Препораки за филм (општа)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Walk the line(2005)
http://www.imdb.com/title/tt0358273/?ref_=nv_sr_1

Со неверојатниот Joaquin Phoenix и Reese Witherspoon.

Уф... што да кажам. Објективно - ова е биографска сторија за мега популарната икона на R&R музиката Џони Кеш. Нормално од неговиот зачеток и траумите од детството, преку неговото постепено качување по скалите на славата, подемите и падовите....Навидум стандардна приказна кај скоро секоја поп икона. Но мислам тој што го правел филмов знаел доста добро што најмногу му извршило влијание на турбулентниот живот на Кеш, така да во одредени моменти го тера човека сосема да се соживее со главниот лик и да си рече - мајко моја, што правам јас со себе. Поради траумите од раното детство, Џони уште на почетокот е изграден како многу мрачен лик. По загубата на одредените личности, тој едноставно не може да се созеде и едноставно од него испливува агресивниот депресивен борец, кој си нанесува огромна болка на себе. Феникс како актерска екипа е мислам најдоброто нешто што можеше да се одбере. Мрачен, темен.... "во одело за погреб."
Од друга страна ја имаме June, кантри пејачка која соработува со него, но исплашена од претходната врска, па и донекаде разочарана од тоа како Кеш ги има тие мазохистички нагони, иако води некаков баланс, сепак не се оддава така лесно. Како актерска екипа Риси ме изненади доста позитивно затоа што немав некое превисоко мислење за неа предтоа, но тука просто ме воодушеви со нејзиниот јужњачки акцент.
Самиот наслов „Walk the line" кажува за една тенка црвена линија во светот на популарноста и како таа може да биде лесно пречекорена. Потребен е само баланс. Во последните неколку реченици човекот ја сфаќа целосната поента дека љубовта и тоа како го врти светот на музиката.
Од мене има 8.5 најголема заслуга ради Феникс како глумец, потоа и начинот на прикажување на сторијата за Кеш. Топло препорачувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Некој со некој добар предлог за филм со шизофренија, лудници, двојни личности, параноја или нешто слично?

Сум ги гледала Beautiful mind, Benny and Joon, The fisher king, Shutter island, Pi, Fight Club, The machinist, Identity, Mr. Jones, One Flew Over the Cuckoos Nest, Donnie Darko и сигурно уште некој што не ми текна, па ако има некој предлог, а да го нема погоре нека пише, мада малку е веројатно, ама да си пробам...

А и патем, кој сака филмови со таква содржина, нека ги изгледа тие што сум ги набројала.


дали спаѓаат овие во тие што не ти текнуваат?? :)
http://www.imdb.com/title/tt0366627/ The Jacket
http://www.imdb.com/title/tt1231277/?ref_=nv_sr_1 S.Darko
http://www.imdb.com/title/tt0289879/?ref_=tt_rec_tti The Butterfly effect
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Замисли да :D
Освен овој вториов, ама гледам има оцена 3,5 а јас не сум сретнала филм на имдб помал од 5 до сега... Толку да е лош?
Може кратка рецензија за него ако не ти е проблем?
И фала...


Доколку збориме за Samantha Darko таа е сестра на Donny Darko. Приказнава во филмов се случува после неколку години (мислам 7 дека беа) по смртта на брат и...таа е млада, убава 18 годишна девојка која со најдобрата другарка идат на патување во Лос Анџелес за да станат професионални танчерки. По некое време Саманта добива чудни визии, како брат и. Почнува да месечари и да не се сеќава што се случувало претходната вечер...и да, лош е! Очекував повеќе како и првиот дел, но се разочарав...у кратки црти, според мене: не га бива :nah

а си ги ѕирнала ли и овие:
http://www.imdb.com/title/tt0897361/?ref_=tt_rec_tti I Know Who Killed Me
http://www.imdb.com/title/tt0114746/?ref_=tt_rec_tti 12 Monkeys
http://www.imdb.com/title/tt1220198/?ref_=tt_rec_tti The Fourth Kind
http://www.imdb.com/title/tt0181689/?ref_=tt_rec_tti Minority Report
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Некој со некој добар предлог за филм со шизофренија, лудници, двојни личности, параноја или нешто слично?

Сум ги гледала Beautiful mind, Benny and Joon, The fisher king, Shutter island, Pi, Fight Club, The machinist, Identity, Mr. Jones, One Flew Over the Cuckoos Nest, Donnie Darko и сигурно уште некој што не ми текна, па ако има некој предлог, а да го нема погоре нека пише, мада малку е веројатно, ама да си пробам...

А и патем, кој сака филмови со таква содржина, нека ги изгледа тие што сум ги набројала.
Primal Fear моја препорака ако не си го гледала, со омилениот мој актер:zelen.
http://www.imdb.com/title/tt0117381/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Некој со некој добар предлог за филм со шизофренија, лудници, двојни личности, параноја или нешто слично?

Сум ги гледала Beautiful mind, Benny and Joon, The fisher king, Shutter island, Pi, Fight Club, The machinist, Identity, Mr. Jones, One Flew Over the Cuckoos Nest, Donnie Darko и сигурно уште некој што не ми текна, па ако има некој предлог, а да го нема погоре нека пише, мада малку е веројатно, ама да си пробам...

А и патем, кој сака филмови со таква содржина, нека ги изгледа тие што сум ги набројала.

Session 9 се дешава во лудница, хорор-трилер, The dream team е комедија која се дешава во лудница со Кристофер Лојд, лудиот научник од враќање во иднината. Играше и во кукус нест некој од лудаците...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
12 години ропство со Бред Пит гледан му е на некој?
Вреди во кино да се гледа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
12 години ропство со Бред Пит гледан му е на некој?
Вреди во кино да се гледа?
Јас лично не ти го препорачувам макар што го гледав како кино снимка. Незнам не ме фасцинираше приказната едноставно не е мој тип на филм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
12 години ропство со Бред Пит гледан му е на некој?
Вреди во кино да се гледа?

Го гледав и вреди. Предобра приказна, предобра глума, кога се сретна со семејството на крајот, замалку да заплачев. Предобар филм, ако си по добра драма работена според вистински настани. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo