Хуманитарност или лична реклама?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кога се работи за хуманитарни дела и луѓе кои прават добро, нема простор за негативни критики, ама не секогаш желбата да се помогне некому е главниот фактор за правење хуманитарни дела.

Поинаку кажано, читајќи навака натака за пример ја земам и актуелната тема-твитер календарот за кој гледам и се крена голема галама. Нормално како и секогаш, од едни прифатено од други не. За некого невкусно, за други оригинално и храбро.

За мене беше ок, пар млади дечки кои сакаат да помогнат, со една оригинална идеја, малце блага еротика, нешто ново и несекојдневно...
А потоа седнав да го разлистам.

Е сега, сликата во спојлеров, ме остави да се прашувам дали реализацијата на ова ќе донесе сретства за некому да се помогне, дали вие би купиле нешто вакво да ви стои на ѕид во име на доброто на некоја беспомошна душа? Или можеби би го подариле.. Пример на баба ви да и стои во кујна и да ја потсеќа колку голем...
Хм, хуманитарец и е внукот?

+18!
8cp7GFG.png

И тука доаѓа само по себе прашањето.
Станува збор за хуманитарно дело или можеби за нешто друго?

Темата не е само за твитер календарот, го зедов само за пример.
Истото се однесува и за оние "хуманитарци" на кои им се потребни сите локални телевизии да им го документираат доброто дело-доделен еден пакет смоки и ги има на сите вести, весници, билборди...

Хуманитарност или одлична самопромоција?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,906
1,683
Disco
А шо е финтава со ова, кој на кого му помага и како? Да не е нешто за лица со хомоеротски тенденции... кои што поминале низ избеглички логори!?
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Финтата беше демек дали и колку му е битно на оној што прави хуманитарни акции да помогне, или главна причина е да се биде виден/снимен колку си добродушник и колку се секираш за гладните, босите, несреќните? Т.е да си направиш себе промоција, зошто ако ти било тебе за доброто на некој, би му направил добро и без камери и новинари...

За твитер календарот беше слично, дали се работи вистина за хуманитарност (пошто парите ќе биле наменети за хуманитарни цели), кога фала богу знаеме никој не сака да му виси гол ташлак на ѕид?! И многу веројатно е да нема пари, пошто не сакаш голи ташаци на ѕид-не купуваш календар, не купуваш календар-нема пари!

Ама ок, нека иде во канта темава, па кога ќе смислам некоја по поттикнувачка тема за разговор во форуми што гледам највеќе си ги сакаме, нема да се штедам да ископирам некој вовед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,282
9,124
1,683
Ама ок, нека иде во канта темава, па кога ќе смислам некоја по поттикнувачка тема за разговор во форуми што гледам највеќе си ги сакаме, нема да се штедам да ископирам некој вовед.
Глава горе девојко, ако некои (меѓу нив и јас) сакаат да си кажуваат ан членот над нас што ни се допаѓа, не мора да значи дека се сите такви.
Искрено, ланскиот ми беше поубав. Си го испечатив и си го имав на ѕид.
Сега незнам каде оделе парите од овој, доколку е со така намена. Ланскиот беше поддржан од Борка (организација за борба против ракот на дојката).
Овој не ме бендисува.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,906
1,683
Disco
Арна си е темата де... само не знам кој би купувал календар со ликови како тој на сликата погоре, освен ако таргет група не им се лица со хомоеротски тенденции... а ако им е таргет женска популација..... cant see women spending money for this....:unsure

Дали постои мирц календар?
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мислам стварно нема смисла, како прво се знаеме кои сме и што народ сме, не сме толку измодеризирани до тој степен да чуваме вакви нешта на ѕид, второ навистина логика никаква не гледам некоја девојка да сака до толку откриена интима кај маж, па макар бил и совршен, а не па господинот погоре...

И која е логиката тука кога имаш сретства за сликање и организации на нешто што нема никакви теоретски шанси да се продаде, барем не како календар, да го нудиш за хуманитарни цели?
Од старт, од авион се познава дека пари за ова нема да добиеш.
Замисли само цел Јуни господичниот да ти го краси ѕидот...

Мене ми е гајле кој како се сликал, само натрапникот во цела приказна ми е тоа дека парите од продажбата ќе бидат дадени во хуманитарни цели, а календарот тешка порнографија... Ете бар месец Јуни.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,906
1,683
Disco
Мислам стварно нема смисла, како прво се знаеме кои сме и што народ сме, не сме толку измодеризирани до тој степен да чуваме вакви нешта на ѕид, второ навистина логика никаква не гледам некоја девојка да сака до толку откриена интима кај маж, па макар бил и совршен, а не па господинот погоре...

И која е логиката тука кога имаш сретства за сликање и организации на нешто што нема никакви теоретски шанси да се продаде, барем не како календар, да го нудиш за хуманитарни цели?
Од старт, од авион се познава дека пари за ова нема да добиеш.
Замисли само цел Јуни господичниот да ти го краси ѕидот...

Мене ми е гајле кој како се сликал, само натрапникот во цела приказна ми е тоа дека парите од продажбата ќе бидат дадени во хуманитарни цели, а календарот тешка порнографија... Ете бар месец Јуни.


Јас би дал пари само да не ми го краси ѕидот...:kafe
Пари и така нема да соберат, ќе остане сомнителниот гејовиден календар со кој ќе се фалат во иднина колку биле прогресивни и различни од останатите... веројатно на некои луѓе им е битно и тоа (иако не знам зошто) а изговорот `хуманитарност` им е сериозно беден....
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,524
1,183
Big Sur
А да отвориме една тема и за Твитер календарот? :unsure Да не се мешаат овде, а гледам дека би имало за што да се зборува.

Ова подолу што ќе го пишам, не е за дечките што доброволно учествуваат во било какви кампањи, туку за оние накитени господа и госпожи што патат по медиумско внимание со своите мизерни донации и чукањето во гради за истите.

За темава веднаш направив паралела со темата Гуд фелаз на Аутрајдер, па да, дефинитивно би рекла дека патиме од комплекс нашата т.н. хуманост да биде возвишувана и да ги прекрие сите останати глупости. Ако помагам од срце, ќе бидам двојно посреќна од оние што ја примиле помошта.
И тоа би требало да е доволно, а не да ме прати не-знам-каква делегација новинари, чиниш ќе ме крунисуваат.
Мене сета таа медиумска фама ми е дури на некој начин и ко понижување кон тие на кои им се помага. Да ги ставам на тапет ко сиромашни, пропалици, болни или што ти знам таму, па при толкави маки, да се смеат и радуваат по слики и екрани, за јас да добијам некакво си признание?
Тибам помошта, кога до утре ќе ги заборават. Да не ќе се јават по некое време да прашаат како се снашле или дали им треба уште помош? Аха...
Донирај еднократна сума, експонирај се ко херој и бришка назад во луксуз.
Мислим, мизерија е да позираш пред објективи со некое скапано пакетче или донација од „неверојатни 500 денари“ ко што викаше оној Блажевски во неговиот дебилен квиз, а потоа да очекуваш аплауз и возвишување од народот оти си влегол во трошно куќиче облечен во облека пет пати поскапа од донацијата.