Анархизам

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
(facepalm)
http://en.wikipedia.org/wiki/Experiment

Така, така...државата ти гарантира безбедност а?:D
Наведи ги ако се повеќе од јасни.
Од сите слоеви? Дали имаш отприлика претстава кои се тоа `сите` слоеви, самиот поим е нејасен и општ и неможе да се изведе експеримент без да се знае точно кои. Затоа мора да се прецизира, пр. 3 арапи, 7 ескими, 5 кореанки (иако не е исто дали се од јужна или северна кореја, различна култура, идеологија, начин на живот), возраст, религиозна определба, социјален статус...

Тоа со планетата беше твоја идеја.
Не реков дека спомена 7 милијарди, јас споменав 7 милијарди во случај ако се земат `сите` разлики. Затоа треба прецизност,narrowing down, за да може да се дојде до резултати кои ќе ја потврдат или нема да ја потврдат хипотезата.http://en.wikipedia.org/wiki/Design_of_experiments

Значи имаш хипотеза, дека е невозможно група на луѓе со различни фактички (соц.статус пример) и/или замислени вредности (религија, нација) да опстанат ако не постои државен апарат кој ќе ги принуди на тоа или?
Јас мислам дека лишени од наметнати и замислени идентификации (богови,нации,суеверија,мистицизми...подржувани и глорифицирани од државите и религиозните центри) луѓето би имале многу повеќе простор за соработка и многу помалку причини за судири. Фри асосиејшн.

Whoever lays his hand on me to govern me is a usurper and tyrant, and I declare him my enemy.
Се повеќе мислам дека ни ти самиот незнаеш што ти е поентава на постовиве.
Да, имам хипотеза дека е невозможно група во која ќе биде отсликано човештвото да опстане без хиерархија, како поткрепа предложив експеримент, што не ти е јасно?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
(facepalm):ladno
Невозможно е да се собере група која ќе го отсликува целото човештво. Освен ако се соберат сите луѓе. А тоа е неможно.
Може да се направи група каде ќе има претставници на разни профили луѓе. Каква би била таа свеопшта група без фанови на Вест Хем или Феникс Санс, да речеме. Без алергични на глутен? Без лица со клаустрофобија? Без пијани турци? Итн. ad infinitum. Затоа мора да се земат ограничени параметри.

Дали ќе има контролна група со лица од различни профили кои ќе живеат под држава и дали после ќе има компарација на резултатите?
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
:D:D

Светов е во невидени стеги, натаманени од корпорации кои го управуваат, они револуцијата ја гледаат во легализација на марихуана и алкохол после 7. :D
Деца идете бе пред влез и раскажувајте како протестно се понашате по дома и нејќете боранија да јадете!
Не прочитав додуша све, ме мрзеше, така да однапред се извинувам на издржаните мислења.

Идејата е најмоќното оружје во светот, само чинам ние сме навикнати да ја потиснуваме константно и да се залажуваме со нечии утопии. Тоа ти е муабет у стилу:
- Ајде на протести, сите излегоа на улица, цел свет се крена на нозе!
- Е, каде бе по дождов?!

И како сакате да ви го легализираат хашишот рецимо, кога општо познато е дека во многу случаи помогнал за излекување на тешки болести. Како ќе профитираат фармацевтските компании, ако лекот е пет пари и лесно достапен?
На тие дебели корпорациски морони кои ги држат во рука, медиумите, компаниите, владите, не им одговара вистината и правото на избор. Вистинското право на избор, не она замачкувачко дејствие кое е креирано , подмукло и промислено...

Подржувам анархија, иако не верувам дека би функционирала онака како што треба.
И религијата е измислена да спречува хаос, па ироничното е тоа што најголемите војни, хаоси се поради неа.

Жалосно е тоа што малку се луѓето кои знаат дека не е дар од Бога што си жив, туку тоа е твое природно право, не е морал и етика она што им е наметнато, туку она што твојот разум го креира како такво...и тако даље.

Да додадам уште еден цитат од Филип Арнолд за крај.
„ Никогаш нема да бидеш слободен, се додека не се ослободиш од затворот на сопствените погрешни мисли.“
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
(facepalm):ladno
Невозможно е да се собере група која ќе го отсликува целото човештво. Освен ако се соберат сите луѓе. А тоа е неможно.
Може да се направи група каде ќе има претставници на разни профили луѓе. Каква би била таа свеопшта група без фанови на Вест Хем или Феникс Санс, да речеме. Без алергични на глутен? Без лица со клаустрофобија? Без пијани турци? Итн. ad infinitum. Затоа мора да се земат ограничени параметри.

Дали ќе има контролна група со лица од различни профили кои ќе живеат под држава и дали после ќе има компарација на резултатите?
Ниеден експеримент не пресликува идентично даден исход или ситуација. Тоа што е потребно е да бидат вклучени најбитните компоненти - психолошко - социјалните профили на човештвото. По еден или неколку преставници од секоја религија, од секоја култура, преставник од секое интелектуално ниво, од секое социјално ниво..итн, итн. Таа група да се остави да функционира без хиерархија со достапни ресурси во квантитет пропорционален со природните ресурси кои му се достапни на човештвово. Ако успее да функционира истата без хиерархија, тогаш ќе се согласам дека ахархијата е можен и функционален систем на уредување. Мислам дека бев јасен.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Анархија...а?

Анархијата е општествен систем кој е против општествените системи. Значи, не е класичен општествен систем.
Анархијата е слобода. Сите други системи само го користат името на слободата, а се само затвори. Тоа е само почитување на правилата.
Во анархијата нема ограничувања...а во сите други општествени системи има.
Анархијата е и преодна форма од еден во друг затвор. Мислам на револуција. Луѓето не се задоволни со постоечкиот затвор, па создаваат анархија. Тоа е времето на вистинската слобода. А потоа, во име на слободата се создава затвор - нов општествен систем.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Ке ми опростите за англискиот ама ме мрзи во моментов да преведувам.. Анархистите се еден вид на либертаријанци или либертаријанците се еден вид анархисти.. небитно..
Why be Libertarian?

As you go through life, chances are almost 100 percent that
you act like a libertarian. You might ask what it means to
“act like a libertarian.” It’s not that complicated. You don’t hit
other people when their behavior displeases you. You don’t
take their stuff . You don’t lie to them to trick them into letting you take their stuff , or defraud them, or knowingly give
them directions that cause them to drive of a bridge. You’re
just not that kind of person.
You respect other people. You respect their rights. You
might sometimes feel like smacking someone in the face for
saying something really offensive, but your better judgment
prevails and you walk away, or answer words with words.
You’re a civilized person.
Congratulations. You’ve internalized the basic principles
of libertarianism. You live your life and exercise your own
freedom with respect for the freedom and rights of others.
You behave as a libertarian.
Libertarians believe in the voluntary principle, rather than
force. And more than likely, you do follow that principle in
your everyday dealings with other people
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Анархија...а?

Анархијата е општествен систем кој е против општествените системи. Значи, не е класичен општествен систем.
Анархијата е слобода. Сите други системи само го користат името на слободата, а се само затвори. Тоа е само почитување на правилата.
Во анархијата нема ограничувања...а во сите други општествени системи има.
Анархијата е и преодна форма од еден во друг затвор. Мислам на револуција. Луѓето не се задоволни со постоечкиот затвор, па создаваат анархија. Тоа е времето на вистинската слобода. А потоа, во име на слободата се создава затвор - нов општествен систем.


Тоа е повеќе хаос, често злоупотребен поим изедначен со поимот анархија по светот...
Инаку анархија е состојба на непостоење на насилен авторитет во една средина, познат и како вертикален авторитет, без разлика на неговата форма и содржина.
Да напоменам, темава гласи `анархизам` кој е политичка филозофија и идеологија и не е еквивалент на анархија како поим.

http://en.wikipedia.org/wiki/Free_Territory
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
До кај стигнавме?
Тоа е повеќе хаос, често злоупотребен поим изедначен со поимот анархија по светот...
Инаку анархија е состојба на непостоење на насилен авторитет во една средина, познат и како вертикален авторитет, без разлика на неговата форма и содржина.
Да напоменам, темава гласи `анархизам` кој е политичка филозофија и идеологија и не е еквивалент на анархија како поим.

http://en.wikipedia.org/wiki/Free_Territory
зборот анархија значи "без ред". То не значи дека се мисли на безредие и насилство и хаос туку без авторитет. Анархизмот е политичка филозофија која го исклучува авторитет, барем оној наметнатиот, па така имате анархо синдикализам, анархо-капитализам, минархизам(Тука сум јас) и слични анархо-придавки..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
До кај стигнавме?
зборот анархија значи "без ред". То не значи дека се мисли на безредие и насилство и хаос туку без авторитет. Анархизмот е политичка филозофија која го исклучува авторитет, барем оној наметнатиот, па така имате анархо синдикализам, анархо-капитализам, минархизам(Тука сум јас) и слични анархо-придавки..

Без власт поточно, анархизмот како филозофија и идеологија го исклучува наметнаниот/вертикален авторитет, разните правци се различни ставови околу тоа како би се постигнало општество без власт, порано на пример имало правец пропагандисти кои мислеле дека со атентати и физичка елиминација на власта ќе дојде до промена, убиле еден куп кралеви, премиери, претседатели па дури и еден амерички претседател... it didn1t turn out the way they anticipated but still...

Минархизам беше некаква минимална држава, скелетон кру, што не е лоша идеја, но се поставува прашањето за можноста за такво нешто...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Некаде читав интересна идеја околу минархизамот каде се предлагаше 1% данок на сите финансиски трансакции, буквално сите, кој би бил единствена давачка кон државата чии службеници би морале да се снајдат со тоа што ќе се собере што сепак не би била мала сума. На тој начин би се спречиле многу злоупотреби и би се овозможило функционирање на оние државни апарати кои се навистина неопходни. Имаше и нешто околу поделба на државите на региони-држави за да се избегне централизацијата на моќта и укинување на сите царини и остали намети во трговијата меѓу таквите држави освен 1% данок.
Понатаму со таков буџет би било тешко возможно водење војна што би било уште еден бенефит.

Интересни идеи само што проблемот е што такво нешто не би можело да се избори по мирен пат. Преголеми се сумите кои се влеваат од `државен` во приватен џеб, дури и во една Британија таквиот корупциски трансфер на средства одлевал 120+ милијарди фунти годишно кои понатаму најчесто одат на сметки на оф-шор компании. За земји како мраќедонија и слични хорори, сумите се помали но далеку поголеми ако се земе како процент од БДП, зависи од степенот на корпуција и легализиран грабеж.
Кои политичари и бирократи би се одрекле од сето тоа? Според својствата на нивната психопатска природа, политичарите побрзо би умреле отколку да допуштат такви радикални промени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo