Постои слободата, само кога ќе "умре" човек е слободен и многумина се ослободиле,ама глас од нив нема да слушнеш како викаат "јас сум слободен".Добро зошто сте опседнати со таа смисла? Смисла на животот, смисла на постоењето, смисла на ова смисла на она... смисла на летањето на врабецот. Кажи ми каква е таа смисла на животот што зависи од нешто што ти го нарекуваш „слобода“?
А? И облик има? Пуст да бидам ете јас не гледам никакви слободи, уште помалку па облици да имале. Живееме за да бидеме слободни? Ова кажи го и ај тркни до овде ама остави си ги дома лични карти, пасоши, документи за идентификација, државјанства, изводи, визи, абе се` од документи зашто нема да ти се потребни, ти си слободна личност. Остави ги сите пари дома, остави го секое нешто што го „поседуваш“ и одречи се од се` што сега го нарекуваш „Мое“ и дојди преку неколку граници и јас ќе поверувам во сите тие муабети дека постои нешто што се вика слобода, па после заедно ќе одиме во планина и ќе завиваме „Јас сум слободееееен“ без да се јавиме во шумска полиција и да кажеме дека ние ќе одиме во некоја си планина. Важи?!
Но,тоа што може човек да ослободи,може и да го врзе,па слободен ли е или роб тој е господар и слуга на умот.
Затоа старите имаат една многу добра поговорка "Рани куче да те лае"