Сакам да кажам/Сакам да прашам

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Outrider баш таква мачка бркав сега пред куќа, како што имаш ти на аватарот :) ми се вртка околу ангорката :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Епаа драги црнобели кои сте дел од моето секојдневие скоро две години..
Полека ја затвораме книгата 2013 исполнета со среќни мигови, радост но и не толку среќни моменти..
Како и да е, што и да се случило потрудете се да ги зачувате во вашата меморија оние убавите моменти, а оние лошите заборавете ги.
Наскоро отворете ја новата книга и потрудете се нејзините страници да бидат пополнети со радост, среќа, љубов..
Нареднава година исполнете ги сите ветувања кои сте си ги дале себеси, потрудете се да ги исполните вашите желби, дарувајте љубов и ценете ги малите нешта.
Среќна нова година и новогодишни празници!
large.jpg
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Убао да си пројдете вечер форумљаши!!!
У две и четрнаесту да биде сфе како што си сакате,бидите насмеани, дружите се на било кој начин, реално, виртуелно, форумљашки
па и фрштите офтопици у било коју тему, љуби вас Парва
Поздраф !
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Убав помин вечер црнобели.

Башка се двоумам од преѓеска дали да испаднам со кола вечер, глеам 20 евра даваат за тие што ќе ги фатат да дуваат, и да немаат алкохол во нив. Да прошетам така покрај 3 - 4 цајкани да ме застанат :D

Поминете си најубаво уште еднаш. Среќна Нова 2014-та.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Имам два предлози:
  1. Да се сумира гласањето за темата, т.е. резултатите Секако за 5 ч. е НГ
  2. Новогодишните честитки да се стават во нова тема :)
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Чеј...чеј укључиго да кажа нешто...
Им ја честита новата година и новогодишните празници на сите членови на црнобело, и поздрав до госпоѓата Гордана Јанкулоска и да живее владата на република Македонија...не можа ја поќе
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Јас да ви кажам дека си купив од оние балончиња ко баскети што се тапкаат и си се бркаме низ соба. Детска радост. :sreken
Нема да ви пишам којзнае што, се „простуваме“ само за неколку часа, после пак ќе е исто...единствено ако не навлеземе во некоја друга димензија, па да еволуираме, ко што беше предвидено за 21ви минатата година.

Епа жени, мажи, децо...толку од мене годинава.
Шуќур, знам.
Дали ќе сте „Нова Година - Нов/а Јас“ или не, бидете тоа во најдобро светло.
Заборавете го лошото што не може да го смените од изминатава година, а фокусирајте се на она што не сте успеале да го постигнете. Шанси секогаш има.
Желбите нека ви се исполнуваат постепено, за да има за што да сонувате.
Обично посакувам на луѓето да им шетаат згодни, голи жени и мажи по дома, ама срам ми е сега.

На форумов сакам да ве читам ко и претходно. Ни под разно не се менувајте за да се допаднете некому! Криво ми е за друг кога ќе видам згаснат капацитет поради напнати околности и осудувања. Вашиот квалитет е само ваш, а вашето мислење не вреди ништо помалку од туѓото - искажувајте го јасно и гласно.
Не сме еднолични и не функционираме ние без секоја една закачка, сериозност, мудрост и смешка.
А јас токму такви ве сакам, колку и да ви мрчам притоа.

Дозволете барем за празнициве да заборавите на грижите, да се посветите на блиските и да го оживеете детето во себе.
Ви праќам на сите од домашнава сарма, рафаело куглици и по еден лампион со мој лик, чисто за да не ви е сè така розово. Баланс да има. :D
Нек ви јутро мирише на мене.
Ајде, среќна Нова, Црно-Бел, а толку шарен свету. (party)
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
тешко е кога ќе помислиш дека саканата личност не е до тебе...туку е далеку од тебе
танцот на вечерта го поминуваш сам....оној танц на две срца...имајте убав помин сите...и Среќна Нова Година....