Хуманитарност или лична реклама?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ќе речам истото што го реков во другиот форум:
Македонија е премала за анонимност. Преголемата желба за копање на приватниот живот, зајадливоста кон било што да се прави, преголемата претенциозност кон „вистинските“ вредности ги прават луѓето толку кусогледи. "L`art pour l`art" изреката колку што ја гледам како изговор на спротиставен став, толку и ја гледам како причина од другата страна да се замара за ликовите но не и за уметничката вредност воопшто. Може да кажеме дека нас не ни се допаѓа тоа но да прочитам мислење дека машкото тело нема уметничка вредност или па, „што е воа само курој на сликата“ е еквивалент на човек кој мрчи без грам конструктивна критика.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753

Мене воопшто не ми смета телото на дечково, ни сликата, ни голотијата...
Мрчам зошто календар од ваков тип, со вакви слики е наменет за продажба за хуманитарни цели, уствари наменет за сите категории луѓе, или барем треба да биде наменет за сите, ако ти е битно да продадеш повеќе парчиња за да добиеш повеќе пари и да помогнеш на повеќе луѓе. А повеќе од сигурно дека нема да има купувачи, го знаеле и тие тоа сигурно како што го знам сега и јас.
И ти вака како познавач на уметноста на голотијата, кажи ми би го купил ли календаров?

Ок е ако си прават еден прпознатлив белег, календар со ваква ете да ја наречам уметност, ама она со хуманитарниот дел не ми се поклопува со приказната.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А да отвориме една тема и за Твитер календарот? :unsure Да не се мешаат овде, а гледам дека би имало за што да се зборува.

Ова подолу што ќе го пишам, не е за дечките што доброволно учествуваат во било какви кампањи, туку за оние накитени господа и госпожи што патат по медиумско внимание со своите мизерни донации и чукањето во гради за истите.

За темава веднаш направив паралела со темата Гуд фелаз на Аутрајдер, па да, дефинитивно би рекла дека патиме од комплекс нашата т.н. хуманост да биде возвишувана и да ги прекрие сите останати глупости. Ако помагам од срце, ќе бидам двојно посреќна од оние што ја примиле помошта.
И тоа би требало да е доволно, а не да ме прати не-знам-каква делегација новинари, чиниш ќе ме крунисуваат.
Мене сета таа медиумска фама ми е дури на некој начин и ко понижување кон тие на кои им се помага. Да ги ставам на тапет ко сиромашни, пропалици, болни или што ти знам таму, па при толкави маки, да се смеат и радуваат по слики и екрани, за јас да добијам некакво си признание?
Тибам помошта, кога до утре ќе ги заборават. Да не ќе се јават по некое време да прашаат како се снашле или дали им треба уште помош? Аха...
Донирај еднократна сума, експонирај се ко херој и бришка назад во луксуз.
Мислим, мизерија е да позираш пред објективи со некое скапано пакетче или донација од „неверојатни 500 денари“ ко што викаше оној Блажевски во неговиот дебилен квиз, а потоа да очекуваш аплауз и возвишување од народот оти си влегол во трошно куќиче облечен во облека пет пати поскапа од донацијата.

Експонирањето како добротвор или себепромоцијата уште е и најмал проблем, добротворството е прераснато во индустрија во која има се` и сешто, од перење пари до користење на поимот за хуманост како причина за заработка и живот на висока нога. Само 1 до 10% од собраните средства завршувале онаму каде што е намената, останатото одело по џебови, за плати, бонуси, привилегии, консултанти, надворешни соработници....стилисти.........и дури и од тие 1-10% најголем дел оди во џебови на корумпирани политичари и бирократи...без разлика дали се приватни иницијативи или државни и меѓународни организации (ЕУ/ООН)

http://www.dailymail.co.uk/news/art...-broken-promises-collapsed-mountain-debt.html
http://www.dailymail.co.uk/news/art...ed-billions-INCREASED-poverty-corruption.html
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Мене воопшто не ми смета телото на дечково, ни сликата, ни голотијата...
Мрчам зошто календар од ваков тип, со вакви слики е наменет за продажба за хуманитарни цели, уствари наменет за сите категории луѓе, или барем треба да биде наменет за сите, ако ти е битно да продадеш повеќе парчиња за да добиеш повеќе пари и да помогнеш на повеќе луѓе. А повеќе од сигурно дека нема да има купувачи, го знаеле и тие тоа сигурно како што го знам сега и јас.
И ти вака како познавач на уметноста на голотијата, кажи ми би го купил ли календаров?

Ок е ако си прават еден прпознатлив белег, календар со ваква ете да ја наречам уметност, ама она со хуманитарниот дел не ми се поклопува со приказната.

Малку го отфрлив моментот со хуманитарки, бидејќи бев да не речам фрапиран од некои мислења од другото место. Наводно некои и ги спомнав погоре во постот, така да не би се навраќал околу таквите навистина површни сфаќања.
Околу хуманитарната гледна точка мислам дека е чист промашај, посебно што е направен во такво затворено општество какво што сме ние. Значи тука има недоволно истражување на пазар - пробуваат со еден удар да стокмат што повеќе муви, а на крај ништо не успева. Хејтерите ќе исхејтаат недоволно аргументирано (зборам од уметнички аспект), нема да се продаде доволно пошто реално и не сме подготвени за ваков шок, башка се` ќе вроди контраефект и од двете страни наместо да направи некој прогрес. Тоа е исто како на некој кој влегува во рок музиката како novice, да го бомбардираш дека Death металот ќе го продухови. Значи основната грешка е до тие што го имаат правено календарот, но мислам дека е време да не се фрлаат напалм бомби и вади прљавиот веш кон истите туку да се согледа проблемот од друг агол.
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Здраво, месец февруари тука од твитер календар. Се сликав за да станам многу познат, зато не ми се гледа лицето и ако не кажев дека тој сум јас, никој немаше да ме препознај ама нели го нарајв то за да бидам славен. Заради то се сликав а не заради омразата кон конзервативното општество што не прави да се затвораме и еден к*р или една цицка да не плаши. Скраја да е, во живото женските немаат к*р видео или нема да видат а ние машките цицки немаме видено. Секој се сликаше како шо сакаше. Се сликав за 0 денари, ептен заработив. Се сликав за да изразам поддршка за сексуалните работници, дека сум ЗА сексуално образование. Сликањето гол не е револуција. Не е храброст. Ама ова некаде таму, во европа, на запад. Тука ништо не смејме да напрајме. Се ние забрането. Живееме за то шо ке кажат другите..

Зато м ие гајле шо ке кажат другите за календарот. Викајте ни курви зато шо од продажбата се заработија 10 000 денари шо се донираја во ХОПС и ке се заработата појке со продажабата на календарите, викајте не педери зато шо се сликавме голи, викајте ме како сакате.. Ми е гајле..

Нејкев да пишам ништо, зато шо со секое бранење на календарот го правам спротивното од причината заради која се сликав. Нејкам слава.
Сликањето гол е моја борба против општеството шо ми забранува се и е моја поддршка за оние групи на луѓе шо немаат никакви права..
останете ми со здравје :)

Апдејт: Сепак нешто добив: Понуда за брак.. Не ја прифатив..
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Мислам дека ја разбирам Хоуп* што сака да каже, односно дека проблемот е дека станува збор за календар. Можеби подобро би било кога би биле постери или фотографии во поголеми димензии. Не верувам дека едно семејство со дечиња би закачиле календар од овој тип, без разлика дали ја подржуваат целта или не. Hell, дури и јас порадо би имала календар со слики од Моне во кујната. Али, ипак имам одреден респект поради храброста на учесниците, но сум видела подобри фотографии од овој вид, гледано од уметнички аспект.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Здраво, месец февруари тука од твитер календар. Се сликав за да станам многу познат, зато не ми се гледа лицето и ако не кажев дека тој сум јас, никој немаше да ме препознај ама нели го нарајв то за да бидам славен. Заради то се сликав а не заради омразата кон конзервативното општество што не прави да се затвораме и еден к*р или една цицка да не плаши. Скраја да е, во живото женските немаат к*р видео или нема да видат а ние машките цицки немаме видено. Секој се сликаше како шо сакаше. Се сликав за 0 денари, ептен заработив. Се сликав за да изразам поддршка за сексуалните работници, дека сум ЗА сексуално образование. Сликањето гол не е револуција. Не е храброст. Ама ова некаде таму, во европа, на запад. Тука ништо не смејме да напрајме. Се ние забрането. Живееме за то шо ке кажат другите..

Зато м ие гајле шо ке кажат другите за календарот. Викајте ни курви зато шо од продажбата се заработија 10 000 денари шо се донираја во ХОПС и ке се заработата појке со продажабата на календарите, викајте не педери зато шо се сликавме голи, викајте ме како сакате.. Ми е гајле..

Нејкев да пишам ништо, зато шо со секое бранење на календарот го правам спротивното од причината заради која се сликав. Нејкам слава.
Сликањето гол е моја борба против општеството шо ми забранува се и е моја поддршка за оние групи на луѓе шо немаат никакви права..
останете ми со здравје :)

Апдејт: Сепак нешто добив: Понуда за брак.. Не ја прифатив..

Тоа е....секој јавен настап е подложен на критика, позитивна и негативна не знам зошто те изненадува тоа.
Од она што го видов на спојлерот во првиот пост... некаков екстремно ружен лик кој делува како да излегол од камп за избеглици, се тегне гол на клавир... освен геј лица со лош вкус незнам кој би купил вакво нешто...

Не дека рајата не е квази-конзервативна во оваа средина, повеќе е муабетот дека е фејл начин да се соберат средства (10К денари:eek тоа се 160 евра, souls will be saved with that kinda money) ако и воопшто целта била таква... а не став од типот `еј брат мене ќе ми кажуваш шо е прогресивност па ја сум се сликал гол уште во 2013 бе` :D
Не е нешто ново тоа, имаш и сега ликови кои прават муабети колку биле напредни во своето време `јас брат коа правев вака (вметни рандом `кршење на конвенција` од некој период) ти уше не беше роден hehe`...

Околу уметничкиот аспект, не знам, можеби некои и би можеле ова да го карактеризираат како уметност, нелагодноста која човек ја чувствува при поглед на апсурдна ружноча е експлоатирана како мотив преку 100 години, откако Марсел Дишан го ставил писоарот на изложба. Само што не знаел дека варијации на таа тема ќе се прават цел век...:)
 
Не реков дека никој не смеј да пофали или да искритикува. Зато не цитирав никого. Ваше мислење е дали е добро или не, колку ѕспех има. Јас ова го гледам како еден крик против конзервативното општество. Јас се сликав заради тоа. Другите не знам. Не велам дека сум напреден. Луѓето се сликале голи одамна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Здраво, месец февруари тука од твитер календар.
Нема простор да си сфаќаш толку лично, не се работи за тебе и оние што сте се сликале...
Ок ако така изразуваш бунтовност спрема општество кое не ти е по ќеф, ок е и ако така сакаш да станеш славен, никој не ти го оспорува тоа, ни па искрено мене лично ме интересира тоа. Ако ми се свиѓа ќе пофалам, ако не ќе прескокнам и тоа е тоа...

Правевме муабет за оној дел со хуманитарноста.
Зошто таков тип календар за собирање на такви сретства?

И искрено, ти стварно мислиш дека некој би ти го купил календаров освен пријатели, роднини и некои добродушници колку само ај да не те навредат? И дека на некого ќе му стои на ѕид колегата твој цели 30 дена?
И немој да ми кажеш дека на запад е вакво или онакво, јас глава сечам дека никој не сака да му виси недипилиран ташлак над глава додека јаде со семејството.
Невкусно е за календар. Не се разбирам во уметност, може не ми ни дава право да зборам од тој аспект, ама да видиш некоја уметност во сликата за месец Јуни (се запнав за него ете) богами треба да си имаш проблеми со видот.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не реков дека никој не смеј да пофали или да искритикува. Зато не цитирав никого. Ваше мислење е дали е добро или не, колку ѕспех има. Јас ова го гледам како еден крик против конзервативното општество. Јас се сликав заради тоа. Другите не знам. Не велам дека сум напреден. Луѓето се сликале голи одамна.

Крикот е добар, но лошо концепиран зад хуманитарноста. Пошто знаејќи и вие самите во какво општество живееме, секогаш ќе се наоѓа закачка околу (не)купување на календарот. Ако јас еве утре не го купам затоа што не ми се допаѓа концептот на голотија, вие ќе имате изговор дека не сум доволно хуман/премногу сум конзервативен. И обратно, ако вие се сликате за хуманитарни цели, некој ќе промрчи како бе тоа се прават вакви „траверсии“ во името на хуманоста. Треба на лажиче да се сервира а не наеднаш цел концепт од контроверзност до хуманост во една иста чинија. Посебно не во овие краишта. Бидејќи со ова ништо не е подобрено, само етикетирањето станува подлабинско.