Чет муабети (ти реков-ми рече)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Ова делува како строго технократска власт. Ако власта делува строго према научни стандарди пак нема да е на арно, сети се на Менгеле и Широ Иши, па и СССР бил претставуван како сајнс бејсд систем.
Научниците не би прифаќале да бидат администратори а почитичарите не се многу по науката...настрана тоа, на кој начин би се откажале политичарите од сегашниот систем?!
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net

Не се сложувам дека не би било на арно ако власта делува стррого према научни стандарди. Таквиот принцип е објективен и независи од ничии суети или лични интереси. Наместо политички препукувања, надмудрувања и пазарења чија цел е власта, би имале научни стандарди, чија цел би била откривање на двигателот или причинителот на човечките потреби и најефикасен пат до остварување на истиот. Моментално екстремно високи средства и ресурси се трошат во "заведувањето" на електоратот од претендентите за власт, само мал процент од тие средства кога би бил насочен кон основните потреби на општествата, разликата би била неверојатна.
Примерот со Менгеле не се совпаѓа баш со оваа идеја, бидејќи неговите мотиви биле итекако субјективни и засновани на илузијата за супериорна раса, нешто кое ниту било ниту е научен факт.
 
Било сосема научно во рамките на третиот рајх, науката е зависна од оној кој ја финансира, во случајот за `расна` агенда. Институтот Кајзер Вилхелм кој бил врна научна институција станал дувло на еугеничари и пропоненти на `расна хигиена`...

За да се воведат објективни научни стандарди би требало да постојат политичари кои би се лишиле од својот златен рудник во име на правичност, не гледам како тоа би се остварило ако се земе предвид дека политичарите многу малку еволуирале во овие 6.000 години... државата отсекогаш била механизам со кој група паразити живее на грб на останатите маскирана како механизам за одржување на луѓето во ред и поредок...
Можеби преку елиминација на политичките елити?
 
Третиот рајх бил тоталитарна диктатура, неможе да ги сметаш квалификациите од такви системи како само уште една гледна точка за тоа што претставува научен метод или наука. Калигула си го прогласил сопственото магаре за сенатор, но тоа не го направило магарето сенатор и покрај тоа што имало пристап во сенатот и му била укажувана таква чест.
Што се однесува до политичарите, тие се преставници на народот нели? Ако на референдум мнозинството реши дека сака поинаков систем на општествено уредување, тоа ќе биде нивната елиминација.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Тоа е мулти цитат. Кога кликнуваш на цитат .. рецимо сакам твоето мислење и на @Frank да го цитирам .. да не кликам 2 пати одговори па да скролам .. кликам на твоето цитат .. па на неговото и доле кликнувам на Вметни Цитати. Тоа е тоа.
Дај бе не ме тагнувајте, пола сат барам кај сум тагнат :)