Ој ти „семоќен, БОЖЕСТВЕН“ професоре мој.
Како да ја сфатам сериозно твојата строгост и надменост, па дури и изживување, кога и ти самиот си свесен дека длабоко во себе си силно исфрустриран, затоа што знаеш, знаеш дека всушност твојот труд нема голема вредност.
Како мој професоре, да ја ценам твојата книга, твојот труд, или пак твоето наводно знаење, кога мил мој професоре, не знаеш основен правопис, разлика помеѓу кои/кој, некој/некои... Не, ти за мене си обичен, просечен човек, ни малку, ни многу, просек. Ништо возвишено, толку спротивно на твојата перцепција. А тоа е најлошо.
Ќе се справам со тебе.