Слобода е...

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако утре дур си се возиш со точакот низ град те заробат некои лоши чичковци и те чуваат во ланци по подруми, исто слободата нема да има никакво значење, а ни состојбата во која си сега и во која ќе бидеш во тој момент ќе биде без особена разлика?
Пример де :zelen

Значи "слобода" е кога некои чичковци не те чуваат со ланци по подруми? зомг!!!
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com

Зашто секогаш одиш контра? И на други теми те имам приметено. Во ред е да не веруваш во слободата но не е во ред и нас да не убедуваш во тоа. Сигурно тврдиш во нешто во што не веруваш, како? Нели не веруваш. Тешко е да докажеш дека нешто постои да но многу потешко е да докажеш дека нешто не постои.
Ако за тебе не постои слободата во ред е не може секој да се чувствува слободен ти очигледно си заробен во некој твој свет каде што се е црно и само црно затоа и не веруваш најверојатно.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Зашто секогаш одиш контра? И на други теми те имам приметено. Во ред е да не веруваш во слободата но не е во ред и нас да не убедуваш во тоа. Сигурно тврдиш во нешто во што не веруваш, како? Нели не веруваш. Тешко е да докажеш дека нешто постои да но многу потешко е да докажеш дека нешто не постои.
Ако за тебе не постои слободата во ред е не може секој да се чувствува слободен ти очигледно си заробен во некој твој свет каде што се е црно и само црно затоа и не веруваш најверојатно.

Ма кого бре убедуваам. Јас убаво пишав дека за мене не постои такво нешто. Вие ако сакате и прогласете се за најслободни јас немам ништо против. Вие ме убедувате дека постои такво нешто. Те молам изостави ме од твоите анализирања, нема потреба да го анализираш мојот свет.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ма кого бре убедуваам. Јас убаво пишав дека за мене не постои такво нешто. Вие ако сакате и прогласете се за најслободни јас немам ништо против. Вие ме убедувате дека постои такво нешто. Те молам изостави ме од твоите анализирања, нема потреба да го анализираш мојот свет.
Ај нема да го анализирам ама како што си го почнал не е на арно.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Повеќе би рекол дека дојде времето на Хаксли - станавме презатрупани со тривијалноста и беспотребните факти кои медиумите (печатени и електронски) како и пропагирањето на еден вид на потрошувачко-консумерско општество, не` направи да го загубиме чусвстово на вистинските нешта. Станавме егоситични, премногу наметливи на своето мислење над туѓото, своите цели над целите кои би придонеле повеќе за просперитет на општеството. Станавме ликови на моменталните чувства, наместо да бидеме повеќе сочувствителни во околината во која живееме.

Орвел и Хаксли биле другарчиња извесно време, постои и нивна преписка околу дистописките концепти кои ги спротиставувале еден на друг. :kafe

Но сепак губењето на самата можност за дефинирање на сопствената слобода се појавува во 1984 иако е пишувана нешто подоцна од Храбриот нов свет.
И двете дела се доведување на одреден концепт до крајност, своевиден апсурд но за денешниот свет може да се каже дека е нешто измеѓу овие два модели, имајќи ги предвид можностите за орвеловска контрола и хакслиевскиот социјален инженеринг.
Големиот Брат е веќе тука, сето она кое ќе го напишеме на нет или измуабетиме на телефон е достапно во секој момент to the powers to be, патување, контакти со луѓе, интереси и постапки - сето тоа е достапно, нема приватност, нема спас, камери на секој чекор, surveillance state, новите афери со НСА која ги прислушкува скоро сите највисоки инстанци на власт во сите земји на планетата се само уште еден доказ, репресивниот апарат е здрав и жив и секоја година со све поголеми буџети, луѓе сеуште исчезнуваат без трага или се `самоубиваат`... што носи вода на воденицата на Орвел.

Од друга страна безумниот конзумеризам, сексуалниот норматив на невиден промискуитет и хиперсексуализација, 1001 начин за ескапизам, кинењето на традиционалните семејни односи, образованието и медиумите - сето тоа носи вода на воденицата на Хаксли.

Фали уште дрогата Сома...:)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Сомата можеби би ја опишал како хранењето на его виа социјалниве мрежи.
Иако целосно се сложувам со постот погоре може да додадам уште тоа дека и во Хакслиевото општество итекако постои мониторинг, уште од најмалите години преку хипнопедијата. Значи Орвел и Хаксли иако имаат спротивставени описи на третман во формирање на општеството, сепак општеството постанува истото, глуво на право на избор на разновидноста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Could be... ако се земе во предвид виртуелизацијата на социјалните интеракции, може да се каже дека нетот забегува накај Сома, инстант гратификација на желби, иако ограничено на нули и единици.
Хипнопедијата беше тука за подоцна да нема потреба од камери и микрофони, ок имаше резервати каде постоеа `неприлагодените`, беневолентен начин за решавање на проблем пред и тој да се појави, како што му објаснуваше Мустафа на `дивјакот`.
А во 1984 постоеа фудбал и филмови, бегство од реалноста но за широките маси, Смит не беше дел од масите туку од партијата, затоа беше лишен од некои поситни `задоволства`.

Тука е и географијата, С.Кореја, С.Арабија, Бурма, Кина.... пред се тоа се` орвелијански режими, со малку хакслиевски зачин. (или ич како С.Кореја)
САД е хакслиевски режим со малку орвелијански зачин.
Каде е тука Балканот.....? Којзнае...
 
Зачинот во САД е НСА.
Ние сме оние резерватине или во орвеловото општество попознато како proles.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Можеби сепак е се` до енергијата, енергетски зависна раја е зависна од провајдерот на истата, што повеќе зависност тоа помалку слобода да се прави избор и да се располага со своето време, што повеќе `потреби` тоа повеќе жртвување на времето од својот живот на работа за да се дојде до средства за да се задоволи `потребата` а потреби никнуваат како печурки по дожд...

Секако, ова важи за неверниците, верниците немаат мака, ионака ќе се слободни во рајот засекогаш...:)
Perhaps one needs to stop and ask one self what one values in life...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin