По што ќе ја паметам годинава која привршува како и моите планови за следната

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Годинава најпрво ја памтам по добивањето на поклон на најсаканото милениче :sreken Запознав доста личности, исто така станав дел од овај форум :)
Некои разочарувања кои ме потсетиа повторно каков е вистина животот, дека не е се така розово, кои благодарение на тие станав уште по цврста личност и научив некои работи.
Оваа година ќе ја паметам многу по убавиот летен одмор, најубавуиот досега можам да го наречам, кој донесе доста драга личност во мојот живот.
По будењето на можеби едно ново скриено чуство во мене.
Леденоста во мене малку се стопи, иако уште постои. Неколку успеси на професионален план. Читање на доста убави книги кои ме исполниле. Ги согледав нештата малку поинаку баш сега пред самиот крај на годината и би почнала и јас да играм со поинакви карти.
Добра година беше, убава :) Се надевам дека следната година ќе ми биди подобра и поубава во секое поле од животот ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and Aleksis

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Една од најинтензивните во мојов живот. Прво по тоа што престанав да се дружам со другарката со која 10 години се дружевме , што значи конечно почнав луѓето кои ме туркаат назад наместо напред да ги истребувам. По првиот автомобил , оп најубавиот летен одмор на едно од налудите и најзабавни места во Европава, по мојот прв лет со авион,по запознавањето насега мојот најдобар другар кој ми влијае многу позитивно, по многуте дружења........
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
годинава ќе ја паметам по:
- неколкуте месеци што водев огромна борба и со која се изборив до крај, ама мушки :D
- што ја скратив косата,
- поминати прекрасни и незаборавни моменти како и убави ноќи со мојата љубов,
- се зближив со двајца другари, кои ми станаа како браќа :sreken
....а за следната: се надевам на некоja убава работичка да си најдам и се друго да биде добро, но и да останам среќна како сум што сега :)
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Не верувам во новогодишни резолуции.
Не верувам дека промената на еден датум, може да го промени карактерот на еден човек и преку ноќ да се исчеличи.
Како и да е, минатава година ќе ја паметам само по лоши работи. Најлошата година досега во мојов живот, се надевам дека нема да се повтори.
Ќе ја паметам по тоа колку здраво за готово си го сфаќаме здравјето. Ќе ја паметам по тоа исто колку здраво за готово си ги сфаќаме и родителите, мислејќи дека ќе живеат до 101 и назад. Од нареднава година, единствено се надевам дека ќе ја сменам работата, тоа ми е единствен приоритет моментално.
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
По факултетот, најмногу бев инволвиран во такви активности. За новата 2014 година планирам да патувам малку :) . Да почнам нов начин на живот, самостоен и во нова околина. Да си пружам самиот на себе шанса да станам нешто повеќе и да усепам во некое поле во кое ме бива, сакам да верувам дека оваа година ќе донесе ногу позитивни промени.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Годината е при крај и сигурен сум дека ви се случиле многу работи, било добри или лоши. На некого можеби ништо не му се случило, како на пример мене.

Желби кои сте ги посакале минатата година што ви се оствариле и оние што не, сите лоши и убави работи, што очекувате и посакувате во следната. Пишете си.

Не проверив дали има ваква тема. :)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мислам дека имаше ваква тема, ама нема врска...
Оваа година ќе ја паметам по неколку убави и некои не толку убави нешта...
Првиот одмор како семејство (значи и прв одмор на малиот ми ангел)..
Покачување на платата...(bravo)
Дејтот со смртта - струјниот удар...