Пред 1 година се зачленив, форумов ептен беше тазе.
Си реков, да одморам јас некое време, може ќе ,,пораснат,, - очекував друг тип на луѓе повеќе да навратуваат.
Сега, после една година, сфаќам дека некои ,,жешки,, теми останаа така како што ги оставив, а се полнат теми од типот ,,најфенси маскара,, ,,најсекси машки задник,, ,,што би и рекле на саканата,,.
За таков муабет, не би ни седела на форум.
Можеби е до мене, ама јас сакам дискусии, а под тоа не подразбирам дали црните или белите боксерици се посекси, или каков тип на мажи останатите форумџики сакаат.
Да не бидам сфатена погрешно, релативно малку сум тука - иако сум одамна зачленета, некои дечки и никовите ги промениле - сепак, не можам а да не забележам дека оние со кои може да се дискутира, се сосема истите луѓе со кои се дискутира на еден друг форум, каде што сите ние сме далеку поактивни.
За форумот како форум да добие свој лик и свои препознатливи карактеристики, потребни се луѓе.
Не знам сопствениците по што сакаат тој да биде препознатлив.
Се надевам на подобро во иднина