Совршено злосторство

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Како што и порано сум кажала дека страшно ме интересира криминологијата, така знам во слободно време да си читнам нешто низ нет или да погледнам некој документарец.

Барајќи некоја интересна приказна, налетав на жената која за малце ќе успеела да го сокрие своето убиство, а поради мала немарност, за влакно не успеала да направи таканаречено совршено злосторство.

Се задржав и ја одбрав оваа случка за во воведов зошто се случила во нашава земја, поточно во Штип.
Четириесетгодишната Марика Тренева во Јуни 2006та, го отрула својот сопруг, а неговото тело го искасапила и дел по дел го фрлила низ контенјери на повеќе локации низ Штип.
Но, мирната и примерна госпоѓа, како што ја претставувале комшиите, тежнеела да направи совршено злосторство, па во кесите во кои ги ставала деловите од својот сопруг, не ги оставила дланките и главата, а желбата за совршено злосторство ја добила гледајќи филм...
„Го убив бидејќи повеќе не можев да го трпам неговото малтретирање. Го исечкав на ситни делови што ги спакував во триесетина најлонски кесиња, кои четириесетина дена ги фрлав во контејнери во разни делови на градот.. На филм видов дека може да се изврши совршено злосторство ако полицијата никогаш не ги најде прстите, дланките и главата. Јас така направив.
3 години истрагата за операцијата "Касап" стоела во место и без дланките и главата, полицијата не можела да го дознае идентитетот на жртвата, па тек потоа да трага по мотиви и осомничени.
После долга истрага, се појавил братот на жртвата, кажувајќи дека брат му не му се јавил од странство 3 години (како што им кажала Марика дека сопругот заминал на печалба) и дека се сомнева дека нешто му се случило, па неговата ДНК била споредена со деловите кои биле пронајдени и по немарноста на Марика, која деловите ги ставила во ќеси на кои било испишано името на фабриката на која работела, првиот осомничен бил пронајден, а таа го признала убиството.
Во 2009та била осудена на 12 години затворска казна.

Полицијата како главен проблем за тоа што штипјанката за влакно ќе успеела во својата желба го гледа тоа што не било обрнато доволно внимание на пријавите на братот на жртвата.

Марика, која била потпросечен интелект, само со гледање на една епизода од претпоставувам ЦСИ, за малку успеала да го направи она што им е желба на многу болни и пореметени умови...
Но, што би се случило кога желбата ќе се појави кај некој натпросечно интелигентен и екстремно снаодлив психо?

Дали верувате дека е возможно да се направи совршено злосторство?
Можеби и знаете случки каде и тоа баш се случило, каде убиецот не оставил доволно траги и докази за да биде пронајден?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Некои би кажале дека не постои совршено злосторство, постои само несовршена истрага.

За случајов малку е сомнителна изјавата на дотичната, убиство поради малтретирање секако дека може да се случи, но повеќе би се случило во афект без детални планови. А вакво нешто, чување на делови на лешот на сопругот во фрижидер и нивно фрлање секојдневно по контејнери.... па и самиот чин на сечење на лешот на 30 делови (!?) наведува кон заклучок за психопатски потенцијал. 12 години казна во 2006, ќе излезе `рехабилитирана` за 7-8... oh wait, she could be out anytime now.
И ќе се движи повторно меѓу раја, слободно...:ladno
Си замислувам сценарио каде би стапила повторно во врска со маж. Talking about proverbial skeleton in the closet... ``имам нешто да ти кажам пред да се земеме... знаеш бев мажена, сега сум вдовица, ме малтретираше маж ми...и еден ден купив 30 црни најлонски кеси и тогаш...`` :D
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Така, така, да даваме идеи на психопати. :giggle
Шала, и мене ми се овие најомилени теми за дискусија.

Кај нас т.н. вештаци се поголеми трупови од трупот што треба да го истражат, факт е.
Мислим, Марика, просечна домаќинка, со една епизода од серија или еден филм, три години да надмудрува истренирани господа, е смешно, жално и дебилно.
Не знам кај учеле надлежните, ама основно правило е првин да се истражи потеклото на материјалот во кој е пронајдена жртвата, што за да се добие претстава од каде е, што за да се скенира за отпечатоци. А тука Марика наша од старт потфрлила, ама кому да му текне да поврзат два и два и да си олеснат? |-(
Не дека е лесно и туку-така може да се обвини некој, ама подобро е да се распрашува отколку да се тапка во место и да се игнорираат повиците од братот.

Ако под совршено злосторство подразбираме злосторство кое не било разрешено поради недоволно докази, тогаш да, но постојат многу опашки на тврдењево.
Тоа што поголемиот дел од овие посебни примероци се со помал IQ може да ја отежни истрагата исто ко што може и да ја олесни. Што се вика, доказите се насекаде, но околината се менува. Да не збориме пак за нашиве тутурутки што се ослонуваат на комшиски муабети.

Морав да се едитирам. Уште душа не ми дава некако да го оставам делот околу тоа како можело да се прикрие, сепак не знаеме кој сѐ може да чита, не ми е сигурно некако. За понатака ќе видиме. :D
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Некои би кажале дека не постои совршено злосторство, постои само несовршена истрага.

За случајов малку е сомнителна изјавата на дотичната, убиство поради малтретирање секако дека може да се случи, но повеќе би се случило во афект без детални планови. А вакво нешто, чување на делови на лешот на сопругот во фрижидер и нивно фрлање секојдневно по контејнери.... па и самиот чин на сечење на лешот на 30 делови (!?) наведува кон заклучок за психопатски потенцијал. 12 години казна во 2006, ќе излезе `рехабилитирана` за 7-8... oh wait, she could be out anytime now.
И ќе се движи повторно меѓу раја, слободно...:ladno
Си замислувам сценарио каде би стапила повторно во врска со маж. Talking about proverbial skeleton in the closet... ``имам нешто да ти кажам пред да се земеме... знаеш бев мажена, сега сум вдовица, ме малтретираше маж ми...и еден ден купив 30 црни најлонски кеси и тогаш...`` :D
Морам да те корегирам, не ни купила црни кеси, ги зела од работа (да не дава пари де)...:D
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Морам да те корегирам, не ни купила црни кеси, ги зела од работа (да не дава пари де)...:D
И замисли тоа и било единствена грешка на потпросечната генијалка до чекор за совршено злосторство.
Тоа што кесите биле од работа, па така и била првиот осомничен, па тек таа си го признала убиството.

И затоа муабетов беше, Марика со IQ на моменталнава температура за малку да направила совршено убиство само гледајќи филм....
Марика е тука гениј или институциите се неспособни?

Во цел свет не постои совршен злостор, кај нас за малку ќе успеелa да го направи со една изгледана епизода. А тек замисли што можам јас да направам со изгледани 5 сезони :D
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тоа е таа фабричка грешка на овдешните убијци.:D
Lots of psychopathy, no finesse.
Заглавила робија ради 200 денари.:cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and TheQueen

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Се гледа дека била глупа, кога од работа земала ќеси...:D

А совршено злосторство не постои. Но, постојат оние речиси совршени. Тоа се оние за кои никој не слушнал, никогаш не биле откриени...
Но, можеби еден ден...нивната несовршеност ќе изезе „надвор на воздух“. Да чекаме...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Се гледа дека била глупа, кога од работа земала ќеси...:D

А совршено злосторство не постои. Но, постојат оние речиси совршени. Тоа се оние за кои никој не слушнал, никогаш не биле откриени...
Но, можеби еден ден...нивната несовршеност ќе изезе „надвор на воздух“. Да чекаме...


...како Џек Мевосек на пример....се бавел со аматерска вивисекција и останал на слобода. Само што најверојатно и не постоел а целата приказна ја направиле новинарите и масовната хистерија... но и тоа е во втор план, ако не постоел тоа значи дека постоеле многу поединечни убијци кои не биле фатени..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and TheQueen

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Скулптура од мраз. Совршено оружје за убиство, кое по настанот „исчезнува“.
Звучи смешно можеби вака од прва, ама сериозно сум размислувала за ова неколку пати, откако еднаш прочитав таква приказна. Ќе ја ставам во спојлер бидејќи е подолгичка.

Alice Jackson's husband, Henry, was a man of habit.So it was that at exactly six o'clock in the evening she was in the kitchen getting a beer for him out of the fridge and watching him walk up the path. She was smiling. Today the routine was going to be different. It was their tenth wedding anniversary, and some friends were coming round for drinks at 8.00 . There was a big ice statue of a couple kissing in the middle of the table in the living room, with twenty glasses waiting for the guests. Alice was looking forward to the evening. She was very happy. She had a beautiful baby sleeping upstairs, a lovely home, and a husband who she adored. Henry opened the door and came into the kitchen. She turned round to kiss him and give him his beer. 'Sit down', Henry said. 'I've got something to say'. Alice had no idea that in the next two minutes her whole life was going to change. 'I'm sorry ', he said. 'And it's our anniversary, as well. But it's just that Kathy and I are in love. Bobby won't miss me, he's too young. She didn't believe her ears. She was in a dream. 'I'll get ready for the party',she said. She walked into the living room. When she returned, Henry was standing with his back to her, drinking his beer. She was carrying something heavy. He turned. 'What on earth....?' These were Henry Jackson's last words. His wife hit him over the head. At first he didn't move, then he fell to the floor. Suddenly Alice began to think very clearly . She took the ice statue back to the living room, and phoned the police. Then she turned up the central heating, and went upstairs to put on some make-up. The police came quickly. 'Is he all right?' she asked. 'He's dead'. Alice screamed. 'No, no, not Henry! My Henry! Oh Henry!' Through her tears she told how she put the baby to bed, and came downstairs to find Henry on the kitchen floor. 'Burglars', said Detective Parry. They took her into the living room. 'Sit down, Mrs Jackson. Sergeant Taylor, get Mrs Jason a drink. A brandy with some ice. Phew! it's hot in this room. I hope you understand, Mrs Jackson, that we have to search the house immediately. We must find the murder weapon.' The room was getting hotter. Suddenly an arm fell off the ice statue onto the table. It was melting. Sergeant Taylor went to the statue and picked up the melting arm. He broke it into bits and put some into Alice's brandy. 'Phew! Can i have a glass of water, Mrs Jackson? It's so hot in here.' 'I think we all need one,' said the detective. 'And with ice.' They were all very hot and thirsty. Alice's friends arrived. 'Poor Alice! Poor Henry!' They cried, and they tried to comfort her. 'Oh, thank you, thank you,' sobbed Alice. 'Please.... stay and have a drink. Help yourselves.' 'They all had drinks -gin and tonic, whiskey - and they all had ice. The statue was now nearly a pool of water on the floor. 'I wonder what the burglar hit him with,' said one guest. 'Who knows?' said another, taking a sip of her drink.Alice heard the conversation, and smiled into her brandy.
Кого го мрзи да ја прочита приказната, најбитното накратко: жената го удира мажот по главата со статуа направена од мраз, потоа се јавува во полиција и го влучува греењето на повисока температура за да се стопи статуата побрзо.

Е сега, лично, мислам дека грешка направила што дозволила полицијата да ја види статуата, иако полустопена. Но, ова истово сценарио, само со неколку промени: ја полни кадата со топла вода, го убива сопругот, ја става статуата во кадата, доаѓа полиција и женава тврди дека се релаксирала во када, со музика, па не слушнала ништо, и кога слегла долу ја чекало изненадување... Дали некој ќе се сети дека би можело обичен мраз да биде оружјето? Плус, никој не ја видел претходното статуата освен сопружниците, па нема кој да посведочи дека постоела. Оружјето го нема, отпечатоци само од нив двајца (нормално нели нивната куќа е), мотив наводно нема женава (за неверството ништо не знае, плус годишнина им е). Ќе се реши случајов? Како?

Добро сеа, Хорацио секако ќе најде нешто. :D (Плус и мислам дека имаше нешо вака слично со скулптура од мраз на ЦСИ.)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Хоуп*

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
После долго време одовлекување вчера седнав да го гледам филмот Мајки од Милчо Манчевски(три приказни во еден филм,од која третата е фактографска)...
го гледав некаде до половина,потоа до крајот прескокнував многу делови од што не можев да слушам и гледам за хоророт и мачењето на пензионирани жени од страна на новинарот Владо Таневски од Кичево(така се тврди и докажува но дали тоа е вистината?!) ...
Случајот е од 2008год,најверојатно и многумина се запознаени (мене искрено познато ми беше но ко кроз магла)
Не би го разкажувала сеа целото случување затоа што морници ме лазат од помислата.... која сака да го погледне го има цел филм на Y.Tube...
Не ми се верува до каде човек може да забега,ако е вистината дека нонинарот е убиец,како можел да живее таков живот,да убива и утредента да објавува за жртвите... Болен ум (facepalm)

А за гореспоменатитиот случај немам коментар, па уште била осудена 12 години затвор.За такви само доживотна затворска казна и ни муабет повеќе!