Шест години после последниот одговор на темава, ја отварам пак да видиме до каде сме во ерата на Максиметромилијантин, Ава, Ристенофон, Каја-Катина, итн. и нивните мамички кои се со преголеми очекувања од 5-6 годишни деца.
Сега веќе не се работи за слободно време кај деца од школска возраст (едвај го имаат), туку и кај деца од претшколска возраст кои се напнати да одат на балет, фудбалче, англиски + уште некој јазик, цртање, рецитатори, манекенство, боречки вештини, мешање малтер, итн.
Мислам, секогаш ги имало тие родители, но претежно ако детето се реши дека не сака или не му оди нештото, тука застанува. Сега модерна мамичка мора и да го документира успехот на измрцвареното дете пошто утре со Маца треба да си ги мерат лајковите на Инстаграм.
Звучи толку дебилно и ко откривање топла вода, но жално е што е вистина...