Стихови од Библијата

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Обрнете внимание на точката 7, голем дел од Христијаните не го знаат тоа а не пак да го практикуваат тоа како Муслиманите...
Вие знаевте?
1499601_738881676129853_193194979_n.jpg

Пошто тука се спомнува Мојсеј царот Изреаелски, се работи за стариот завет - делот кој евреите го имаат во својот „кошер“. Инаку и евреите не јадат свинско. Тоа што христијаните прават е поради мешање на културите од север. Кошерот не за џабе бил измислен. Пошто во таквите високи температури и месото нема долг век на траење. Посебно свинското кое е тешко за луѓето кои живеат на југ.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Марко 7:
14 Тогаш повторно го повика народот при Себе и му рече: „Слушајте ме сите и разберете!
15 Нема ништо, вон човекот, што би можело да го направи нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист.
16 Кој има уши, нека слуша!”
17 Веднаш, кога се оддалечи од народот, Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за смислата на параболата.
18 Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него,
19 зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти.

а ова каде го пишува?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
1. И Ѕверот беше фатен, заедно со лажниот
пророк, кој правеше чуда пред него, со кои
ги заведе оние, кои ја примија ознаката на
Ѕверот и кои се клањаа на неговиот лик; и
обајцата беа фрлени живи во огненото
езеро, што гори со сулфур. (Откровение
19:20)
2. А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше
фрлен во огненото и сулфурното езеро, каде
се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат
мачени дење и ноќе во веки веков.
(Откровение 20:10)
3. И смртта и Подземјето беа фрлени во
огненото езеро. Тоа е втората смрт,
огненото езеро. (Откровение 20:14)
4. И кој не беше запишан во Книгата на
Животот, беше фрлен во огненото езеро.
(Откровение 20:15)

Sagan,
Ѕверот кој е?
Спомнат е неколку цитати поназад кај што излага од морето и уште еден после него од земјата ,кој се тие?
 

Sagan

Полноправен Член
20 јануари 2014
29
54
13
Earth-Mars-Earth
kriminalist.macedonianforum.net
1. И Ѕверот беше фатен, заедно со лажниот
пророк, кој правеше чуда пред него, со кои
ги заведе оние, кои ја примија ознаката на
Ѕверот и кои се клањаа на неговиот лик; и
обајцата беа фрлени живи во огненото
езеро, што гори со сулфур. (Откровение
19:20)
2. А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше
фрлен во огненото и сулфурното езеро, каде
се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат
мачени дење и ноќе во веки веков.
(Откровение 20:10)
3. И смртта и Подземјето беа фрлени во
огненото езеро. Тоа е втората смрт,
огненото езеро. (Откровение 20:14)
4. И кој не беше запишан во Книгата на
Животот, беше фрлен во огненото езеро.
(Откровение 20:15)

Sagan,
Ѕверот кој е?
Спомнат е неколку цитати поназад кај што излага од морето и уште еден после него од земјата ,кој се тие?
Шејтан, Иблис од куранот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Шејтан, Иблис од куранот.

Има цел опис за нив....
ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава 13


1 А јас застанав на песокта од морскиот брег. И видов Ѕвер, како излегува од морето, кој имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња.

11 И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев.

....ови се ѕверовите,во понатамошните цитати се преставуваат во еднина "ѕвер" токму во тој цитат во кој ќе бидат фрлени во огненото езеро-страшниот суд.
Превод не барав ,прашав кој се тие,што гледал Јован?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Откровение: 16:13 И видов како од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегуваат три нечисти духа како жаби;

tumblr_lpqh0mKD3U1qgvi9ao1_500.jpg
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
1 Самуил 15:

2 Господ над Воинствата зборува вака: ‘Одлучив да се одмаздам за она што Амалик му направил на Израел, затворајќи му го патот кога излегуваше од Египет.
3 Сега оди и удри на Амалик, изврши проклето уништување, врз него и врз сè што има; не поштедувај го, погуби ги мажите и жените, децата и доилчињата, говедата и овците, камилите и ослиците!’”
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Има цел опис за нив....
ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава 13


1 А јас застанав на песокта од морскиот брег. И видов Ѕвер, како излегува од морето, кој имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња.

11 И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев.

....ови се ѕверовите,во понатамошните цитати се преставуваат во еднина "ѕвер" токму во тој цитат во кој ќе бидат фрлени во огненото езеро-страшниот суд.
Превод не барав ,прашав кој се тие,што гледал Јован?

Sagan!!!???? :(

Ајде да не се мачиш.

Секоја книга во најголем случај зборува само за човек,ништо друго!
Разделен до најмали детали и секој посебно наблјудуван давајќи му метафоричен израз на секој дел,а сепак во една целина.
На пример.

А јас застанав на песокта од морскиот брег. И видов Ѕвер, како излегува од морето, кој имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња.

Јован гледал човек-машко од неговото раѓање до неговата последна промена во старец и сето тоа го гледал во седум промени од бебе до старец,се раѓа од солена вода кое метафорично го нарекол море и тој што излага го прикажува во една целина односно дека има седум глави и десет рога мислејќи на десете прста кој имаат една мисла (тоа во наредниот цитат го спомнува) нив ги гледа како кралеви бидејќи на нив се ставаат прстени потсетувајќи го тоа на крал (крунисување).
Имињата богохулни ,се однесува на секој период човекот е именуван различно име(од своите родители ,од пријателите,разни надимаци и она име со кое се соживува човекот).
Понатака во цитатите дава споредби со животни,карактерисични за периодите ,брза да иживее с'е споредувајќи го со леопард и тежина во одот како мечка при што ќе придобие искуство и знаење со што ќе се издигне како орел.(овие делови се за умствениот развој).
Она за повредената глава,пробај сам да видиш кој е тој и зошто сите му слугуваат нему.

Вториот ѕвер.
11 И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев.

Јован гледал кон жената,таа излага од земјата како што е Ева создадена од Адам,затоа излага од земја ,а не до морето.
Двата рога како јагне мало се нејзините гради,ги бодат очите на секој(тоа повеќе е психолошки термин на нешто кое го одвлекува погледот) затоа ги преставува како рогови - бодат очи.

А огненото море во кој се фрлени ..тоа е само човек роден на земјата.
Огненото море е човековиот ум,во него се фрлени ѕверот(сите промени),лажниот пророк - егото и ѓаволот (ова смисли го сам),страшниот суд посојано е присутен и констатно се случува во умот на луѓето.

Поголем ѕвер од човекот на оваа земјина топка нема!

Откровение: 19:20 И Ѕверот беше фатен, заедно со лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, со кои ги заведе оние, кои ја примија ознаката на Ѕверот и кои се клањаа на неговиот лик; и обајцата беа фрлени живи во огненото езеро, што гори со сулфур.
20:10 А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во огненото и сулфурното езеро, каде се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков.
20:14 И смртта и Подземјето беа фрлени во огненото езеро. Тоа е втората смрт, огненото езеро.
20:15 И кој не беше запишан во Книгата на Животот, беше фрлен во огненото езеро.

;)
 

Sagan

Полноправен Член
20 јануари 2014
29
54
13
Earth-Mars-Earth
kriminalist.macedonianforum.net
^ Свашта... Ова на тарот карти ли ти се виде?
Кој тоа протумачил дека двата рога на сенилниот Јован се цицките на жената?
Од што сакате да разберете што видел Јован, си дозволувате да прајте каша со фројдовски термини, заборавајќи дека он најверојатно бил над 90, кога книгата е напишана.