Новогодишна желба

Anushka

Полноправен Член
6 декември 2013
15
52
13
Зошто се сите луѓе механички и заборавни?
Зошто чекате Нова Година, за да се сетите на некој, да му се јавите и да му посакате убава цела година, така ради реда? Јавете му се на некој од нигде-никаде и посакајте му убав ден. Мене повеќе би ме изненадиле и израдувале.
Купете му на некој подарок без повод и причина.
Ништо скапо де, ама ете чоколадото можеби кое знаете дека му е омилено.
Зошто чекате празник да се соберете фамилијарно и да седнете на иста маса да јадете? Кај нас се знае, мора еден оброк барем во денот, да го јадеме сите заедно.
Зошто чекате викенд, родендени или годишници да водите љубов?
Разбудете се наутро и едноставно почнете го денот така.
Со нежности.
Цел ден ќе сте порасположени.
Зошто чекате нешто лошо да ви се случи за да одлучите да правите промени во животот? За здравјето, исхраната, љубовта...
Зошто одите по улица несвесни за светот околу себе?
Не го гледате небото, природата, луѓето.
Зошто не подзастанете некогаш да ги слушнете оние кои свират по ќошевите?
Не сте ни свесни колку се некои од нив талентирани.
Зошто не умеете да уживате во некои ситни задоволства?
Во заоѓањето на сонцето, во вкусот на едно обично турско кафе, во смеата на некои деца од паркот...
Престанете да чекате! Престанете да чекате погоден момент за ова, за она.
Сега е моментот, да кажете некому дека го сакате, да почнете со диетата, да почнете да пишувате книга, да се занимавате со некое хоби, да почнете да свирите на некој инструмент, да се јавите некому чиј број го впишувате и ја гледате зелената слушалка, но одлучувате да ја стиснете црвената.


Убав ден!И размислете секој ден ни е нова година кога знаеме да посакаме и искажеме лјубов, внимание кон луѓето што ги сакаме ..
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Црно-бели сакам да ви честитам што сме едни од многуте кои успешно преживеаја уште една година у МКД :zelen
Секогаш да сте насмени.:zelen
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Јас за Новата година сакам дедо Мраз да ми остави околу две илјади денари во торбето што ќе го оставам покрај елката и да ми излези беЗплатно ресторанот каде ќе ја дочекам Новата година со моите најдобри, најверни другари кои сме ги проживеале овие години, макотрпни по бавчи, рудници итн..
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
многу скромен си @Mjölnir
Ја би сакала мене дедо Мраз да ми остави едно две три илјади евра и да ми купи стан за да се иселам друго ништо не ми треба, а уствари може и уште малку да ми ги зајачи нервите оти почнаа да попуштаат.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
многу скромен си @Mjölnir
Ја би сакала мене дедо Мраз да ми остави едно две три илјади евра и да ми купи стан за да се иселам друго ништо не ми треба, а уствари може и уште малку да ми ги зајачи нервите оти почнаа да попуштаат.
2-3000 евра стан... Скромно, многу скромно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Само една желба имам , сите комплицирани нешта малцее да се опуштат доста беа заплети, олабавете!
А и да сакам трпение , оти ако барам сила хахаха
А на сите форумџии им посакувам да го најдат својот мир и среќа, мислам дека тоа е доволно за се друго да оди како подмачкано
Чеерс (pivo)
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Се надевам не сум многу рано...

@Altaïr како највечи фраер на форумов, прв те ставив во листата.
m1213.gif

Ти посакувам да останеш позитивен и насмеан, оној дечко кој е познат по тоа дека секогаш има што да каже. Да најдеш фраерка ко тебе па да се активираш во љубовните теми а ние да ти фаќаме сеир, а другата година заслужено да те одбериме за форумски лепотан. Ти посакувам многу фатени ливчиња во кладилница и повеќе победи на твојот тим.

@Хоуп* Ти посакувам среќна година, здравје, и успеси на секое поле. Италија да ти е следна дестинација па да се вратиш назад со некој шармантен италијанец.
m1227.gif
Повеќе изгледани филмови а со тоа ние да добиваме се повеќе квалитетни препораки.

@Auditore Ти посакувам остварување на сите замисли, многу успеси на професионален план, и многу посетени земји. Убавите моменти да ти бидат секојдневие, а убавите женЦки секогаш да се околу тебе. :zelen
Ти посакувам година дупло поубава од минатата, повеќе стекнати пријателства, повеќе квалитетна музика и посетени концерти и изедени повеќе кесички Харибо.
Ти посакувам во годината што следи да ја пронајдеш својата сродна душа, која ќе биде барем пола од тоа колку си духовит ти, а тоа значи многу. И да останеш тоа што си, искрен и добар пријател.

@Înger Rău Тебе најискрено ти посакувам оваа година да се заљубиш, но овојпат не во погрешна личност. Негативните мисли да ти станат оптимистички и ведри, а нервозните денови да се сведат на минимум. И како за крај се надевам оваа година ќе имаш помалку заминувања и враќања на форумов. :D

@Mjölnir За да не речиш дека нон-стоп те забораваме овде на форумот.
m1208.gif

Тебе дечко ти посакувам од се по малку, но доволно годината да ти мине перфектно. Успеси на факултет да не заборавам, и да ми даваш повеќе спојлери од GOT. Да имаш дупло повеќе мислења до следната година, затоа што фалат вакви членови и да направиме собиранка за Пиво Фест.

За останатите @Electra , @Saladin , @JaMi , @|o$y(|-|0$0(|@l , @MissChievous , @Outrider , @Luckky, @LittleButterfly, @Aristokrat, @Notice , @BlackTulip ... и сите нови и стари заборавени членови ви посакувам мноооогу остварени планови и желби годинава, за оние кои имаат љубов да им биде уште поголема, за оние кои немаат да ја пронајдат, многу здравје, среќни моменти, помалку турски сапуници-повеќе книги, повеќе готвена храна-помалку џанк фуд, повеќе парички (макар и скинати банкноти :D) и поминати супер денови со насмевки и добро друштво.
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
@Aleksis ти благодарам многу, се да ти се врати дупло подобро, да имаш многу среќа и многу радост во наредната година и да си останеш така позитивна како и секогаш ^_^ И да не посетиш во Штип.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis