Впечатоци од членови

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Се навратив на темава за да зборувам за едно девојче, што е дупло помало од мене :) Зборувам за годините. Сепак кога зборувам со неа, се чувствувам како да зборувам горе долу со врсник.
Прекрасна личност, со која можеш да разговараш за се’. Личност во која можеш да имаш доверба. Со добри познавања од светот и историјата. Оформени мислења за секоја тема на која зборува. Шири позитивна енергија.
Плени со својата самодоверба. Свесна е за своите квалитети и тоа е она што најмногу ми се допаѓа кај неа.
Кога нешто ти е дарено од Бога, почитувај го и истакнувај го.
Ова девојче... бога ми има што да истакнува.
Поздрав сограѓанке, Сара.13
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose and Сара.13

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Впечатоци од членови, темава неколку пати сум ја отворила со намера да напишам по нешто за некој, ама секогаш ми бил обидот неуспешен.
Некако не си дозволувам да ги формулирам впечатоците, ниту во позитивна, ниту во негативна смисла, оти колку и да читам што напишале, сепак не ми е доволни за да напишам конкретно мислење.

Морам само да го издвојам Arkantos , оти него го сретнав на друго место, каде што изнесувањето на сопствените мисли и чувства се правеше на еден поинаков начин, малку подлабок и поопширен од колку што е можно да се направи тоа на еден форум. И во однос на него, можам слободно да кажам дека сум пристрасна и си го доживувам како свој и како личност со еден куп позитивни особини и квалитети. Сигурно си има и свои негативни особини, ко секој од нас, би било преголема лага кога би претпоставувале дека некој од нас ги нема тие негативни особини. Но, реков, си го доживувам како свој и не се фокусирам на негативностите. Тие ми се само доказ дека тој е реален лик и човек, а не е измислена и убаво спакувана приказна.

Но можам да формулирам впечатоци од изнесените ставови.
И тука морам да ги спомнам melpomena, slb_bobo Electra True_Blood kones Lena The_Mayor Реми DarkPassenger Sarah (веројанто прошуштив некој, не ми замерувајте) и да кажам дека ми се допаѓа начинот на кој тие го гледаат и сфаќаат светот.
Нивните ставови ми оставаат впечаток на пошироко гледање и поимање на светот, животот, реалноста, луѓето...
И секогаш со мерак ги читам и со мерак ги провоцирам (и тоа без страв дека провокацијата ќе ја сфатат погрешно).

Нема да ги спомнам ставовите кои ми оставиле негативен впечаток, односно впечаток на тотално ограничено размислување, ограничено до степен на несфатливост, впечаток на несигурност и недоволна храброст за да се дозволи проширување или преиначување.
Уште еднаш, сакам да нагласам, дека зборувам за впечатоци од прочитани ставови, а не зборувам за впечатоци од членови (личности).
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Колку повеќе се зближуваш со некој на форумот, толку се поголеми шансите да се разочараш од истиот. Барем во добри 90%. Но за среќа, има надеж.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Општо земено за сите со исклучок на неколкумина мојот впечаток е дека се што ќе се рече (пише) тука се зема здраво за готово, не е убаво тоа, се надевам не сте такви и во реалноста.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Впечатоците за тие што сум пишал се горе доле исти.

@Аркантос
Понекогаш го гледам разумен на форумов, ама повеќето од времето имам поинаков впечаток за него. Повеќето од времето го гледам дека ко да сака да се истакне пред одредена група форумџики, а последно што ми го потврди тој впечаток беше кога @Сара.13 побара помош за некое си “видео пропратено со слики и текст“ (не сфаќам уште какво е тоа видео ама не е тоа муабетот) и никна тате од никаде дека ќе и` помогне за после да побара некое програмче што мене ми говори дека тате не сакал ни да дозволи некој случајно да се појави да помогне неговата можеби и омилена членка. Друг впечаток што го имам за него е дека често пати сака да биде оној кој исправа некого/нешто (последно, со @Хоуп* кога ја поправаше за правопис). Исто така имам впечаток за него дека вели дека е рисјанин, а уствари си ја толкува религијата како што му одговара.
Јас нагалено си го викам „тате“ пошто едно време беше „форумски татко“ на некои членки.

@Хоуп*
Охоо, од кај да почнам.
Контрадикција у најдобро светло. Првин беше дека форумот не чинел, администрацијата била за никаде, после стана модератор па членовите не ги бивало, администрацијата била супер. Човек што не знае да прими никаква критика, не сака никој да и` нападне став/мислење и мисли дека треба некој да и` каже „Браво“ за нејзиниот „труд“. Имам впечаток дека очајно сака да ја унапредат во супер-мод и исто така имам впечаток дека е многу избледена копија на нешто измеѓу @Electra и @True_Blood. Ах, ќе заборавев, исто имам впечаток дека на некој начин сака онака крвнички да ми се одмазди за медаљите. :zelen (ај да не продолжувам оти ќе ми тресне некој казнен :/ )

@Сара.13
Од никогаш не ми изгледаше на некој интересен лик. Уште од сам почеток ми изгледаше на просечна средношколка, ништо интересно, ништо исклучително, чисто просечен лик. Имам впечаток дека треба да прочита дефиниции за иронија, сарказам и гротескно. Ако не се лажам и нејзе „тате“ и` е омилен лик на форумов (нешто као форумско „на ти го - дај ми го“). Друго што ми оставило впечаток кај нејзе е желбата за истакнување и афирмирање од другите. Онака низ неколку постови имам приметено дека сака само пофалби и исто ко Надежда, не трпи многу критики.

@Outrider
Hallelujah некој интересен лик на форумов. Впечатоците од него ми се дека е секташ кој се има инфилтрирано на форумов како обичен член само за да навлече „жртви“ за во сектата. Доказ за тоа е што одма почна да ги хејта телемитските браќа @Хептаграм и @Abraxas и уште веднаш почна да ги напаѓа сите религии по форумот.
Шала на страна и од него имаше серија постови кои ете не ги очекував, поврзано со марихуаната и нејзините лековити својства и ете добив впечаток дека сака да си најде оправдување околу тоа прашање. Не дека е така, само таков впечаток имам.

@Хептаграм
Ако Јеховините сведоци окупираат територија со тропање од врата на врата и продавање религија, брат Хепта осваја територија така што се инфилтрира на секој форум во Македонија и секаде кај што дошол ги споделува неговите омилени линкчиња поврзани со некои си таму толкувања на Алистер Кроули, книги од Алистер Кроули, или нешто што барем еднаш спомнува за телимата и нејзините учења (да, од инает го викам со И, зашто е телима). Мојот впечаток е дека е тврдоглав телимит кој што многу често се прави дека не го гледа она што не му одговара или не му оди во прилог.

@Electra
Што да кажам? Не знам кој будала и` ставил Топ Модератор под никот. Ми даде казнен поен за без врска, јас се замуабетив со браќата она мене „На! Казнен!“. Јас се трудам да ја раздвижам темата за телима, а она ми враќа со казна. Инаку тоа што се прави дека гледа крими серии и дека ја интересира криминалистика и психологија е само преправање и ништо друго. Врска нема ни од обична дедукција, а камо ли па да направи анализа. А па со тоа сарказмот кој го користи само за да навреди и подбуцнува некој, само ја искажува својата желба за да биде интересна.


(имав (и уште имам) да пишувам и за уште неколку членови но во име на „доброто расположение“ на форумов ќе оставам за другпат)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Да си останам доследна на тоа дека не сакам критики, ќе напишам и јас впечаток за еден член, онака искрен, да си го тргнам од душа. Со ризик нели дека ќе немам мир после ова година дена...

@existence - ака Хаус - Кралот на сарказмот и иронијата!

Чист пример дека опсесијата со некој лик може да ти го уништи и здравјето. Опседнатост со сериски лик што му заматила очи за она што се нарекува граница. Јас лично за него имам впечаток дека го мрази цел човечки род, па ваљда зошто нема баш допирни точки со вистинските луѓе надвор, ни се одмаздува нас-форумските ликови.
Исто лик кој сака да омаловажува и навредува, и мислам да може ќе изнапцуе се живо и диво да е до него, ама Др Хаус нели не се изразува така, па морал да научи пар саркастични моменти од дијалозите на омилениот му лик и да ги користи и онаму каде стварно нема потреба. Битно е нели да бидеме саркастични...

(Човек на кој му се дозволува премногу тука само зошто никој не сака да си навлече на себе некој што константно провоцира и не знае да разговара без навреди и омаложувања... Ама такви се членовите, мирни и толерантни, никој не е дојден да се нервира нели, додека на други форуми жив би го изеле, и тоа заедно со бастумот на Хаус. А едно врапче и ми кажа дека нашиот ни мил Бобо бил изеден жив, и затоа и баш нас тука не удоволил со неговото присуство... Како вика баба да е жива - не можеш на магарето-удри на самарот.)
Мање битно тоа...

Можеби би делувал малце интересно ако не се повторува и повторува и повторува наекаде со истите муабети за сарказмот и иронијата и како тој е олицетворение на истите и само тој и никој друг! И никој друг! Никој друг не знае што е сарказам.
Има познавања од многу работи тоа може е единствената позитивна работа во карактерот на овој лик..
И имам впечаток дека existence, исто како и Др. Хаус е измислен лик кој не постои во реалноста. Барем така се надевам.
Малце ми е и досаден мене лично, посебно кога не може да се откачи од некој муабет ко пример овој со медалите, ама добро во недостаток на идеи и оние од пред 10 месеци се ок... И така, колку и да сакаш да се откачиш од него нема спас, еднаш си го закачил за врат-секогаш ќе ти стои на врат!
А јас би го дала и модераторството кое ми е се во животот, само да ми се тргне од глава :zelen:zelen
 
Последна промена:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
@Хоуп* ме изнасмеа ма,али битно си кажа отворено, си олесни на душичката :giggle,
е сеа мое мислење дека existence и не е толку лош лик колку што сака да биде и се преставува,барем јас имам таков впечаток.Во суштина и од досегашните искуства со луѓе,оние кои глумеле финоќа тие уствари испаднале најкатиљ,а оние што галамеле само,испаднале дека всушност и не се лоши луѓе туку само незадоволни од одредени работи,и се искажуваат најчесто со хејтање...
:gjavol
Сите сме дел од форумов,и интересно е да има различности (па макар и ко новите тролови што нудат крукчиња со магарето на две тркала,ако ништо друго човек ќе се изнасмее :D... )
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам за вас, ама јас потпис му удрив на Егзистенс за тоа што го пишал за мене. Се зезал или не, амин давам дека таа е сликата која ја оставам за себе и нема што да се лутам и да му замерувам, дури и сама се читам и фаќам во моменти кога ми иде да си врзам шамар зашто сум изреагирала ко некој маалски бедес, но нема бегање од тоа што излегло во моментот. Само ретко кој има тропки да ти го плесне тоа на виделина.

А зошто?
Мојот генерален впечаток пак за форумов, е дека сите сме, помалку или повеќе, едно (не)среќно, хипокритско семејство каде демек никому за ништо не му е гајле, ама секој за секоја ситница се замара и е зависен од тоа како другите ќе го перцепираат, и секако - перцепцијата мора да е позитивна, ако не - се плаче каде стигне и се паѓа во три депресии.
И малку сме досадни со тоа па тоа. Ретко на кого навистина не му чука, а Егзистенс е баш од тие.
Ако сме се фатиле веќе за него...
Не го бранам дека го знам, знае и тој да пецка по форумов, но бар никому не излижал газ само за да добие виртуелни поени, и наместо да цмиздри и изиграва финоќа, а ваму да го мисли спротивното и да работи зад грб, си кажува што има да каже. Ако тоа некого го прави да изгледа зависен од форум и немање живот, очигледно се лажеме себеси и треба да си се препрочитаме по инбокси. На некои пречи неговото однесување, на некои не, но не е убиец и психо бре ако го посочува она што го мисли и/или што можеби и други го мислат, ама го премолчуваат. Гледајте го ко роднината што иде на забава и ги остава сите со подзинати усти, и на кој, и покрај тоа што може секој од вас/нас му е мета, не може да одречеме дека горе-долу не сме такви. :D
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Тапа е егзистенс бре...Некни во автобус ме демнеше едно 10тина минути и тек после се поздрави.

Seriously
Тоа што го пиша Електра не е далеку од вистината. Само колку за паралела какви луѓе постојат на нетов, Егзистенс го правите ко да е не знам.... мрчатор прве класе. Не знаете за мрчење излгеда. Од друга страна па со делење само на позитивни комплименти форумот општо станува здодевно место каде сите потврдно климаме со главата, а како аргумент единствено нешто што го имаме е „прашање на вкус“. So predictable.

Општо со тек на време треба човек да прифати критика. Не секој е подготвен секогаш, но со тек на време треба да знае како е подобро да изреагира при туѓото мислење освен со веќе познатата мисла "let's agree to disagree".

Ете конкретно за Outrider на моменти имам мислење дека the lad just gets along with my stuff, а некад глеам се фаќа ко слеп за стап за некои тематики и релативизира до даске. Which in some manner it pisses me off ама интересно ми е да читам. Кога членовите најчесто ќе се сврзат за ставот а не за членот, (за одредените теми, не за оваа), тогаш ќе има и разбирање и дискусија.
Пример не можам да сфатам мрчење у стилот ова не чинело, оноа не чинело... а членот не мрднал подалеку од климање потврдни со главата/играчница теми. Бујрум ете имаш, ако не - отвори. „Ама нема луѓето да дискутираат, никој не сака да чита тоа“. Не сака, озбилно?
Ете, ќе се пронајде тука во постов, некој повеќе, некој помалку...
Малку отидов вон темата, но треба човек малку подалеку од себе да гледа за да ја види суштината.