Ги прочитав речиси сите мислења на темава и нешто ептен ми бодна во очи, а тоа е дека од неколку членови неколку пати е споменато дека човекот сам си бара да биде под нечија власт, има потреба да има авторитет над себе, дека сам ја чувствува потребата за закони и правила и затоа анархијата не би била можна и сл.
Мислам дека се работи за погрешно толкување на природната потреба на човекот да учи и дека таа потреба за која неколкумина се изјасниле дека е потреба од некаква власт, е всушност потребата за учење, односно потребата за модел.
На човекот му е неопходно да има знаење за да може да преживее, инстинктите и интуицијата ни се во голема мера затапени, речиси и да ги немаме. Нашиот организам веќе од многу одамна почнал да му дава предност на интелектот и целиот развиток го сконцентрирал во тој дел од нашето битие, па затоа останатите, оние кои ги споменав, воедно и способноста на сетилата, па и физичката моќ, ни се затапени во однос на друѓите живи суштества со кои мораме да ја делиме планетата.
Човекот нема да опстане ако не научи како може да опстане, затоа има потреба од некој кој би му го пренел знаењето и искуството, а кога ке научи може да преживува делумно самостојно (велам делумно бидејки човекот живее во група) и понатаму тој да го пренесува знаењето кое го има.
Во системот каде што има власт, тогаш таа власт одлучува кој ке го премесува знаењето и кое знаење ке биде пренесувано, на каков начин, во какви услови, во колкава мера и за каква цел. Додека во слободното општество во кое не постои власт, секоја единка ке може да си пронајде модел според кој ке сака да се развива, на тој начин знаењето не е наметнато, доброволно е, човекот учи онолку колку што му дозволува капацитетот или онолку колку што сака или смета дека му е доволно. Сам си ги одбира начините, условите и целта.
И што е најважно, власта секогаш има некакви закони според кои кој, кога, што и од каде може да учи што воедно представува и сакатење на човековиот род, додека во одсуство на влас, секој би можел да го искорити тоа природно право на стекнување на знаење секогаш кога ке сака, колку ке сака и од каде ке сака.
Не мора да објаснувам колку може да биде ефикасно наметнатото учење наспроти она што доброволно ке го одбереме според нашите интереси и способности и мислам дека не морам да објаснувам кој би бил подобар учител - оној кој пренесува знаење со своите постапки или оној кој го наметнува со сила.
Човекот има вродена потреба да следи модели за кои смета дека му се од корист, а не вродена способност да следи некаква си власт, каква и да е.
Можеби ке поставите прашање од типот ,,а кој би се нафатил да биде учител без да биде уважуван, без да биде издигнат како авторитет, без да добие епитет на лидер, водач, без да има некаква корист од тоа?'' и сл.
Јас на тоа би одговорила - секој. Секој оној кој со својот начин на живот, кој со своите способности ке биде позитивен модел за тоа како треба да живее еден човек би бил учител, а учењето не мора секогаш да е директно, затоа ве молам не го замислувајте како она на кое сме навикнале во училница, 45 мин. во клупа и сл. Тоа се случува и денес, луѓето секогаш многу повеке учат надвор од училишните клупи и најчесто учат од личности кои не им се физички блиски, некои од нив дури и не живеат во исто време.
Можеби и не сум во право но родителите пред се би требало да ја завршат таа работа барем до пола. Тоа што денес родителите немаат време да се замараат со своите деца па ги праќаат во градинки, целодневни престои, секакви курсеви... е само една од последиците на постоењето ва власта која што наметнала таков начин на живот кој што воопшто не е дел од било кој природен процес. Насекаде во природата родителот е првиот и најважниот учител на детето и никаде во природата не постои родител кој има авторитет врз детето, тоа го има замо кај човекот и е многу погрешно, но за тоа друг пат во некоја друга тема.
Понатака како што секоја единка ке си се развива, така и ке си ги осознава своите интереси и способности и кон тоа самата ке си се ориентира и во тој случај не би размислувала да учи нешто кое што би и овозможило материјална сигурност, туку нешто кое што би овозможило развој и искористување на целиот свој потенцијал (физички, психички, креативен...), а сето тоа во глобална смисла би значело и искористување на целиот потенцијал на целото човештво, па пробајте да го замислите целиот тој напредок кој би бил можен во такви услови.
Друго е тоа што кога би се имала максималната слобода, би се развило и некои поголемо ниво на свеснот кај човекот. Со самото тоа што човекот би бил препуштен сам на себе за да си ја обезбеди сигурноста, тој би си ја усмерувал енергијата малку и на развивање свесност за да може си го овозможи тоа, така да законите кои што наводно гарантираат некаква сигурност, не би биле воопшто потребни и не би постоеле, а со тоа не би постоеле никакви кочници на човековата лична слобода. Всушност, ако човекот пред себе има модел на човек кој успеал да си ја обезбеди својата сигурност и покрај максималното користење на својата слобода и не му е забрането да учи од истиот, тогаш тој не би имал никаква потреба од некој авторитет, власт закон и сл.
Слободата не му прети на човекот, напротив, тоа е најдоброто нешто што може да му се случи. Секоја форма на власт од човекот прави роб и ги потиснува неговите потенцијали, му ја усмерува енергијата во корист на оној кој ја диктира власта, а не во корист на човештвото или на човекот како индивидуа. Секој систем кој е управуван од вертикална форма на власт е создаден така што мора најпрвин да ја обезбеди моќта и сигурноста на оној кој стои на врвот на таа власт.
Слободата е можна. Мислењето дека слободата води кон уништување и дека е катастрофална по човештвото е наметнато од оние кои го создале системот, всушност на тој начин е и создаден истиот, со таков вид на манипулација.
Нормално е власта да се плаши од слободата на човекот, бидејки слободата е најголема закана за власта и нормално е да не заплашуваат со такви приказни дека човештвото мора да има власт.
Доволен е фактот што слободниот човек е предок на поробениот човек, за да сфатите дека може да се живее слободно, во спротивно ни едниот, ни другиот не би постоеле.