Додека некој размислувал како жена на темава, јас ќе/и размислувам како маж
Мислам нема смисла, колку и да имало хемија, кој век да било и колку и да станале времињата различни.
Глупаво е и да си имаш мерка време, па ајде ќе заокружуваш календар до денот кога ќе му дадеш.
А ваљда има пред сексот некои побитни ствари како на пример прво да запознаеш со кого ќе спиеш?!
Па што би било после тоа...
Јас на пример се оптеретувам со ситници и не сакам утре ако во ваков случај останам со дечково да нема доверба, а ќе нема ако се работи за разумен дечко, пошто нормално е после тоа кога и да изгуби доверба за било што, мислите ќе му идат накај тоа дека во секој момент јас се тркалам со некој некаде.. Нормално и оправдано и не верувам дека некој би сакал таква врска.
Башка, за да стигнам до секс мене ми требаат јаки чувства, а дефинитивно дека не можам да оценам некој колку го сакам и зошто на прв состанок, па колку и да сум го гледала и знаела пред тоа. Друго е откако е со тебе, а мене ми се мн битни моментите...
Така да, јас лично не практикувам секс на прв состанок поради мене лично, поради некојаси натамошна подобра иднина (пошто нели не се иде со секој на состанок) ама не ни си давам временски рокови па да ги почитувам и чекам.
Што знам, ако иде, нека иде понатаму спонтано се..
На страна што мислам за моралните вредности на радодајките, па колку сакале биле заљубени и маѓепсани.