Сонцето печеше. Метрополата беше вжештена, асфалтот на улиците гореше. Бев натоварена со сите глупости од торби кои едвам ги носев. Застана пред мене со колата.
Ќе седнам на задното седиште-реков.
Каде ќе одиме?-праша.
Сакам ладно и јако кафе. Носиме билокаде , само на кафе-изустив.
Зошто седна позади , ане до мене?-промрмори.
Ако ти ја кажам вистината, тоа нема да биде кафе, си помислив и премолчев.
Отидовме во едно празно кафуле. Келнерката веднаш ни го донесе кафето. Зјапавме еден во друг и се чудевме...Набрзина го испивме кафето.
Излегуваме-рече.
Каде?-се зачудив, го допив кафето одеднаш и побрзав да излезам.
Моето тело само се втурнуваше во неговото. Го згазнав неколку пати без да сакам, се прилепив со градите кон него.
Дојди-нежно ми шепна, а со јазикот ми ја гризна ушната ресичка.
Се наежив, се насмеав од срце. Не ми го прави ова сред бел ден, те посакувам-го прекорив.
Повторно седнав на задното седиште.
Вози било каде и зборувај,твоите зборови ја милуваат душата, ја соголуваат, водат љубов со неа-го молев.
Дојди-рече.
Му ги подадов усните и врвот од јазикот само да ме вкуси, и се тргнав. Го прегрнав од задното седиште, знаејќи дека не може да ме допре толку колку што посакува.
Не смееме-реков. Ќе гориме на клада...Не смееме да продолжиме, ќе изгорам во огнот.
Премногу е тешко да се одвои страста од емоциите. Премногу се познаваме, преубаво е, треба да прекине уште пред да започне.
Тогаш ајде да сонуваме. Сонувањето е вечно и безбедно.
Дај ми ги усните уште еднаш, те молам -шепна.
Суви се, а очите почнаа да солзат.Прости-реков, ова не беше во сценариото, не знам од каде дојде...
-Не грижи се, многу плачеле и пред тебе, но на крајот.
-Знам- реков. Ова е почеток и крај, се е помешано.
-Јас ќе исчезнам, не се лути-одмерено кажа.
-Во ред е. Можеби така е најдобро за двајцата, нашево кој знае каде води, а јас сум многу уморна.
Среќен нека ти е денот! Излетав со солзи...