Стихови од Библијата

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
КНИГА НА ПРОРОК ЕЗЕКИEЛ
Глава 42



1 А потоа ме поведе кон север, во надворешниот двор, и ме доведе во просторијата спроти заградениот простор, спроти зданието кон север.
2 Нивното чело на северната страна беше долго сто лакти, а широко педесет лакти.
3 Спроти дваесетте лакти вратата на внатрешниот двор и спроти плочникот на надворешниот двор беа ходници еден спроти друг на три ката.
4 Пред просториите беше премин кон внатрешноста, широк десет лакти и долг сто лакти. Вратите им беа свртени кон север.
5 Горните простории беа помали, зашто ходниците им го одземаа просторот, од долните и од средните.
6 Зашто беа на три ката, но немаа столбови како во дворот. Затоа горните простории беа потесни од долните и од средните.

Пирамида! :)
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
КНИГА НА ПРОРОК ЕЗЕКИEЛ
Глава 41



1 Потоа ме одведе во Храмот. Му ги измери полустолбовите: беа широки шест лакти од едната и шест лакти од другата страна.
2 Вратата беше широка десет лакти: на секоја страна по едно крило од пет лакти. А потоа го измери Храмот: беше долг четириесет а широк дваесет лакти.
3 Тогаш влезе и ги измери полустолбовите на вратата: два лакта; потоа вратата: шест лакти; па широчииата на вратата: седум лакти.
4 Потоа го измери внатрешниот простор: должина дваесет лакти, широчина пред Храмот дваесет лакти. И ми рече: „Тоа е Светина над Светините.”
5 Потоа го измери ѕидот на Храмот: шест лакти. Страничните простории беа широки четири лакти, сè околу Храмот.
6 Страничните простории беа една над друга, беа триесет на три ката. Во храмскиот ѕид беа сè наоколу, засеци, за да ги прифатат страничните простории. Така тие не беа вградени во храмскиот ѕид.
7 Широчината на просториите се зголемуваше од кат до кат, зашто тие се наоколу на катови, го опкружуваа Храмот, а Храмот, одејќи нагоре, оставаше сè поширок простор. Од најдолниот кат се одеше нагоре до најгорниот низ средниот.

Превртена пирамида :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
22 И сиот Храм го обложи со злато, сиот Храм и сиот жртвеник, кој е пред Светината над светините, го обложи со злато.
23 Во Светината над светините направи два херувима од маслиново дрво. Беа високи десет лакти.
24 Едното крило на херувимот беше пет лакти, а второто крило во херувимот беше пет лакти; имаше десет лакти од едниот крај на крилата до другиот.
25 И другиот херувим беше десет лакти: еднаква мера и еднаков облик на обата херувима.
26 Височината на едниот херувим беше десет лакти, така и на вториот.
27 Ги смести херувимите сред внатрешната просторија; ги ширеа своите крила, така што крилото на едниот достигаше до едниот ѕид, а крилото на другиот достигаше до другиот ѕид; во средината на просторијата крилата им се допираа.



dresses-for-dancing-foxtrot-sheath-style-white-wedding-dress-ruffled-tiers-open-back__full.JPG

со прекрасна игра на зборови го сокриле,а истото го доживувате (несвесно) ,ковчегот на заветот во кој умирате и се раѓате!
Светина над светините!:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena
23 јануари 2014
10
4
3
36
18 Никој нека не се измамува; ако некој меѓу вас мисли дека е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар,
19 зашто мудроста на овој свет е безумство пред Бога! Имено, напишано е: „Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство.”
20 И пак: „Господ знае дека мислите на мудрите се суетни.”
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Pica pica

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава 13

11 И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев.
12 И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена.
13 И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.

уффф ,колку страшен ѕвер,...(inlove)
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
ЈОВ
Глава 14
14 Зашто, кога човекот умре, зар може да оживее? Би те чекал во сите денови на своето војување, додека не дојдеш да ми дадеш смена.
15 Би ме повикал, а јас би се одѕвал; имаш желба за делото на Своите раце.
16 А сега дебнеш над секој мој чекор, не сакаш да ми простиш ниеден грев,
17 го запечати мојот престап во вреќа и ја криеш сета моја вина.
18 Навистина! Како што еднаш се урна планината, како што стената се одмести од своето место,
19 како што водата со време, го рони каменот, а поројниот дожд со буица ја испира сета земја, така ја уништуваш надежта во човекот.
20 Го притеснуваш - тој си оди засекогаш со изменето лице, го испраќаш.
21 Му ги почитуваат децата - за тоа ништо не знае; ако се презрени не размислува за тоа.
22 Тој единствено страда заради своето тело, тој единствено тагува заради својот живот.”
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
„Нека се засрамат сите што се поклонуваат пред слики и кои се фалат со идоли. Поклонете Му се, сите богови!“ - תְּהִלִּים 97

Техилим на „македонски“ е псалми што доаѓа од грчки Ψαλμοί - псалмои, песни со кои се слави богот (по се изгледа во придружба на инструмент).
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Обрнете внимание на точката 7, голем дел од Христијаните не го знаат тоа а не пак да го практикуваат тоа како Муслиманите...
Вие знаевте?
1499601_738881676129853_193194979_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Обрнете внимание на точката 7, голем дел од Христијаните не го знаат тоа а не пак да го практикуваат тоа како Муслиманите...
Вие знаевте?
Марко 7:
14 Тогаш повторно го повика народот при Себе и му рече: „Слушајте ме сите и разберете!
15 Нема ништо, вон човекот, што би можело да го направи нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист.
16 Кој има уши, нека слуша!”
17 Веднаш, кога се оддалечи од народот, Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за смислата на параболата.
18 Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него,
19 зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena