Ама ти нема да ги отвориш, друг сигурно ќе ги отвори што го интересира темата.
Јас се трудам секогаш да напишам нешто и ако сметам дека мора соговорникот да читне и нешто друго (изворот) од каде ми е тоа, давам цитат и линк до целиот текст (ако е голем текстот).
Тебе ти смета било каков линк во пост или само моите?
Тоа не го разбрав никогаш.
Зборам за сите, јас не сакам мислење во кое главната содржина е линк кон некој текст. Јас со сигурност нема да го отворам и да го читам тоа. Ако сакам да читам некаде нешто, ќе читам. Замисли си дебата меѓу двајца кои се гледаат во очи. Дебатираат и едниот му вика „Ај сеа иди на овој сајт и прочитај таму што пишува“. Додека кога би му извадил некој цитат/извадок од таму и би го поткрепил своето мислење со тоа би изгледало многу покултурно, поприфатливо и појасно.