да си поправат муабет со другарките дур ги посматраат убавините на градот, тие се караат, трчаат низ автобус, мрчат, солат памет, колнат и се расправаат. И штета што би рекла баба ми што така покрај сувото гори и сировото.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Само јадете бурек и така ке остарите и вие, па вашите деца ке зборат исто -Што правеа старциве цел живот?Треба са се спотне задникот и да се работи а не цел ден на ова форумиве да се правите паметни!Македонија е убаво место за живеење(барем сеуште).Имам прошетано по светот и богами тамо се како роботи,не одат секоја вечер по кафичи,нема толку дружење,страв им е прозор да отворат.

Еве го тој глас на разумот, таа `сениорска` мудрост :)
`Требе да се работи синкo а не да се соли памет по интермецо`. Its like...classic.
Македонија е убаво место за живеење!? А за која маќедонија станува збор,за онаа од која млада раја бега како да владее епидемија на чума или некоја друга маќедонија, која егзистира на вестите на Сител? Би сакал да ја посетам таа маќедонија, многу било фино таму слушам...
Муабетот за `западњачките роботи` не би го коментирал воопшто...
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Само јадете бурек и така ке остарите и вие, па вашите деца ке зборат исто -Што правеа старциве цел живот?Треба са се спотне задникот и да се работи а не цел ден на ова форумиве да се правите паметни!Македонија е убаво место за живеење(барем сеуште).Имам прошетано по светот и богами тамо се како роботи,не одат секоја вечер по кафичи,нема толку дружење,страв им е прозор да отворат.

Ние што дремеме цел ден по форуми сме за никаде, вие другиве само работите, ниту кафе не пиете, интернет, фејсбук не ни знаете што е, па тоа се деца на ѓаволот. Вероватно на форумов седите само инкогнито, оти инаку цело време турбо работно е. Девојко, кој човек работи 24 часа на ден? Дојди во мојата дневна агенда, ќе видиш колку имам време, затоа по 1 мислење на ден дали ќе напишам.
Македонија дали е убаво место на живеење е субјективна работа, некому му е убаво, некому не му е. На кој му е, нека си седи, а тој што не му е, патот под нозе и нека оди каде што му е убаво.
Не знам кај си шетала ти, ама секаде има работно време каде се работи, потоа се шета или се пие кафе, а за дружење си е индивидуално од тоа колку човек е дружељубив. И јас сум била во странство на кратко, па веднаш се спријателив со многу луѓе. Значи до човекот е.
Не отвораат прозор, на јаглерод моноксид се моментално.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
hey wait a minute, whoa, whoa whoa... hold your horses.
Мислам дека кривиш погрешни луѓе.... Т.е. ја кривиш последицата а ја забораваш целосно причината... Барем ко човек од прагматични идеи, треба да знаеш колку и да лаеме по старците, ништо нема да смениме. Системот или поточно моменталните puppeteers се оние кои треба да знаат дека прават капитални грешки. А со тоа треба ним да им се укаже.

Да де, Бранко е крив оти некој нема осет дека у 8 сабајле луѓето одат на работа, на факултет, на училиште...
И баш во тој термин некој одлучил да се прошета...онака. Саат време покасно - њет! Касно Је.
Пред два дена додека чекав автобус, една баба од скоро 80 год, со штака, ме прашуваше кој автобус поминал сега ( додека она доаѓаше накај постојката). И кажав, ме размуабети и и викам каде волку рано? Нејзиниот одговор беше: „ Кај Фелинкишија ( не ни го запамтив името) ќерка и си дојде вчера, па да се видиме“
Абре аман, аман...у 07,30 сабајле ќе му се тутнеш на некој дома, во најголемата гужва за кафе да си пиете???
Се случувало да нема место во вторник и петок БУКВАЛНО да влезеш во автобус.
Епа јас неам пари со такси да се развозувам, ни па воља да излегувам еден саат порано за да стигнам на работа на време.

И кога реков држава во која пензионерите и администрацијата се во преден плана, мислев на сите бенифиции што ги добиваат они во смисла на покачување на пензии/плати, бесплатни превози, бањи дрн дрн...
Оти студентите да немаат бесплатен превоз еден ден у неделата? М? Одвишок пари имаат они? Спејс шатли возат па не им треба??

И уште нешто, едно е сјебан систем, а друго е недостаток на осет и култура.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Мислам дека не е само 8 часот, туку ги има некаде до 15-16 часот, после стивнува.

Ете, со неколку луѓе го имам правено овој разговор па има неколку горе-доле подобри решенија, меѓу едните е времето кога луѓето одат на работа (7-9 часот) како и кога истите се враќаат (15-16ч) да не биде без пари. Ама за тоа треба и контрола. А знаеш како е кај нас во името на контролата.
Ете друго решение е секој ден да им е бесплатен. Онака на тест месец-два колку да се види дали гужвата ќе се разретчи. После тоа да се средува дел по дел, како што би било најпогодно. Факт е дека они ќе го користат секој момент што им е даден-од-бога, но ете може и граници да се постават. Штета што контролорите кај нас се користат на многу погрешни цели и лош третман.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Здраво и убав ден ви посакувам!Мислам дека за да се решат гужвите во автобусите и тоа во шпиц време е САМО ПОВЕКЕ АВТОБУСИ да пуштат да возат а не чекам 4 пола саат на пр.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Здраво и убав ден ви посакувам!Мислам дека за да се решат гужвите во автобусите и тоа во шпиц време е САМО ПОВЕКЕ АВТОБУСИ да пуштат да возат а не чекам 4 пола саат на пр.
Не е баш најдоброто решение затоа што со повеќе автобуси се блокира сообраќајот. А сите знаеме дека поголемиот дел од градот зависи само од 4 главни булевари од кои само еден се користи масовно - партизански одреди. Тоа повлекува преуредување на целиот сообраќај од северо-источниот преку центарот до западниот дел. Друг проблем е зошто ете нема почести линии од ѓорче до водњанскиот дел или т.н. напоредни линии, пократки но почести.
Шпицот мора посериозно да се разгледа, во една година да се направат неколку тест периоди за да се увиди кое решение би било најдобро. Ни моево погоре не значи дека има некое целосно решение бидејќи потегнува голем дел во контролирање на билетите, а сите знаеме колку „добар“ третман се добива кога некој ќе нема или погрешил за 5 минути. Во град каде градскиот транспорт работи беспрекорно, би ги натерало дури и оние кои користат приватно возило, да се качат на автобус.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja