Психоанализа на форумџии (читај воведен пост)

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ај една анализа ко за мене. Пошо веќе ми предложија да се проверам на 5-ти кат на Прилепска болница :)
Кај Јохан??? Не би рекла....арен си си...:)
Ај да пробам...:)
Прво нешто што ми паѓа на памет со оглед на бројот на постови и твојата активност е дека станува збор за комуникативна личност, отворена за дружба и за нови пријателства, сакаш да слушнеш и да делиш мислења, ама со усул...за се си има свое време и место...
Паметно, умно дете, трудољубиво пред се’...
Едноставен, тоа е второ што ми паѓа на памет....краток, јасен и конкретен...без многу “тупење“...
Лежерен и опуштен...не си цепидлака, човек кој ги прифаќа работите и луѓето околу него онакви какви што се, не се трудиш да ги смениш...
Знаеш што сакаш, ама не форсираш по секоја цена, одма да дојдеш до тоа...стрплив, толерантен...
И сакаш исто таква девојка, лежерна, опуштена, спонтана...да ви оди муабетот, да ти е забавна и пријатна, ненападна, без многу шминка, и “girly“ работи на неа...друштвена...паметна...
How am I doin' so far? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Да пробам јас нешто ако може :zelen

alf мене лично, ми изгледа на мудар човек, можеби постар од мнозинството тука, но со млад и ведар дух.
Тоа што во шахот не гледа само разонода, него и лекции и тактики за помош при битките низ животот, а мене посебно ми се допаѓа и така си го протолкував, ваљда кажува дека Алф е човек кој знае да ги цени работите и од секоја навидум небитна ситница знае да ја најде најголемата мудрост.

Отворен, комуникативен, друштвен... Тоа го гледаме секојдневно низ дружбите по кафичите.
Човек кој не го менува своето мислење и во чести случаеви сака и да го наметне по секоја цена, доследен на свои ставови, но често не почитува туѓи...
Мене ми изгледа и како член кој донесува брзи одлуки и често пишува и ваљда и зборува во афект, но и член кој после одредени недоразбирања не те гледа како смртен непријател и не се труди по секоја цена да ти го уништи престојот тука, а тоа ме тера да мислам дека не е злопамтило, напротив добар човек кој простува, заборава и продолжува напред.

Можеби лоша страна е тоа што Алф знае и да потцени и омаловажи член на некој помалце саркастичен, ироничен и брутално директен начин, а тоа те тера да мислиш дека не би сакал да започнеш дебата со него доколку имаш различен став, па само ќе го почастиш локумче и тераш даље :D

Еве колку да не чекаш - една скромна анализа. Колку толку, какво такво, боље ишта него ништа :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Дај ми малку време,не е едноставно тебе да те опише човек со сите позитивни и негативни карактеристики(или бар еден мал дел од нив) :sreken
Го имаш целото време на располагање. Јас не можам да ти дадам или одземам време, да можев ќе ме викаше Бог.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Го имаш целото време на располагање. Јас не можам да ти дадам или одземам време, да можев ќе ме викаше Бог.
Чедо Божје,
интелигентен,
егоистички настроен,
со смисла за хумор(саркастичен хумор)
сакаш кога другите се подолу него ти.
Своите чувства ретко ги отвораш пред другите,
некој би те нарекол бесчувствителен,но тоа не си само затворен во себе.
Амбициозен,се трудиш да го пронајдеш своето место во општеството,
приземјен не леташ многу,времето не го трошиш интересирајќи се за туѓи мислења и животни приказни повеќе си заинтересиран за она што тебе те интересира и кон остварување на твоите цели.
Дружељубив,но не со секого.
Друштвото ти е одбрано и да би пуштил некого во твојот живот,потребно е таа личност да помине неколку тестови.
Кој те има за пријател,те има засекогаш.
Монотонија и предвидливост те замара.
Ја сакаш музиката,
сакаш пиво и сакаш да си го храниш егото со тоа што успеваш другите да ги спуштиш доле на фин/елегантен начин,а тоа ти претставува воедно задоволство.
Многу добро се познаваш себе и ти се допаѓа кога не си омилен.
Сакаш кога имаш контрола над ситуациите во кои се наоѓаш.
Имаш талент се што ќе прочиташ да го задржиш во себе.
Сакаш да учиш ново и кога една тема ќе ја обработиш и совладаш до тој степен да си профи на таа тема,преоѓаш на следната.
Не ти се допаѓаат недовршени работи.
Е толку,другото ќе го оставам за себе :D


ps.Мене ми се допаѓаш како карактер таков каков си,а за другите не знам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Luckky