Леле, немој јас да почнам дуплите ми профили да ви ги откривам...ај ај.
Него, уште колку ли кругови во пеколот ќе треба да се смислат дури да се опфатат сите?
Имам видено секакви будали, ама не се надевав дека ќе видам нешто ко денес.
Лејдис енд џентлмен, (х)еројот на студентски.
- А овде да пишем професор?
- Да.
- А кој е?
- Па тоа Вие треба да си знаете.
- Оој, па ја не знам.
- Во ред, остајте, не е битно толку.
И таман си превртуваш со очите во онаа гужва, уште што не си се онесвестил од сите тие опојни мириси и недостиг на воздух, следи кулминацијата.
- А кољко да ти пљатим за овој семестар? *ваѓа илјадарките од џеб*
И не би било толку трагично да не запишуваше
не втор, туку осми семестар...
Смијем се, а плаче ми се.
А, да...уште еден посебен, најдолен круг за оние што од мрза си ги праќаат родителите да им дремат по шалтери!