Бесплатен градски превоз за пензионери

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Многу се срамам.
Се срамам што живеам во држава кај што граѓани од прв ред се пензионерите и администрацијата.
Ние обичните смртници што сме движечка работна сила и плаќачи на даноци, сме толку небитни нАли.

И да, додека Стојна ја избркале од дома и цел ден ровари на автобуско матине, пошто гобленот и е завршен веч одавно, јас одам да работам 8 саата, работа која бара од мене максимална концентрација и одговорност.
Така да фак оф часна сестро!
Срамота!! Па ги избркале од дома кај сакаш да одат, нормално дека ќе си свртат едно кругче низ град. :zelen
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Многу се срамам.
Се срамам што живеам во држава кај што граѓани од прв ред се пензионерите и администрацијата.
Ние обичните смртници што сме движечка работна сила и плаќачи на даноци, сме толку небитни нАли.

И да, додека Стојна ја избркале од дома и цел ден ровари на автобуско матине, пошто гобленот и е завршен веч одавно, јас одам да работам 8 саата, работа која бара од мене максимална концентрација и одговорност.
Така да фак оф часна сестро!
hey wait a minute, whoa, whoa whoa... hold your horses.
Мислам дека кривиш погрешни луѓе.... Т.е. ја кривиш последицата а ја забораваш целосно причината... Барем ко човек од прагматични идеи, треба да знаеш колку и да лаеме по старците, ништо нема да смениме. Системот или поточно моменталните puppeteers се оние кои треба да знаат дека прават капитални грешки. А со тоа треба ним да им се укаже.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Многу се срамам.
Се срамам што живеам во држава кај што граѓани од прв ред се пензионерите и администрацијата.
Ние обичните смртници што сме движечка работна сила и плаќачи на даноци, сме толку небитни нАли.

И да, додека Стојна ја избркале од дома и цел ден ровари на автобуско матине, пошто гобленот и е завршен веч одавно, јас одам да работам 8 саата, работа која бара од мене максимална концентрација и одговорност.
Така да фак оф часна сестро!
Ти сигурно на работа читаш сликовници за деца и врска немаш но ако ти е срам од државава зошто не ја напуштиш?
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Можеби и би ја напуштила до сега ама најверојатно нема средства.Да отидеш некаде требаат пари,додека се снајдеш да почнеш да работиш нешто во странство ќесичето со алтани треба да е полно...не е туку така ....

А и на крај краева зошто би бегале од државата?! Државата е супер само луѓето во неа се трули и продадени души што се задоволуваат со бесплатен превоз,треба да се променат нештата а за тоа треба да се поработи, а не да се бега од државата.
Денес могумина си заминуваат од неа полека, полека се населува албанско население и полека полека Македонија ќе ја снема...а вие радувајте си се на бесплатен јавен превоз....
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И онака `советот` го послушале околу 400.000 најчесто млади граѓани од независноста до денес. Што за земја со 2.050.000 жители, барем на последниот попис пред многу години.......е феноменален `успех`.
Кој ќе го полни пензискиот фонд за 5-10 години е мистерија... ама тоа е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Можеби и би ја напуштила до сега ама најверојатно нема средства.Да отидеш некаде требаат пари,додека се снајдеш да почнеш да работиш нешто во странство ќесичето со алтани треба да е полно...не е туку така ....

А и на крај краева зошто би бегале од државата?! Државата е супер само луѓето во неа се трули и продадени души што се задоволуваат со бесплатен превоз,треба да се променат нештата а за тоа треба да се поработи, а не да се бега од државата.
Денес могумина си заминуваат од неа полека, полека се населува албанско население и полека полека Македонија ќе ја снема...а вие радувајте си се на бесплатен јавен превоз....

Луѓето за кои збориш се пензионери, стари, изнемоштени лица, кои цел живот работеле и се мачеле за тронка подобар живот, а не ја преседеле цела своја младост на компјутер или по цел ден да мавтаат со смартфоните во рака...а најмалце лопови-штетници
Зошто не се трули и продадени ? - дека во нивни години, се што е бесплатно е плус, дека со таа пензија што ја добиваат имаат доволно за да си ги платат сите давачки према државата, и тоа што ке остане од парите претежно иде за лекарства, а не за џумбус.

Прочитав и коментари од типот "едвај чекаат да дојде вторник-петок за да се возат по автобуси" - а што очекувате од тие луѓе кои по цели денови се досадуваат, немаат некакви поголеми обврски, немаат ни доволно приходи за барем во своите стари години да си припуштат автомобил па да си се возат по бањи и планини. Сега кога два дена можат да мрднат од дома без пари и да се помешаат со повеќето нивни врсници и да си го поминат денот мирно со муабетење, сите на "глава" им се качувате.

Размислете по кого "плукате" ... тоа се луѓе кои поштено цел живот работеле и си плаќале даноци за подобра иднина. Значи не биле лопови, да беа лопови немаше да ги гледате секој вторник и петок како чекаат бесплатен бус. Они имаат многу поголемо право за бесплатен превоз од било кој друг граѓанин.
(не навлагам во политиката и тоа дали е ова политички чин или не)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
И онака `советот` го послушале околу 400.000 најчесто млади граѓани од независноста до денес. Што за земја со 2.050.000 жители, барем на последниот попис пред многу години.......е феноменален `успех`.
Кој ќе го полни пензискиот фонд за 5-10 години е мистерија... ама тоа е...
Само јадете бурек и така ке остарите и вие, па вашите деца ке зборат исто -Што правеа старциве цел живот?Треба са се спотне задникот и да се работи а не цел ден на ова форумиве да се правите паметни!Македонија е убаво место за живеење(барем сеуште).Имам прошетано по светот и богами тамо се како роботи,не одат секоја вечер по кафичи,нема толку дружење,страв им е прозор да отворат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Нека почиваат во мир моите баба и дедо,до нивна смрт немаа никаква помош од "државата"...пензија ужас...не им стигаа ни за лек а па камоли на внуче да даде...ее барем да дочекаа бесплатен превоз па барем тоа нешто "бесплатно да им беше".И не само бесплатен превоз туку и бесплатно здраство да им дадат! А не ги е... у здрав памет "Бесплатно породување во систина"Ајдее бее!!?За жал ги искористуваат за други цели... И пак ќе речам смачено ми е од гужвата нека им дадат секој ден слободен превоз,така барем ќе се намалат гужвите.


Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Нека почиваат во мир моите баба и дедо,до нивна смрт немаа никаква помош од "државата"...пензија ужас...не им стигаа ни за лек а па камоли на внуче да даде...ее барем да дочекаа бесплатен превоз па барем тоа нешто "бесплатно да им беше".И не само бесплатен превоз туку и бесплатно здраство да им дадат! А не ги е... у здрав памет "Бесплатно породување во систина"Ајдее бее!!?За жал ги искористуваат за други цели... И пак ќе речам смачено ми е од гужвата нека им дадат секој ден слободен превоз,така барем ќе се намалат гужвите.


Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
Јас навистина не те разбирам!Зошто си толку контрадикторна?Жал ти е за бабати и дедоти што не живееле во сегашно време и да ги користат денешниве бенефиции(превоз,бањи здравство идр.)а против си сега за овие што ги користат тие бесплатни услуги!