Телема

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Трето поглавје коментар кој се однесува од 4 - 18

Коментар.Крај за хуманистичката,блуткава сентименталност,која ја уништува човековата раса со намерно,вештачко заштитување на неспособните.
Каков е конечниот резултат од нашите фини " Христијански " фрази?Во старите добри времиња имало некаков вид на природна селекција,интелигенцијата и издржливоста биле неопходни за опстанок.Расата,како таква,последователно се подобрувала.Но ,ние мислевме дека знаеме,ах ,толку подобро и имавме " Христијански закон " и останати лапавици.На тој начин се намножија неспособните и ги загрозија способните,се додека на Земјата не и се смачи од таа мешаница.Не само што имавме војна,која уби околу осум милиони луѓе во цутот на нивниот живот,и тоа избрани луѓе,за четири години,туку и чума која уби шест милиони луѓе за шест месеци.
Зар ќе го повториме тоа лудило?Зар не би требало да го одгледуваме човештвото за квалитет,убивајќи ја секоја заразена единка,како што го правиме тоа со останатиот добиток и да ги искорениме штетниците со кои сме заразени?


Хај Хитлер ццццц :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Коментарот се однесува само на 18-тиот стих од „Книгата на Законот“ кој што гласи:
„Милосрдието нека се отфрли; проколни ги оние што сожалуваат! Убивај и измачувај; не поштедувај; биди над нив!“ - Liber AL, III:18

Јас нема што да додадам на коментарот од „Законот е за Сите“ освен да се прочита „Магика, Книга 4“, „Препород на Магиката“ и нормално „Магика без Солзи“ која содржи философски расправи во стилот на Ниче - зошто Христијанството подржува неспособност и слабост и како да се престане со тоа лигавење и бодрење на неспособниот или оној што не сака да живее! Се разбираме нели?


P.S. Поточно ова твоето „тажно језиво и гнасно жалење“ е Хај Ниче и неговата философија, а тоа што неспособниот Хитлер, следен од уште понеспособни луѓе направи лом - е друга сказна! :)

Како беше она: јас су одговорен за она што го кажувам, но не и за она како ќе ме разбере поединецот!
Затоа и се вели: Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон! Не сакаме заради нечие неразбирање и незнаење, да се осудува Законот!
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Па и нема што да се додаде на таква фашистичка изјава.
Нема да ме чуди ако во блиска иднина се појави партија како златна зора која ќе пропагира такви идеи,за некои тајни друштва од сенка ги реализираат своите закони.:(
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Нема не се плаши :)
Ќе знаеш пред да умреш кои Закони владеат!
Има што да се додаде, но не е за тебе тоа...

Не е фашистичка размисла, само реална изјава која не е оригинална размисла од Кроули како коментар на стихот.. Гушењето од страна на бедните по дух, неспособните, оние кои сожалуваат и чекаат сожалување направија боговите да си ги соберат парталите и да заминат далеку од очите на луѓето!
Затоа и „никој не ги гледа боговите“, сеуште се чека некаков спасител... бедно!

Не ти е фашистичка размислата: Еден е Бог, Исус Христос или Еден е Бог, Алах - а ти е фашистичка оваа изјава? :eek
Треба да се репрограмираш - лошо ги проценуваш работите!

Да бидеш убеден и да веруваш дека си грешен од самото раѓање е навреда за слободниот човек... на таков човек му смета вревата од оковите на „робовите од раѓање“. На секој нормален му смета тоа, нели :)

Зарем да те сожалувам? Бараш да те сожалуваат? Сакаш да ти се покаже милосрдие? Не верувам во тоа... :nerd
Зошто би барал такво нешто?
 

Yvette

Истакнат Член
26 јануари 2014
144
276
73
Сериозно? Навистина сте навлечени на чисти измислици што ги напишал Алистер Кроули? Ги погледнав постовиве што сте ги пишувале во кои го величите ова верување и искрено не можам да се изначудам. Не ве обвинувам, само се чудам. Да, се согласувам дека секој има право да верува во што сака и немам апсолутно никакво право да му го оспорам тоа верување, како што никој не може ни мене да ми го оспори правото да верувам во тоа што сакам. Меѓутоа, одвоив време да се запознаам со ова верување, ако ништо друго барем да прочитам во кратки црти за телемата и за нејзиниот "татко". Основачов на кој му се шепкани правилата од некој си наводно пратеник на богот Хор, наречен Авивас или Авиваз бил зависник од хероин до самата смрт. Ова ми кажува колку тој бил свесен во моментот кога ги пишувал книгите. И јас да сум на хероин кој знае што се нема да слушнам и видам. Колку и да бил интелегентен и начитан и не знам што неговава биографија не ми остава убав впечаток. Не се сеќавам дека прочитав некаде убаво нешто за него. Се занимавал со алхемија и магија. Во своите ритуали практикувал сексуална магија со мажи и жени. Whaaaat? "He offered a libertine education for the children, allowing them to play all day and witness acts of sex magic." Навистина? Ќе ми кажете дека тоа е нормално и здраво? Понатаму, ова верување или што и да е основано во 20. век (значи сосема нешто ново). Во никој случај не може да се споредува со христијанството, муслиманството или со било која друга религија. Колку што јас разбрав, мене телемата ми дозволува да си правам ама баш што сакам без да имам грижа на совест ама да стравувам од последиците. Ако некој ми ја попречува волјата јас ќе си го убијам и око нема да ми трепне, нема да мислам дека сум направила грев ама треба да бидам свесна дека ќе има последици нели? Ахам, да, сигурно. По ова верување кое одобрува убивање јас треба да се плашам да му ја попречам волјата на некој телемит поради тоа што тој ќе може слободно да ме убие? Не навлегувам понатаму, доволно ми беше се што прочитав. Прашањето ми е, дали и покрај се не убаво што е напишано за гореспоменатата личност, вие упорно и упорно верувате во тоа што тој го напишал и верувате дека тој го напишал сето тоа при здрав разум и потполно свесен? :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Најсериозно!

Може и да обвинуваш - ништо страшно :)
Не може да се споредува Телемата со христијанство и ислам! Точно ;)

Но со следниот текст ти го потврди она што Кроули го зборува по своите философски книги: Секој има право да ја извршува својата волја и никој не смее да го попречи во тоа. Ако го прифаќаш ова за себе, ќе прифатиш и дека ти немаш право да попречуваш нечија волја во нејзиното извршување!
Значи ако твојата „чиста волја“ е да убиеш некој... а тој некој има волја за живот - зарем нема да ја преиспиташ својата чиста волја?

И има разлика од извршување на својата чиста волја и правење што ти се сака без да се заморуваш со последиците! Треба да си будала да се обидеш да го скршиш законот на акција - реакција!
Тоа не е Телема и никогаш никаде не е кажано ова што ти го напомена, ами спротивното!

Да дообјаснам:
Секој маж и жена е Ѕвезда и има своја орбита! Таа орбита не е крута и предодредена патека по која Ѕвездата оди и не се заморува со ништо околу нејзе!
Таа патека е динамична и променлива и Ѕвездата треба да биде свесна за другите Ѕвезди кои ја привлекуваат или одбиваат! Така таа ќе биде постојано свесна за своето дејствување и нема да попречи патека - волја на некоја друга Ѕвезда, ниту ќе и биде попречена нејзината патека!

Во врска со едукација на децата, повели есеј (линк) од страна на Кроули што рекол за децата и како да се едуцираат. Па пресуди сама, не да читаш преџвакани туѓи размисли за Кроули, кој што рекол!

За наредните твои размисли за „правењето што сакаш“ реков претходно - тоа не е философијата на Телема! Прави што ти е волја не значи прави што сакаш! Напишав погоре зошто е тоа така во кратки црти!
А и прочитај ја Liber Oz (линк) за да ти биде појасно.

Ако ти е доволно за Кроули што си прочитала тука и на неколку веб сајтови - нека биде така. Јас имам читано дека човекот е комплексен за разбирање, и неговата философија и неговиот приватен живот во тоа време! Прочитај книги од човекот и пресуди каков разум имал, не верувај на нет информации за него и Телемата и О.Т.О. и А.'.A.'.!
Ете тука има 10 митови кои постојано се повторуваат за Кроули и кои се вистина. А овде ќе најдеш и 10 митови кои се апсолутна лага и начин да се зголеми читаност на некој сајт или книга!

П.С. Ние не градиме култ кон човекот Кроули и немаме потреба да го оправдуваме и правиме светец како што прават муслиманите со својот Мухамед или христијаните со својот Исус! Не се заморуваме со тоа што правел во приватниот живот! Неговата спална соба, негова работа. Неговото тело, исто така негова работа! Никој нормален не сака да биде Кроули и да прави се што правел Кроули! :)

П.П.С. Мило ми е што коментираше на темава... конечно некој нов „заинтересиран“ за Телемата.
 

Yvette

Истакнат Член
26 јануари 2014
144
276
73
Па пресуди сама, не да читаш преџвакани туѓи размисли за Кроули, кој што рекол!

Јас имам читано дека човекот е комплексен за разбирање, и неговата философија и неговиот приватен живот во тоа време! Прочитај книги од човекот и пресуди каков разум имал, не верувај на нет информации за него и Телемата и О.Т.О. и А.'.A.'.!

Никој нормален не сака да биде Кроули и да прави се што правел Кроули!:)

Погледни колку си контрадикторен. Прво човекот бил ок, но комплексен за разбирање итн итн, а од друга страна никој нормален не сака да биде како него. Сооднос? Никаде. ОК. Ти ми нудиш исто преџвакување само во позитивен контекст. Јас како и да е читам преџвакани информации, било од тебе или некој друг, било позитивни или негативни. На кого јас треба да поверувам во овој случај? Нормално одговорот ќе биде на тебе да ти поверувам.
Што сакам да кажам? Сакам да кажам дека сето ова мене не ми е некако нормално. Извини. Немам намера да се задлабочувам во темава, чисто само сакав да си го изнесам мислењето после се прочитано. Факт е дека бил на дроги, а сето тоа се ми кажува, без да читам колку човекот бил срцка или не. Никој не може да размислува под дејство на дрога. Не сакам да те навредам ни тебе ни останатите, само.. чудно е. Си ја отфралте сопствената религија за да верувате нешто што излегло пред само еден век. Тоа не можам да го разберам. Фала за понудените линкови. Ќе се обидам да прочитам се.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Погледни колку не ме разбираш... :kafe

Никој нормален не сака да биде некој друг, ниту би требало да сака да биде Кроули, ниту Исус, ниту Мухамед! Тоа е лудост, да си некој друг, а не самиот ти, твојата суштина! На тоа мислев... :) Не сме се разбрале...
Тука пак се враќаме на темата за Телема, односно Волјата кај човекот. Мислиш дека некој може да биде Кроули или Исус, или Ниче? Би го потрошил животот за да биде некој друг?

Половина од текстовите се излзени од перото на Кроули , за оние кај мене на блогот и пишува од каде се извадоците и од кои книги на Кроули, а оние од ac2012.com пак, за тоа ако имаш време истражувај и дознај дали лажат или не тие информации таму!
Реков, за да пресудиш за човекот, прочитај што напишал и што сакал да каже - не ми верувај ниту мене ниту на некој друг! Можеш сама да пресудиш, но ти требаат информации од прва рака нели :)
Ти упорно пак за Кроули каков бил, а не си прочитала ништо од него ниту знаеш што кажал!

П.С. Јас лично немам сопствена религија, јас не сакам да имам „сопствена“ религија, ниту отфрлам нешто! Никој тука во Европа нема „сопствена религија“. Има последна религија, но не и „сопствена“. Јасно нели?
И од друга страна, има иницијанти во Редот кои веруваат во свои богови. Немаме право да ги негираме нивните верувања! Телема нели :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Па и нема што да се додаде на таква фашистичка изјава.
Нема да ме чуди ако во блиска иднина се појави партија како златна зора која ќе пропагира такви идеи,за некои тајни друштва од сенка ги реализираат своите закони.:(
Зошто упорно го игнорираш правилото кое безброј пати е потенцирано и кое е суштина на телемата? Правилото кое гласи, дека ако со своите акти ја попречуваш волјата на другите, тогаш тоа е знак дека тие акти не произлегуваат од твојата вистинска волја?
Како може да споредуваш луѓе како Хитлер или организации како грчката златна зора, кога тие ова основно начело не го запазуваат?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI