Слободното време кај младите

Дали слободното време треба да му се даде на детето да го користи по свој избор

  • Не,родителот знае што е најдобро за него.

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласале
    17

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Денес случајно менувајќи ги каналите на телевизија кај Ицве пивце (така му е уметничкото име):eekимаше некое дете кое го покажуваше распоредот од школо и под предметите имаше линија и пишуваше "Англиски" "Информатика" и покажуваше колку плус предмети има вонредно од школските обврски.
Знаеме дека идат некои и на спорт на клавир,виолина и на што уште не...

Прашање:Дали слободното време треба да му се даде на детето да го користи по свој избор знаејќи дека така сме растеле или па мислите дека повеќе обврски само можат позитивно да влијаат на него во понатамошните навики.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Се може да се постигне ако се има добра организација. Некако гледам дека децата ги трујат уште во рано основно со англиски јазик, други јазици, и глупости.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Самата поделба на слободно и неслободно време е ужасна и потврдува дека се работи за робовска култура. Кој е тој кој е надлежен да каже како човек треба да располага со своето време?
Ако се има во предвид дека за да дојде до егзистенција на човек му требаат 15-20 години поминати низ образовниот систем од кои 13 законски задолжителни - може да се каже дека системот е самореплицирачки круг кој постои поради самиот себе. Со цел легии на припадници на образовниот систем да земаат плата - на младиот човек му се одземаат најубавите години.
Од што следува дека наставниот кадар и рајата во минестерството се затворски чувари на злосторничкиот систем.

Сето тоа е доведено до статус на секуларна религија и никогаш никој не го доведува во прашање.
Дури и мнозинство млада раја сето тоа го смета за пожелно.
А животот е еден. Можеби некој на смртната постела ќе жали `ах, колку ми е мака шо не решавав доволно дропки, ах како не траеше средно 15 години факсот 14...` ....иако се сомневам..
 
Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Самата поделба на слободно и неслободно време е ужасна и потврдува дека се работи за робовска култура. Кој е тој кој е надлежен да каже како човек треба да располага со своето време?
Ако се има во предвид дека за да дојде до егзистенција на човек му требаат 15-20 години поминати низ образовниот систем од кои 13 законски задолжителни - може да се каже дека системот е самореплицирачки круг кој постои поради самиот себе. Со цел легии на припадници на образовниот систем да земаат плата - на младиот човек му се одземаат најубавите години.
Од што следува дека наставниот кадар и рајата во минестерството се затворски чувари на злосторничкиот систем.

Сето тоа е доведено до статус на секуларна религија и никогаш никој не го доведува во прашање.
Дури и мнозинство млада раја сето тоа го смета за пожелно.
А животот е еден. Можеби некој на смртната постела ќе жали `ах, колку ми е мака шо не решавав доволн дропки, ах како не траеше средно 15 години факсот 14...` ....иако се сомневам..
Ете контра коментарот твој во Македонија воведоа и деветолетка.
Колку според тебе треба да се школува еден човек?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ете контра коментарот твој во Македонија воведоа и деветолетка.
Колку според тебе треба да се школува еден човек?

Мислам дека имало предлози и за десетолетка :ladno
Не знам точно но не повеќе од 2-3 месеци годишно за основци, не повеќе од 3 часа на ден, не повеќе од 4 години. И тоа стриктно практична настава, навистина нема многу деца во денешно време кои се неписмени и не знаат да соберат 15+7 уште пред да тргнат основно. Оние кои незнаат - нека бидат научени. Математика, надвор од наједноставна алгебра која ќе им користи понатаму не гледам никаква потреба. Некакви основи од сообраќај во смисол семафори, од која страна да гледаат при минување улица и слично.
Физичкото образование е дебилизам. Единствено служи за да учениците се дават во смрдеа по училниците. Наместо тоа подобро е да има услови за аматерски спорт, клубови и слично. Така да некој 9 годишник кој сонува да стане фудбалер може да тренира фудбал.
Со парите кои би се заштедиле од товење на паразити по физичко образование може да се купи на пример половно комбе со кое клубот би ги собирал и враќал децата по дома од тренингот во населбата или во градот.

Средно слично можеби наместо 3 макс. 4 часа. Повторно со акцент на практика. Како да се залепи гума од точак е бескрајно покорисно отколку часови по социологија. Достоевски на 15 годишњаци? И после било чудно што рајата нема навика да чита и не се продаваат книги...well guess what...
Да знаат да пуштат машина за перење без погубни последици по истата, да знаат да испржат јајце и слично. Секако овие работи се учат и дома но без разлика, понешто може и по училиштата.

За жал сево ова е утопија...:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Црвена

Час по физичко со давање топка на машките за да трчаат низ салата и да играат баскет.
Имам слушано дека во комунистичка Кина стојат многу поразлично работите.
До некоја возраст претпоставувам 9 годишна се гледа кој ученик има предиспозиции за кој спорт и во понатамошното школување максимално се вложува во неговото доусовршување во тој спорт (за баскет не верувам дека има некој предиспозиции) :)
Малку скршнавме од темава ама што дека.
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ете контра коментарот твој во Македонија воведоа и деветолетка.
Колку според тебе треба да се школува еден човек?

Човекот учи додека е жив низ разни форми на образование и дообразование(курсеви, семинари,тренинзи). Важно е колку има човекот желба и можности да се образува. Класичниот секојдневен пример горе-доле функционира во сите држави, но задолжително средно образование или факултет е апсурд. На таков начин вештачки се создаваат кадри со диплома. Приватните факултети на принцип купи диплома ,штанцаат хартии кои не важат никаде освен во Македонија. На таков начин се создаваат инвалиди од млади луѓе кои во колку биле насочени правилно спрема нивниот афинитет ќе имаме квалитетни шнајдери, водоинсталатери или кувари.
Не треба сите да се образувани со билокакви дипломи од високо образование, но треба сите да се квалитетно со теорија и пракса да се образувани за работата која ја работат. Децата можат правилно да се усмерат кон нивните афинитети и да им се даде можност да се образуваат, но со сила да ги натерате да учат е невозможно. Подобро со љубов да го работат тоа што го сакаат одколку да бидат секој ден несреќни и неуспешни, исполнувајќи некој сон од своите родители.
Исто така во текот на животот може да се менува професијата, да се откриваат своите желби и да се образува во таа насока. Битно е да се има мотив, желба и сон. А на прашањето колку треба да трае образованието, зависи за што се образува човекот, на пр, еден хирург не може да се образува за 4 години, после средното образование, но добар кувар може да се образува за 4 години после основното образование.
 
The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Преоптоварени се децата, посебно основците. Се учат тотално непотребни работи, лекција од 3 страни може да се скрати на десетина реченици кои децата би ги сфатиле. Обврските во тие детски години се главно добра работа, учат нови вештини кои во иднина може да им помогнат во животот. Само да не се претерува, не мора да се оди на многу јазици, инструменти, спортови. Се што е умерено е добро, само кај нас не се остава избор на детето да одбере што сака да прави туку му се наметнуваат желбите на родителите, не секогаш но сепак.. Подобро од мали да си почнат, зошто кога ќе пораснат можно е да имаат проблем да совладаат се што пропуштиле, гледаме сите колку многу сега се бара за наоѓање работа а не пак понатаму. Како мала ме запишаа на часови по клавир во основно музичко, се сеќавам дека се утепав од плачење затоа што не сакав да свирам. Им бев лута се до крај на шеста година буквално ме молеа да одам секој час, но сепак сега сфаќам дека не сум погрешила. Едно искуство плус. Курсевите и спортовите се супер зошто децата се дружат меѓу себе. Децава денес во се делат во некои несфатливи крајности, или кецаши кои не се прибираат дома а не па да загреат столче и оние кои константно само учат и немаат социјален живот. Секоја чест на оние во средината.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Го избрав првиот одговор, ама кога ќе размислам па подобро, така би било ок кога би биле исти времињата како кога бев јас дете. Никој не ми се мешаше што јас да правам кога сум слободна, ни па некој ми наметнуваше да правам работи што јас не ги сакам. Скитав, играв се социјализирав.
Одев и ма модерен балет, ама зошто јас сакав, а и убаво си изнамолив за тоа :D

Ама, сега кога реткост е да видиш деца на улица, подобро некако да се најде обострано разбирање, да се најде некоја занимација за детето, место да дреме пред комјутер цело време, да расипува очи, па и да се изложува и на опасности пошто сите знаеме колку е интернетот сигурно место за деца.

Не знам, вака можам да кажувам што сакам кога немам деца. Можам да судам и да паметувам. Не знам како ќе биде тогаш, ама се надевам дека нема да бидам еден од оние родители кои по секоја цена сакаат да го направат детето нешто што тие сакале да бидат а не успеале.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991