Феноменот - ѕвезда на социјалните мрежи

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Saladin
Јас не го наметнувам моето мислење за дарета и бетменчо и сличните ко нив. Јас сум се помачил да им прочитам по нешто и ми било ултра-досадно дур стигнам до пола нивни текст и не ги ни дочитав зашто ми се бесмислени глупости. Еве мене на пример не ми е пишувањето приоритет, тоа би значело дека се` дур не напишам нешто подобро од нив не смеам да кажам дека не вредат? Тоа е декаденција, ништо повеќе ништо помалку.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Saladin
Јас не го наметнувам моето мислење за дарета и бетменчо и сличните ко нив. Јас сум се помачил да им прочитам по нешто и ми било ултра-досадно дур стигнам до пола нивни текст и не ги ни дочитав зашто ми се бесмислени глупости. Еве мене на пример не ми е пишувањето приоритет, тоа би значело дека се` дур не напишам нешто подобро од нив не смеам да кажам дека не вредат? Тоа е декаденција, ништо повеќе ништо помалку.

Поентата е не е до тоа кој што и дали и како е посветен на книжевноста и пишаниот збор, туку начинот на кој критиката се поставува nowadays. Подобро е кога ќе видам нешто негативно ќе се игнорира колективно (синдромот на Боки13 во последно време) отколку да се разменуваат јарци, мајки, шајки по нетот. Ова второво посекако не води кон подобро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Само таквите фејсбук поетеси имаат моќ да спојат во една реченица "цедалка за сирење" и "хашиш" и нашиве искусни читатели и дубоки мислители да бараат метафора и длабоко значење у таквите глупи изрази. Рецимо:
-Жабата скокна од лист на лист.
И онда некој начитан ќе почне
"Скокот на жабата го претставува копнежот на писателот да ги скокне своите проблеми, од едно на друго место, бојата на жабата го претставува размислувањето на самиот писател, нели зелена, и уствари писателот е зелен и недозреан пошо наместо да се соочи тој ги прескокнува."

Oнда ги имаме фејсбук музичарите, со константни кавери на македонски "култни песни" oд Ареа, Брејк, Нокаут, Џамбазов и Селимова-Желчевски.
Што ме јаде уште повеќе е што многу од нив се навистина навежбани, уникатни, и талентирани, и наместо да вложат време во креирање авторски дела, они праат кавери на воглавно вообичаени, безвредни песни.

На крај се фејсбук лепотаните и лепотиците, што освен со своите прекрасни сурати, стомачни, цицни стомачни, трицепси и квадрицепси немаат со што да освојат. Од нив се очекуваат или слики од нив како вежбаат, или selfies со сепиа ефект, или кратки глупи тамблр мотивациони пораки, и оние мејнстрим песни што ги слушаме насекаде, ама само кај нив имаат 200+ лајкови.

Тоа е нашата лице-книга естрада.
 

Boyle

Истакнат Член
23 ноември 2013
25
12
103
За вкусови не се расправа. Јас го читам некогаш Бетмен,но не често ама си успеал дечкото. Дарко е вулгарен и тоа не ми се допаѓа иначе може да направи нешто. Дури имат публика,браво!
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
За вкусови не се расправа. Јас го читам некогаш Бетмен,но не често ама си успеал дечкото. Дарко е вулгарен и тоа не ми се допаѓа иначе може да направи нешто. Дури имат публика,браво!
Се дискутира за вкусови, секако дека се дискутира. Ама само дискусија, чисто пошо ретко кога некој сменил нечив зацртан став.
А тоа дека си успеал, супер, за мене ќе остане медиокритет. Ако има нешто добро у целава генерација, тоа е критичка маса. Не неоснован хејт, не плукање од досада, туку критичка маса, што може да посочи, образложи и дефинира.
И не ми се сфиѓа што толку го тапи со политика. Не е никаков Че Гевара, никаков револуционер, а да правиме подбив од нашата пропаст кога не можеме да направиме ништо подобро, не вреди. Барем мене не ми се допаѓа :)
 

Vlatkovski

Истакнат Член
6 декември 2013
12
8
103
46
Не ги пратам тројцата и не пројавувам интерес да ги пратам, немам твитер бидејќи сметам дека нема барем мене што да ми понуди како социјална мрежа. Апсолутно неатрактивно , мирцот да речеме иако е умрена работа каде каде беше по квалитетен за комуникација и споделување брејнсторминг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако постои живот.
Обичен глуп живот со троа мир,
И достоинство
И спокојна тишина
Нека намине некогаш до кај нас
Нека намине во Македонија
Вака е отприлика...

Мери зеде бугарски пасош.
А глас не ѝ се слушаше.
Никој не можеше во математика да се мери со неа.
Срна е во супермаркет на каса.
Се е*е за Ајфон или Блекбери во веце во дискотека.
Чат пат де, чат пат.
Јована е на црно во Америка – као Ворк ен травел преку лето и к*р назад.
дотолку успеав да прочитам, толку коментирам


Стварно еј, дур не го прочитав ова не знаев дека се дешавале вакви работи. Плус се спомнуваат полови органи и актови.:x Авангарда, светски неафирмирана ѕвезда.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Една форумџика беше/е ѕвезда на социјалниве мрежи.
Исто така и Охридската Северина.
Овие новиве од типот на Бетмен, белешки на некои моми не ги следам многу.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Бетмен е интелигентно момче, тоа е неоспорно. Само освен што во пар ситуации ме насмеала неговата иронија не го доживувам како ЕУРЕКА.
Типичен мрчатор, а како „ѕвезда“ од социјалните мрежи не се потрудил да направи нешто корисно нели, да проба да смени барем нешто минимално од целата таа листа на работи за кои константно негодува. Добро мустаќи за Мовембар пушти :unsure

Не знам дали го следите на Твитер Ничим Изазван, момакот е од Србија и еве баш пред некој ден организираше хумантирна акција да му се помогне на едно младо момче кое е маратонец а буквално живее во шупа, во бедни услови. И успеа, покрена иницијатива, се собра облека, храна, па дури и некој од Хрватска куќа му отстапил.
Сакам да кажам дека баш тие ѕвезди по социјалните мрежи кои дали ни се свиѓале или не имаат едно чудо следачи, можат да направат и нешто корисно, освен да проповедаат преку статуси. На крајот на сите ни е јасно и каква ни е државата и економската состојба и кој е за Русите кој за Американците, со лајкови револуција не се крева.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Хоуп*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Се напрегав да го дослушам. Ах бре Борјане и ти се изнамачи со Дарета. Овој ко пишувањето негово со ентери збори. Пола саат и ништо паметно не слушнав. Изгубен слуЌај со тапија.