По што ќе ја паметам годинава која привршува како и моите планови за следната

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Што е она што ви ја одбележа оваа 2013 година? Дали оваа ќе биде година што ќе ја памтите?
Кои ви беа најблескавите моменти во неа, а кои најтажните?

Мене лично ми беше една од подобрите години во животов...
Ми се случија неколку убави работи, а морам да издвојам една која (е доста интимна па нема баш да ја поделам :)) ми го пренасочи животот во сосема друг правец...
Синчето изваде први запчиња, оваа година прооде, прозбори...:)
Downs за оваа година немав многу...Повеќето беа некои ситни работи на кои не вреди ни да се навраќам...а во овас година во категорија downs ќе издвојам уште едно големо разочарување во луѓето...Секогаш после секое разочарување си велам повеќе дефинитивно не им верувам на луѓето, но ете сепак успеваат некои персони да ми се пикнат под кожа и да стекнам доверба во нив, да им верувам и тоа многу, за после разочарувањето да биде уште поголемо..ама како и да е...
Во глобала мене ми беше убава оваа 2013 година :).
А вам?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Хоуп*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Споени се сите 3 теми да не испадне дупла. Тука може да пишувате за вашите планови и резолуции во годината која доаѓа.
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Најважно што сеуште сум овде и секое утро сум се будел... За ова треба да сме најсрекни, а срекните моменти ке доагаат се додека сме овде и ке ги има се доколку ние нема да ги посакаме.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Годинава што полека изминува беше убава за мене, се случија убави работи , интересни патувања, дружења многу, концерти и слично. Но најмногу ќе ја паметам по работата, успешен старт имав и на работно поле а и од аспект на семејниот живот. За 2014 година можам само да се надевам на добро здравје , мир и благосостојба на духот. За се друго ќе работам напорно. Сама себе си си посакувам малку повеќе трпение :). Воедно истото му го посакувам на сите добри луѓе.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Да секако... но ми звучиш на претеран идеалист кој има одлична филозофија, но дај малце упецај насмевка, среќа... барем пробај ;) зз
Напротив.
Голем реалист сум,повели насмевка :D
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Немаше пресвртници нит турбуленции, не доживеав еурека.
Сосема обични денови исполнети со насмевки, среќа, нервози, монотонија, убави ликови, дебати, сосема опуштени седенки, досадни попладниња, прегратки и галења, секс, несоници, листови со мојата налудничава поезија...
И во целиот тој круг на повторувачки дејствија, можеби вредни за спомнување би биле две работи:
-Моето вработување ( дека си поседов некој месец без работа)
-Симбиозата со природата и нирваната која ја доживеав летово на неколку дневното развивање селски туризам :D Можеби е тоа сосема небитна работа, ама за мене беше духовно прочистување и љубење со мама Природа.

Оваа година амбициите, плановите си ги ставив во втор план. Немав веројатно доволно воља за конкретни обиди за некои суштински промени. Можеби си се љубев доволно баш ваква каква што сум во сопствената кожа, а можеби и се уморив да бидам на постојан штрек за создавање на нештото. Кој знае...
Генерално ми беше убаво, си посветив доволно време сама на себе и на луѓето кои ненамерно или намерно ги дистанцирав со изговор дека имам обврски и сфатив дека изговори за било што секогаш ќе бидат најдостапна опција, ама и жалосен емотивен кредит кој суптилно наметнува тешки обврски.

Како и да е...
Следната година чинам повторно ќе се препуштам на спонтаноста, можеби се убави јасни и зацртани планови, ама уште поубави ми се мирните прошетки по душевното исполнување. На крајот, има време и прилика за се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and MoonFairy