Отварање нова тема.
Туку, одамна ви немам мрчено во врска со мрчењето на мрчењето на мрчењето...х25363 за форумов, ама има нешто поради кое ми иде да стројам и да вршам попис. Општо е застапен тој феномен, ама со скинов - кад је дан, нек је роџендан.
Со право да се побунат оние што голем дел од времето го минуваат овде, се интересираат, па им пречи нешто во читањето/пишувањето, ама никако не ми се јасни оние Богојавление појави, кои, придружени со харфи и светлина во позадина, се појавуваат кога треба да се соли...пардон, советува за „доброто“ на форумов, што ги има во цели 2-3 теми и чии мислења се најголем дел во критики/предлози и финтици во СДК, па потоа мистериозно исчезнуваат и демнат од сенка дури не наидат на нова прилика.
Као не знам, се скапавте од придонес, па сега нешто ве спречува? Или немате волја да не дружите со почесното присуство зашто некое копче, боја или член не ви е по ќеф? Ај ќе си играме паднати херои и ко некој хор во филм ќе го опеваме она што некои ликови го мислат зашто, нели, глупи се самите да го кажат, па на тоа ќе влечеме виртуелни поени дека сме душебрижници. Чуму?
Од самото постоење на форумов, тоа, па тоа. Убер провидно и досадно.
Замолчете некого и докажете се на дело, другово е само дуење виртуелни муда, пардон мај френч.
Вака само ко кучиња зад ограда ќе се с'скаме. Јеј.

А, едит: Ако толку е дојдено до скинот, нека има две верзии или бар нека се отвори посебна тема кој што мисли, вака само ќе изложуваме фрустрации кај стигнеме и никому ништо.